Економија
Трипуновски: Власта ги намалува субвенциите за земјоделците
Власта со новата програма за директни плаќања во земјоделството крати повеќе од 40 милиони евра, и во ек на криза земјоделците и оваа година ќе бидат оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат и умеат, рече на прес-конференција, Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ
Тој образложи дека со новата програма за директи плаќања во земјоделството власта предвидува само 58 милиони евра, наспроти ветените 100 милиони евра.
„Во програмата за директни плаќања за 2022 година која што е објавена во Службен весник на Република Македонија и во мерката 1, каде што се предвидуваат директните плаќања за растително производство 2 милијарди денари. 2милијарди денари се во вкупен износ во 32,5 милиони евра. За да разберат сите за какво кратење станува збор ќе се обидам со еден пример да ја доловам ситуацијата. Ако ја земеме најголемата категорија на земјоделци во Република Македонија тоа се тутунарите, кои што и покрај лошите политики на министерството во овој сегмент, оваа година реколттата ќе тежи некаде околу 18 милиони килограми, помножено со сумата со која што треба да ја добијат како субвенција добиваме сума од 20 милиони евра. Значи од вкупно предвидената сума 32,5 милиони евра, кога ќе ги одземеме тутунарите добиваме сума односно разлика од 12,5 милиони евра.
Замислете почитувани со 12,5 милиони евра во Република Македонија за 2022 година треба да бидат покриени поледелски култури, градинарството, овоштарството, лозарството, и сите под мерки кои што ги предвидува министерството.
Во мерката 2 директни плаќања во сточарството, владата предвидува мизерни 3 милиони евра субвенции за оваа категорија на земјоделци. Пластично со еден пример ќе ви доловам во каква ситуација планираат да го доведат сточарското производство власта предводена од СДСМ.
Во табелата каде што стои за одгледувачите на овци, во новата програма министерството предвидува намалување за 300 денари за сите одгледувачи на овци затоа што минатата програма беше 1300 денари по грло, а сега е 1000 денари. Во новата програма исто така се врши кратење од 300 денари за задржано женско јагне каде што сега субвенцијата изнесува 700 денари, а минатата година беше 1000 денари, а сега е 700. Помножено со вкупниот број на овци и јагниња кои што се одгледуваат во државата добиваме сума од 3,5 милиони евра кратење во овој сегмент. Манипулацијата на власта за да ги изманипулира сточарите воведува нова мерка каде што ќе дава по 400 денари за заклано јагне во кланички капацитет и помножено со сумата која што од прилика Република Македонија ја има со заклани јагниња, се добива дека министерството ќе импутира 1 милион евра во овој сегмент. Разликата од кратењето од 3,5 милиони евра, со импутот од 1 милион евра, добиваме разлика односно кратење од 2,5 милиони евра.
Тоа значи дека сите сточарски гранки во Македонија вклучувајќи го свињарството, говедарството, живинарството, производителите на млеко и месо нема да можат да добијат субвенции во наредната 2022 година.
Во интерес на времето, сите под мерки кои што ги има во програмата би се задржал само за крај во делот на мерката 11 а тоа е за останатите обврски од претходните години.
Практично со оваа мерка власта признава дека она за кое што ВМРО-ДПМНЕ постојано апелира и кажува дека субвенциите не се исплаќаат на времено и доцнат, оваа мерка со 16 милиони евра предвидени средства практично е признание на власта дека имаме неисплатени субвенции од претходни години“, рече Трипуновски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонско возило привлече внимание на улиците на Будимпшета: GREEN MACHINES чисти снег кај будимската тврдина
Деновиве, возило на Green Machines на БРАКО – Велес, привлече внимание на улиците на Будимпешта, додека ја чистеше од снег Будимската тврдина, едно од најзначајните културно-историски обележја на унгарската престолнина.
Иако по димензии е значително помало во споредба со класичните камиони за чистење снег, Green Machines возилото се покажа како исклучително ефикасно токму таму каде што големата механизација има ограничен пристап – на пешачки зони, патеки и тешко достапни делови, особено во културно заштитените подрачја и објекти.
Додека тешките машини се користат за расчистување на главните сообраќајници, возилото произведено во БРАКО обезбедува прецизно и безбедно одржување на јавната хигиена и зимската проодност во чувствителни урбани средини, каде што се бара внимателен пристап и современа технологија.
Истото возило кое во текот на годината ја одржува чистотата на градските улици, паркови и плоштади, во зимски услови успешно се користи и за чистење снег, што уште еднаш ја потврдува универзалноста и мултифункционалноста на возилата на Green Machines на БРАКО.
Фактот што вакво македонско индустриско решение е ангажирано во една европска метропола како Будимпешта претставува силна потврда дека нашите возила не само што се извезуваат, туку и се избираат за работа во најсложени и најчувствителни услови – од секојдневна урбана хигиена до зимско одржување, во повеќе од 60 држави низ светот.
(ПР)
Економија
Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти
Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец.
Во споредба со истиот месец од минатата година, цените се повисоки за 3,4 проценти, сопшти Државниот завод за статистика.
На годишно ниво, односно во 2025 година во однос на 2024 година, цените на угостителските услуги се зголемени за 4,8 проценти.
Во јануари 2026 година, во однос на декември 2025 година, цените по групи се зголемени за: 0,3 проценти кај храна, 0,2 проценти кај алкохолни пијалаци. Кај групите Безалкохолни пијалаци и ноќевања не се забележани промени на цените.
Економија
Македонија добива можност да учи AI од Google, Microsoft, Amazon и IBM
AIatWork од денес овозможува 14-дневен целосно бесплатен пристап до својата платформа, со цел вештачката интелигенција да стане разбирлива, применлива и достапна за поширок круг корисници во Македонија.
Со бесплатниот 14-дневен пристап, корисниците добиваат можност практично да ја испробаат платформата и да користат водечки AI модели како ChatGPT, Gemini и Claude, над 50 практични AI алатки за пишување, анализа, дизајн и автоматизација, како и онлајн курсеви во живо, водени од AI практичари со искуство во глобални технолошки гиганти како Google, Microsoft, IBM и други.

Во Македонија вештачката интелигенција сè уште често се доживува како нешто нејасно и тешко совладливо за луѓето без ИТ позадина. Исто така AI често се поистоветува со една алатка, наместо да се разбере како поширок сет на практични решенија што веќе се користат во секојдневната работа низ светот. Голем дел од популацијата би сакала да знае да користи AI, но не знае кои алатки се навистина релевантни и како AI реално може да им помогне во работата.
Токму тука AIatWork се појавува како практичен одговор, нудејќи јасна насока за практична употреба на AI во секојдневната работа.
Во видеото што е дел од објавата, тимот на AIatWork објаснува дека изминатите месеци биле посветени на унапредување на корисничкото искуство и поддршката на платформата, со јасна цел: секој нов корисник уште од првиот момент да знае точно од каде да започне со изучување на вештините и алатките на иднината.
Само овој месец, на платформата се одржуваат 12 активни AI курсеви, во соработка со експерти и компании како Boeing, Google и Salesforce.
Во време кога AI станува составен дел од работата ширум светот, за земји како Македонија таа претставува можност за побрза дигитална трансформација и зголемена конкурентност. Бесплатниот пристап им овозможува на корисниците самите да проверат како AI може да им помогне во секојдневната работа, без ризик и без обврска.
Прашањето повеќе не е дали AI ќе стане дел од работата, туку дали ќе бидете подготвени кога тоа ќе се случи.
Пробајте AIatWork бесплатно – 14 дена, без обврска.
(ПР)

