Македонија
(Видео) Шутаров: Сѐ уште нема 250 нови автобуси, ниту бесплатен јавен превоз
„Очигледно е дека нема да видиме нови 250 автобуси на скопските улици, како што слушнавме ветувања во предизборната кампања на градоначалничката од редовите на ДПМНЕ, Данела Арсовска“, изјави Гордан Шутаров, генерален секретар на СДСМ и советник во Советот на Град Скопје.
Тој додава дека скопјани очекуваат и бараат ефикасен јавен превоз, очекуваат брзи и сигурни решенија за модерно Скопје. Во буџетот за 2022 година не се предвидени пари за набавка на 250 нови еколошки автобуси, напротив, ЈСП пушта во употреба стари и дотраени автобуси, кои претходно беа повлечени од употреба, без соодветно греење и основни хигиенски услови.
„Постапката за набавка на нови автобуси трае најмалку една и пол година, со оглед на тоа дека првин се распишува тендер за избор на најповолен понудувач, што трае неколку месеци, а потоа до една година е рокот за испорака на возилата, со што станува очигледно дека граѓаните на град Скопје нема да се возат во нови 250 еколошки автобуси и во 2023 година“, изјави Шутаров.
Шутаров потсети дека Арсовска во кампањата, покрај новите 250 еколошки автобуси, вети и бесплатен превоз за сите граѓани, но, за жал, и за оваа мерка не се предвидени пари во буџетот за 2022 година ниту, пак, ќе бидат предвидени во буџетот за 2023 година.
Советничка група на СДСМ во Град Скопје уште еднаш апелира да се продолжи тендерската постапка за избор на изведувач што ќе го реализира проектот „Бас рапид транзит“, проект во соработка со партнерите од Европската банка за обнова и развој, на кој се работеше речиси 2 години, што резултира со потпишување договор со Европската банка за обнова и развој за наменско кредитирање во износ од 70 милиони евра. Овие средства не може да се пренаменат за набавка на нови 250 еколошки автобуси како што планира градоначалничката Арсовска.
Од СДСМ се надеваат дека градоначалничката Арсовска ќе ја препознае развојната компонента на овој проект, но и на сите проекти што беа стопирани, а бенефитите ќе ги користат сите скопјани бидејќи на градот Скопје му треба континуиран и планиран развој и му треба долгорочна стратегија, која нема да биде предмет на партиско-политички интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

