Македонија
Вкупно 25 починати и 1.269 нови случаи на Ковид-19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 4.047 тестови, а регистрирани се 1.269 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 686, Тетово – 75, Битола – 65, Куманово – 61, Велес – 48, Гостивар – 44, Кавадарци – 33, Прилеп – 32, Кичево – 26, Гевгелија – 25, Охрид и Валандово по 20, Неготино – 16, Ресен – 12, Струмица и Струга по 11, Дебар – 9, Кочани, Крива Паланка и Богданци по 8, Штип и Делчево по 7, Радовиш и Крушево по 6, Виница – 5, Свети Николе и Кратово по 4, Берово и Демир Хисар по 3, Демир Капија и Пехчево по 2 и по еден заразен во Пробиштип и Дојран.
Од вкупниот број на позитивни (1.269), регистрирани се 162 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 14 починати лица: 4 починати од Скопје (53, 64, 84 и 85 години), по две починати лица од Охрид (75 и 88 години), Струга (71 и 84 години) и Кочани (67 и 79 години) и по еден починат од Делчево (73), Куманово (74), Прилеп (70) и Струмица (62). Сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на починати со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 11 починати лица од: Скопје (2), Тетово (2), Кочани (2), Прилеп (1), Дојран (1), Кавадарци (1), Охрид (1) и Куманово (1), на возраст од 59 до 91 година. Станува збор за смртни случаи во периодот од 30. јануари до 12. февруари. Од починатите лица, 7 се починати во домашни, а 4 во болнички услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 23 лица се регистрирани коморбидитети.
Во текот на изминатото деноноќие регистрирани сe и 848 оздравени пациенти од: Скопје – 227, Тетово – 78, Куманово – 64, Кавадарци – 58, Битола – 54, Велес – 47, Гевгелија – 35, Прилеп – 32, Гостивар – 30, Неготино и Струмица по 27, Охрид – 25, Кочани – 23, Штип – 22, Кичево – 13, Струга и Свети Николе по 12, Ресен – 8, Богданци и Делчево по 7, Валандово, Крива Паланка и Радовиш по 6, Дебар, Виница и Кратово по 4, Демир Капија, Пробиштип и Македонски Брод по 3 и еден оздравен од Крушево.
Направените 4.047 тестови се преку: ИЈЗ-499, ЦЈЗ Скопје-81, ЦЈЗ Битола-107, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–3, ЦЈЗ Куманово-102, Судска медицина-6, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Авицена-189, Биотек-230, Систина-118, лабораторија Лаор-117, Синлаб-82, Ремедика-18, Плодност-32, Генеа-13, Никоб Лаб-387, ВФВ Медикал-64, Ели Медика-38, Ројал Медика–10, Спектра-ММ-29, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–8, Нова Лаб Дијагностика–7, Рамус-29, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.686.
Досега во земјата се направени вкупно 1.852.018 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 288.750, бројот на оздравени пациенти е 269.862, на починати е 8.793, а бројот на активни случаи изнесува 10.095.
Според епидемиолошките анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 133336, Активни 5924
Куманово 15800, Активни 407
Битола 13796, Активни 470
Прилеп 13298, Активни 335
Тетово 13148, Активни 392
Кавадарци 9825, Активни 354
Гостивар 9258, Активни 219
Велес 9083, Активни 280
Охрид 8354, Активни 243
Штип 7801, Активни 106
Струмица 7724, Активни 191
Кичево 5226, Активни 147
Кочани 4862, Активни 80
Струга 4566, Активни 93
Гевгелија 4090, Активни 128
Неготино 3500, Активни 139
Свети Николе 2582, Активни 64
Ресен 2509, Активни 60
Радовиш 2430, Активни 69
Крива Паланка 2324, Активни 58
Делчево 1872, Активни 43
Берово 1688, Активни 26
Дебар 1561, Активни 27
Валандово 1502, Активни 45
Виница 1348, Активни 28
Пробиштип 1277, Активни 10
Богданци 975, Активни 44
Кратово 918, Активни 17
Крушево 866, Активни 21
Демир Хисар 802, Активни 17
Македонски Брод 679, Активни 23
Демир Капија 532, Активни 18
Македонска Каменица 519, Активни 7
Пехчево 448, Активни 6
Дојран 251, Активни 4
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во Охрид најкритично во Далјан, се излеа и Кочанска река – извештај за состојбата по обилните дождови
Обилните врнежи на дожд предизвикаа зголемен водостој на реките и локални излевања во повеќе делови од државата, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), според состојбата до 18:00 часот.
Во Штипско–Кочанскиот регион е регистрирано локално излевање на Кочанска река кај селото Горни Подлог, каде што интервенира КЈП „Водовод“ Кочани со механизација. Оризарска река има излевање кај селото Грдовци, а на терен интервенира Водостопанство „Брегалница“, додека полицијата од Кочани го обезбедува подрачјето и го регулира сообраќајот. Зрновска река се излева пред вливот во Брегалница, а состојбата ја следи Регионалниот центар за управување со кризи. Злетовска река и Брегалница имаат зголемен водостој, но без излевање. На патниот правец Македонска Каменица – рудник Саса се интервенира поради одрон.
Во Охрид, најкритична е состојбата во населбата Далјан по излевање на реката Далја. ЈП „Водовод“, „Нискоградба“ и „Комуналец“ интервенираат со механизација, додека Територијалната противпожарна единица и Дирекцијата за заштита и спасување со пумпи вршат испумпување на водата од поплавените објекти. Регионалниот центар за управување со кризи Охрид ги координира пријавите преку бројот 112. Кај Коселска река, во правец на селата Ливоишта и Вапила, се преземаат мерки за заштита на патниот правец.
Во Кичево, поради претходните врнежи, дел од површините се заезерени, а состојбата со поплавените објекти на улицата „Прилепска“ е непроменета. ТППЕ, ДЗС и ЈП „Комуналец“ вршат испумпување и обезбедување на теренот, додека Општина Кичево и Црвениот крст се грижат за евакуираните лица.
Во Битолскиот регион, во Општина Битола се вршат теренски контроли од страна на РЦУК и општинските служби. ЈКП „Комуналец“ интервенира во населбата Стрчин, „Македонија пат“ расчистува на регионалниот пат Р-2333, а Водостопанство ја следи состојбата на реките Шемница и Црна. Во Ресен и Демир Хисар се врши испумпување и заштита на загрозените површини.
Во Куманово, Липково и Крива Паланка состојбата се следи од РЦУК, општините и Водостопанство, а „Македонија пат“ и комуналните претпријатија вршат превентивно расчистување и посолување на ризични патни делници.
Во Тетово се интервенира со механизација на патиштата кон селото Ѓермо и месноста Бањиче. Во Мала Речица полицијата и инспекциските служби постапуваат по уривање на потпорен ѕид, а во Желино се интервенира по излевање кај реките Стримница и Палатица. На Попова Шапка, по координација со РЦУК Тетово, патот се расчистува со механизација. Во Гостивар, ЈП „Комуналец“ и Водостопанство преземаат мерки по пријавени излевања.
Македонија
ЗНАМ: Одбивањето лидерска средба е признание за политичка слабост
Движење ЗНАМ за Наша Македонија ја поздрави иницијативата на претседателот на Владата за одржување лидерска средба, оценувајќи ја како одговорен и државнички чекор насочен кон стабилност, дијалог и политичка зрелост во, како што наведуваат, клучен момент за државата.
Од ЗНАМ реагираат дека денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Филипче, покажала отсуство на капацитет и волја за конструктивен политички дијалог, при што, според нив, наместо аргументи се нудат поделби, навреди и неосновани обвинувања.
„Кога се нема аргументи и резултати, се посегнува по стари сценарија – плашење на јавноста, теории на заговор и етикетирање на политичките противници“, се наведува во реакцијата, додавајќи дека, наместо соочување со сопственото минато, СДСМ повторно бега од разговор и се крие зад техничката влада.
Од Движење ЗНАМ за Наша Македонија нагласуваат дека се залагаат за целосно и непречено функционирање на институциите, одговорно носење одлуки и изнаоѓање конкретни решенија во интерес на граѓаните и државата. Според нив, на Македонија ѝ е потребна политичка храброст и зрелост, а не блокади, уцени и калкулации.
Во соопштението се посочува дека иницијативата за лидерска средба претставува можност релевантните политички чинители да покажат одговорност кон државата и граѓаните, при што одбивањето на дијалог, како што наведуваат, е признание за слабост.
ЗНАМ порачува дека останува определено за транспарентност, почитување на демократските процеси и враќање на довербата во институциите, како предуслови за стабилна држава и јасен, одговорен пат на Македонија кон полноправно членство во Европската Унија.
Македонија
Променливо облачно утре, дожд и снег најавени за северозападните делови
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во северозападните делови од земјата ќе има повремени врнежи од дожд, додека на планините се очекува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од -9 до -2 степени, а максималните од 3 до 9 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до -6 степени, а дневната ќе достигне околу 4 степени.
Во наредните денови следува нестабилен период. Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и повисоките места од снег, а во пониските предели од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде што се очекува и дополнително зголемување на снежната покривка.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер со брзина над 60 километри на час, а ќе има и повремени локални врнежи од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање, при што на одредени места дневните температури ќе останат под нула степени.
Од вторник се најавува период на стабилно и суво време.

