Македонија
Мицкоски: Дотациите кон општините се екстремно намалени во однос на претходните години кога повеќето градоначалници беа од СДСМ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при денешната изјава од Кавадарци, одговарајќи на новинарско прашање во однос на вчерашниот отчет за сработеното на општинско ниво, истакна дека и покрај тешката и предизвикувачка година, покрај енергетската и економската криза, дотациите кон општините се намалени.
„Па погледајте ги трансферите и дотациите што оваа власт ги прави во изминатите четири години пред оваа 2022 година, ќе видите дека секоја година, почнувајќи од 2018, 2019, следствено 2020, 2021, имаме зголемување на дотациите, дури и во една година тие се 34 милиони евра поголеми од претходната. Но, тогаш, нели, мнозинството градоначалници беа од редовите на СДСМ и тогаш тие ценеа дека треба дотациите да бидат поголеми. Но, ако ја споредите бројката од 2021 и 2022, и покрај тоа што буџетот е зголемен, екстремно зголемен, арачот на народот и на бизнисот екстра зголемен, дотациите се намалени од 316 на 312 милиони евра кон општините и покрај тоа што знаеја дека имаме енергетска криза, покрај тоа што знаеја дека имаме економска криза и покрај тоа што знаеја дека ова ќе биде една навистина тешка и предизвикувачка година“, истакна Мицкоски.
Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и власта не водат грижа за граѓаните.
„Дајте да седнеме и да зборуваме за иднината, немојте да бидете заглавени во минатото, поделбите завршија, ние сакаме да рефлектираме една енергија на обединување кога станува збор за националните интереси, ние може да се разликуваме во економските, образовните, здравствените, земјоделските политики, да, тука се разликуваме, но кога станува збор за националниот интерес, еднаш очекуваме од СДСМ да застане и да ги поддржи политиките на обединување. Прв чекор, еве, нудиме подадена рака, поддржете ја декларација за титанот, за великанот Ѓорѓи Делчев, човекот што треба да нè обедини“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

