Свет
Украина не предвидува дека Русија ќе почне голема офанзива на 16 февруари
Украина не предвидува дека Русија ќе изврши напад од големи размери врз земјата, изјави во понеделникот секретарот на Националниот совет за одбрана и безбедност.
Олексеј Данилов за украинските медиуми изјави дека се свесни за развојот на настаните и ризиците на нивната територија.
Истакнувајќи дека ситуацијата е целосно под контрола, Данилов рече дека не предвидуваат напад од поголеми размери од Русија на 16 или 17 февруари.
Сепак, тој нагласи дека и Украина е подготвена за каков било напад истакнувајќи дека руската страна може да изврши провокации.
Американскиот претседател Џо Бајден претходно ги информира западните лидери дека Русија би можела да ја нападне Украина на 16 февруари.
Тензиите меѓу Русија, Украина и Западот ескалираа во текот на викендот по трврдењето на западните медиуми дека Москва би можела да изврши напад врз Украина в среда.
Украина и Русија се во конфликт по избувнувањето на непријателствата во источниот украински регион Донбас во 2014 година откога Москва илегално го анектира полуостровот Крим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Маж бил прогласен за мртов во Индија, се разбудил кога требало да го кремираат
Дваесет и петгодишен маж, кој бил прогласен за мртов оваа недела во Индија, се разбудил во пресрет на неговото кремирање, пишува „Фокс њуз“.
Рохиташ Кумар (25), кој е глув, бил прогласен за мртов во болница во државата Раџастан во северозападна Индија без обдукција.
Откако станало јасно дека Кумар е жив пред кремирањето во четвртокот попладне, семејството го вратило во болница, каде што починал во петокот рано наутро.
Тројцата лекари кои прогласиле мртов Кумар во болницата Багван Дас Кетан се суспендирани, објави весникот.
Според Дејли Мејл, кој се повикува на агенцијата АФП, Кумар доживеал епилептичен напад. Лекарите се обиделе да го оживеат, но откриле срцева слабост.
„Ситуацијата не е далеку од чудо“, изјави сведок од погребот за локалниот медиум ЕТВ Бхарат.
„Сите бевме во шок. Тој беше прогласен за мртов, а таму дишеше и беше жив“, додаде тој.
Рамавтар Меена, владин функционер во областа Џунџуну во Раџастан, го нарече инцидентот „грубо невнимание“.
„Ќе преземеме мерки против одговорните. Детално ќе се истражат и методите на работа на лекарот“, рече тој, додавајќи дека специјална комисија ќе го испита случајот.
Свет
Хезболах истрела 150 ракети кон Израел
Низ Израел се огласија сирените, по што следеа неколку ракетни напади од правец на Либан, во кои беа ранети неколку лица, соопшти израелската армија.
Проиранската милиција Хезболах истрела приближно 150 ракети, принудувајќи ги цивилите во засолништата во централниот и северниот дел на Израел, вклучувајќи го и Тел Авив.
Војската објави дека за само неколку минути биле истрелани околу 30 проектили кон крајбрежниот град Хаифа и западната Галилеја, но некои од нив биле пресретнати. Во нападите наводно биле ранети неколку лица.
Нападите се случија еден ден по израелскиот воздушен напад врз Бејрут, според либанските власти, во кој загинаа најмалку 20 лица.
Регион
Трагедија на забава, еден загинат откако рачна бомба експлодирала во раката на 25-годишно момче во Хрватска
Забава во подрум во Книн во Хрватска завршила со експлозија на рачна граната. Загина 25-годишен маж, а тешко се повредени двајца млади на возраст од 25 и 23 години, една девојка на 21 година и еден малолетник.
Полицијата во саботата во 23 часот добила дојава дека ескплодирала непозната експлозивна направа. По увидот било утврдено дека се работи за рачна граната М-75.
„Од спроведените увиди е откриено дека повредениот 25-годишник од спалната соба од станот што го користел за време на забавата донел рачна бомба М-75 и ја предал на друг 25-годишник. Поради нестручно ракување дошло до несакано активирање на рачна бомба во раката на починатиот 25-годишник“, се вели во полициското соопштение.
Полициски службеници ја продолжуваат кривичната истрага за утврдување на околностите за набавката и поседувањето на споменатата минска експлозивна направа.