Забава
Откриено е што сè правел измамникот од „Тиндер“
Една недела по објавувањето на документарниот филм The Tinder Swindler, се чини дека целиот свет е опседнат со Сајмон Левиев, или Шимон Хајат, како што е неговото вистинско име.
Иако документарецот на „Нетфликс“ во некои детали го прикажува животот на човекот кој доведе три жени на работ на очајот, сепак има некои работи што се случиле, а кои не се појавуваат во филмот.
Една од нив се случи во последните седум дена. Глобалната онлајн платформа за запознавање „Тиндер“, која всушност му даде крилја на Хајат, реши да му забрани пристап по излегувањето на филмот.
„Спроведовме детална внатрешна истрага и можеме да потврдиме дека Сајмон Левиев повеќе не е активен на Tinder под ниту еден од добро познатите псевдоними што ги користел досега“, пренесува „Вараети“ соопштение на платформата.
Два дена по излегувањето на документарецот, Хајат објави на Инстаграм дека сега е подготвен да ја каже својата страна од приказната. Иако бројот на неговите следачи незапирливо порасна, во моментов нема повеќе негови профили на таа платформа.
Вистинскиот крал на дијамантите, Лев Левиев, наводно го пријавил Хајат во израелската полиција за измама. Милионерот воопшто не е задоволен што тој се претставувал како негов син. Вистинската фирма Левиев, LLD Diamonds, исто така се дистанцира од сè што правел Хајат.
„Ние сочувствуваме со неговите жртви. Неговата измама предизвика заблуда за LLD Diamonds. Ништо од тоа што кажа за нас и за другите работи не е вистина“, изјавија од компанијата за медиумите.
Хајат претходно ги отфрли сите обвиненија. „Имам право да изберам име што го сакам. Никогаш не се преправав дека сум нечиј син, но некои мислеа дека сум. Можеби сум им го скршил срцето, но никогаш од никого не сум зел ни денар. Тие жени уживаа во моето друштво, патуваа и го видов светот на моја сметка“, тврди тој.

Хајат беше осуден во Израел во 2019 година, но тоа нема врска со дејствијата од документарецот, туку со обвинувањата од 2011 година. Со текот на годините тој бил баран во Израел, Англија, Данска, Германија, Шведска и Норвешка.
Иако осуден на 15 месеци затвор, одлежал само пет. Бил ослободен порано како дел од програмата за намалување на бројот затвореници поради пандемијата. Во документарецот не се спомнува таа причина, туку дека е ослободен поради добро однесување.
Документарниот филм на „Нетфликс“, The Tinder Swindler, следи вистинска приказна на три жени, жртви на измама на Израелецот Шимон, кој на „Тиндер“ лажно се претставувал како милијардер Сајмон Левиев.

Тој, наводно, со измами успеал да земе околу 10 милиони долари од наивни жени кои ја барале сродната душа на платформата за запознавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

