Свет
Принцот Ендрју и жената која го обвини за сексуална злоупотреба постигнаа спогодба

Принцот Ендрју (61) и Вирџинија Џуфре (38) постигнаа спогодба во однос на нејзината тужба за сексуална злоупотреба која беше поднесена во САД.
Износот на компензацијата нема да биде објавен, а принцот планира да направи значајна донација за добротворната организација Вирџинија Џуфре за поддршка на жртвите.
Судските документи наведуваат дека „Принцот Ендрју никогаш немал намера да ја оцрни Џуфре во јавноста и дека прифаќа дека таа страдала и како жртва на злоупотреба и како жртва на неправедна јавна критика“.
„Познато е дека Џефри Епстајн малтретирал безброј млади девојки низ текот на годините. Принцот Ендрју жали за неговата поврзаност со Епстајн и ја почитува храброста на Џуфре и другите жртви. Вети дека ќе го покаже своето жалење поради поврзаноста со Епстајн, поддржувајќи ја борбата против сексуална трговија и овозможувајќи поддршка за жртвите“, стои во судските записи, а пренесува „Скај њуз“.
Кон средината на јануари американскиот суд ја отфрли жалбата на принцот Ендру и против него остана активно обвинението за сексуална злоупотреба на малолетничка.
Беше тужен од Вирџинија Џуфре, која тврдеше дека принцот сексуално ја злоупотребувал кога имала 17 години. Во тужбата таа изјавила дека покојниот Џефри Епстајн тргувал со нејзиното тело и ја принудувал на секс со неговите пријатели, меѓу кои имало и принц.
Дополнително се тврди дека Ендрју ја злоупотребувал и во куќата на Епстајн на Менхетен и на неговиот приватен остров на американските Девствени Острови. Џуфре додава дека принцот Ендру бил свесен дека во тоа време била малолетна, пренесе Си-ен-ен.
Во жалбата адвокатите на принцот тврделе дека тужбата на Џуфре ги прекршила условите на спогодбата во која Епстајн ѝ платил 500.000 долари за да го откаже случајот против него и другите инволвирани лица. Но, во таа спогодба никаде експлицитно не се споменувало името на принцот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.