Забава
„Гардијан“: Inventing Anna – брилијантно раскажана модерна сапуница
Драматизацијата на „Нетфликс“ на вистинската животна приказна за лажната германска наследничка Ана Делви е брза, повеќеслојна и весела. А осарковата Џулија Гарнер е хипнотизирачка – не можете да го тргнете погледот од неа, пишува британски „Гардијан“ осврнувајќи се на новата серија Inventing Anna.
„Кој, од безбедна далечина, не сака преварант? Особено ако измамата е од големи размери и ако не ја осмислила девојка како Ана Делви – родена Ана Сорокин.“
„Таа извлече стотици илјади долари од њујоршката елита измамена од нејзината сталоженост, импресионирана од нејзините врски и неспособна да замисли дека секој што знае какво вино да порача не може да биде сè што таа тврдеше дека е“.
Оваа серија од девет епизоди го прикажува животот на њујоршката социјалистка Ана Сорокин, позната и како Ана Делви, која себеси се претставувала како богата наследничка од Европа. Inventing Anna детаљно опишува како младата русокоса со необичен акцент успеала да измами личности од „Волстрит“ и од високото општество.
Инспирирана од написот на Џесика Преслер во „Њујорк магазин“ за лажната наследничка, серијата ја следи новинарката Вивијан Кент додека го истражува животот на Делви по нејзиното апсење по 10 точки од обвинението за голема кражба.
Новинарката бара разни банкари, хотелиери, агенти за недвижности, социјалисти и љубители на модата, кои биле вовлечени во орбитата на Ана, но ѝ приоѓа и на самата мистериозна жена (што ја игра непрепознатливата Џулија Гарнер) зад решетки во „Рикерс ајланд“, главниот затворски комплекс во Њујорк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Ева Мендес за семејството и животот во 50-тите: Вака не го замислував мојот пат
Иaкo никогаш не го замислувала својот живот на 50 години, Ева Мендес живее во свој ритам – и не може да биде посреќна. „Не подлегнувам на притисокот на општеството. Што сакам да правам, правам“, вели актерката, која ги има ќерките Есмералда Амада (9) и Амада Ли (8) со Рајан Гослинг.
“Сигурно не мислев дека ќе имам деца и ќе бидам дома. Затоа, многу сум среќна што одреден маж влезе во мојот живот и ме натера да се предомислам за сите тие работи”, рекла таа. Пред 10 години таа ја напушти актерската кариера за да се фокусира на своите деца.
Таа вели дека тоа била „најлесната одлука“ што ја донела. „Кога забременив на 40-годишна возраст, беше страшно за другите. И кога повторно забременив на 42-годишна возраст, луѓето ми велеа: „О Боже мој, ќе бидеш толку уморна“, откри таа.
„Тоа е најглупавата работа што сум ја слушнала. Патем, потребно е само малку повеќе трпение. Мислам дека не бев подготвена за тоа во моите 20-ти, пиев и пушев. Дефинитивно не можев да подигнам деца во кое било друго време од мојот живот освен сега“, додава таа.
Една од најубавите жени на светот истакна дека е „среќна што се отишло во тој правец“.
Инаку, Мендес нема снимено ништо откако стана мајка. Нејзината последна улога беше во 2014 година. Покрај нејзината актерска кариера, таа е портпарол на голема козметичка компанија, модел и креативен директор на брендот за шминка „CIRCA Beauty“.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.