Економија
Тренчевска: Мартовска плата од 18.000 денари за 80.000 наши сограѓани и финансиска поддршка за работодавачите
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ја посети модната конфекција „Милано“, во Штип, семеен бизнис започнат во 1996 година, кој денес го води втората генерација од ова семејство.
Дел од вработените на конфекцијата „Милано“, земаат минимална плата и посетата беше можност да се поразговара и со работодавачите и работниците за измените на Законот за минимална плата, кој предвидува зголемување на минималната плата од 18.000 денари и промена во критериумите.
„Како Влада цврсто стоиме на ставот дека трудот на работникот мора да се почитува и вреднува. Затоа што само задоволен работник е продуктивен работник. Ме радува тоа што на ова прашање сме на исти став со работодавачите. Затоа што продуктивноста на работникот, директно влијае на целокупната продуктивност на компанијата. Кога се отвори прашањето за зголемувањето на минималната плата, ставот на сите социјални партнери беше единствен. Дека минималната плата треба да се зголеми,“ рече министерката Тренчевска.
Таа истакна дека 80.000 граѓани, на 1 април ќе земат мартовска плата од најмалку 18.000 денари што е во просек за 45 евра повеќе приход за секој работник. Како и дека разликата во придонесите во однос на зголемениот дел на нето минималната плата, државата дава финансиска поддршка до крајот на оваа година.
Со минимална плата на висина од 18.000 денари, рече Тренчевска, за само 4 и пол години имаме двојно зголемување.
„Грижата за граѓаните е наш приоритет. Покрај растот на платите, веќе обезбедуваме субвенции за околу 130.000 граѓани кои веќе земаат повисоки плати во своите фирми, преку покривање на придонесите – за таа намена издвојуваме 48 милиони евра годишно,“ истакна Тренчевска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)