Забава
Еминем клекна на колено по настапот на полувремето на „Супербоул“
Снуп Дог и Др Дре се обединија за California Love, ненајавениот гостин Фифти Сент висеше наопаку, а раперот Еминем клекна на едно колено откога ја испеа својата песна на енергичното шоу на полувремето на „Супербоул“, што се одржа во неделата (13 февруари) на стадионот SoFi надвор од Лос Анџелес.
Поставата преполна со хип-хоп пејачи, меѓу кои и аренби-ѕвездата Мери Џеј Блајџ и раперот Кендрик Ламар, го стави хип-хопот во фокусот на екстраваганцијата на полувремето, шоу што привлекува врвни светски музички изведувачи.
Еминем го заврши својот хит Lose Yourself така што клекна и ја стави главата во раката, гест што поранешниот бек Колин Каперник го направи додека се интонира американската химна на НФЛ-натпревар како повик за расна правда.
Каперник не играл од сезоната 2016 бидејќи ниту еден тим од националната фудбалска лига (НФЛ) не го ангажира откако почна да седи на интонирање на химната.
Порталот Puck објави претходно во неделата дека НФЛ му кажала на Еминем да не клекнува за време на настапот. Портпаролот на НФЛ не одговори веднаш на барањето за коментар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
(Видео) Роботот куче им помага на англиските фармери да станат попрофитабилни
Кучињата роботи би можеле да им помогнат на фармерите побрзо да го проценат здравјето на почвата, се надеваат научниците кои спроведуваат технолошки експеримент во Корнвол.
Уредот, развиен од компанија од Корнвол, користи детектор за гама зраци за да го процени квалитетот на почвата.
Фармерот Малколм Барет, земјоделец-закупец од близина на Бодмин, работи со научниците од Универзитетот Плимут, кои користат детектор за гама зраци поставен на роботско куче за да го мапираат здравјето на почвата во неговите полиња.
🤖 How can technology help farmers in the future?
At Catherine & Malcolm Barrett's #FarmNetZero #fieldlab, they're teaming up with @uniplymouth to test out new 'robot dog' soil sensor technology that could give them fast & thorough insights into the health of their soils pic.twitter.com/CCMnTtuOtQ
— Innovative Farmers (@IFarmers) November 12, 2024
Тој рече дека се надева дека технологијата, која е побрза и поефикасна од конвенционалната анализа, би можела да ги направи фармите попрофитабилни со намалување на употребата на вештачки адитиви, доколку се откријат.
Кучињата роботи може да се користат и за пристап до тешко достапни места како ридови и жива ограда.
Кучето робот беше развиено од Џејк Шо-Саттон, поранешен студент на Универзитетот Плимут и ко-основач на компанијата за роботика Роботрикс.
„Нашиот најнов експеримент се фокусира на почвата, бидејќи често е недоволно истражена, а тоа влијае на се околу неа. Кучињата роботи можат да бидат корисни и за истражување на тешко достапни места како што се ридови и жива ограда. Неговата максимална брзина е 5 метри во секунда, а тежи околу 15 килограми. Клучна предност на овој робот е тоа што, благодарение на неговите нозе, може да се движи по многу непристапен терен и тешки површини“, рече Шо-Саттон.
Забава
„Минатата година и беше најтешка“: Никол Кидман планира да се исели од САД
Познатата актерка Никол Кидман (57) и нејзиниот сопруг, кантри пејачот Кит Урбан (57) наводно размислуваат да се вратат во Австралија по исклучително тешката година за нив. Никол годинава се соочи со голема загуба по смртта на нејзината мајка.
Организацијата на погребот во Сиднеј и била уште потешка поради интензивниот деловен распоред.
Семејството и пријателите се загрижени за нејзиното здравје, плашејќи се дека може да „изгори“ од преоптоварување. Според извор близок до парот, Никол и Кит сериозно размислуваат да се преселат во Австралија за да најдат потивок начин на живот.
„Минатата година беше најтешката во нивните животи. Тие едвај имаа шанса да поминуваат време заедно, а Никол беше сама во некои од најтешките периоди од нејзиниот живот“, изјави извор за Woman’s Day. Тој додаде дека нејзиното семејство се прашува уште колку може да издржи такво темпо.
Кит Урбан размислува да се повлече од турнеите за да биде со својата сопруга. Неговата серија од 10 концерти во Лас Вегас треба да заврши во февруари.
Забава
Канје Вест обвинет за сексуална злоупотреба: „Ја давеше, таа се онесвести“
Раперот Канје Вест, се соочува со нови обвинувања. Џен Ен, модел од шоуто America’s Next Top Model, го обвини за сексуална злоупотреба за време на снимањето на спот.
Според медиумите, инцидентот се случил во 2010 година во хотелот Челзи во Њујорк. На снимката Вест наводно им наредил на актерките да се наредат во ходникот, а потоа го вперил прстот кон Ен и им рекол „да му ја дадат оваа девојка од Азија“.
🚨 Kanye West is being sued by ANTM alum Jenn An for alleged assault during a 2010 music video shoot, including choking and gagging. Universal Music also named for ignoring his alleged conduct.
Source: People pic.twitter.com/J3HPc6TcrF
— Nekole (@NekoleUnknown) November 24, 2024
Во својата тужба, Ен наведува дека и било наредено да седне на стол, по што Вест почнал да ја малтретира. „Ова е уметност. Јас сум како Пикасо“, наводно викнал, ставајќи ја раката околу нејзиниот врат.
„Потоа и ја ставил другата рака околу вратот и продолжил да ја дави, симулирајќи орален секс“, се наведува во тужбата.
Kanye West allegedly choked a model and subjected her to “pornographic gagging” as she gasped for air on the set of a La Roux music video being filmed at Manhattan’s Chelsea Hotel in 2010, a new lawsuit claims
More: https://t.co/DiYX0pPdW4https://t.co/DiYX0pPdW4
— Rolling Stone (@RollingStone) November 23, 2024
Манекенката накратко се онесвестила поради недостаток на воздух, а лицето потоа и било покриено со плунка. Обвинението ги опишува постапките на Вест како „порнографско давење“.
Според обвинението, се се случило на снимањето на спотот за песната In For The Kill, која Вест ја сними со поп дуото La Roux. Во финалниот спот го нема ниту Вест, ниту Ен.