Забава
Семејството на убиената камерманка ги тужи продуцентите на Rust
Семејството на убиената кaмерманка Халина Хачинс во вторникот поднесе тужба против актерот и продуцент на вестернот Rust, Алек Болдвин, и другите продуценти, обвинувајќи ги дека се одговорни за трагедијата што се случи за време на снимањето на филмот.
Во тужбата се наведува дека фаталниот инцидент е резултат на мерките за намалување на трошоците и несовесното однесување на Болдвин и другите.
Тужбата е поднесена во округот Санта Фе, Ново Мексико, во име на Метју Хачинс, сопруг на починатата снимателка и нивниот деветгодишен син.
Во тужбата се наведува дека Болдвин и другите продуценти на нискобуџетскиот филм ја жртвувале безбедноста на членовите на екипата ангажирајќи неискусни технички лица и занемарувајќи ги поплаките на камерманите во врска со безбедноста при снимање.
„Халина Хачинс заслужуваше да живее, а обвинетите имаа моќ да ја спречат нејзината смрт доколку се придржуваа на својата должност да ја заштитат безбедноста на секој поединец на сет каде што има оружје наместо да ги намалуваат безбедносните процедури. Засегнатите страни брзале да го реализираат распоредот за снимање и ги игнорирале многуте поплаки за безбедносни прекршувања“, стои во тужбата против Болдвин и другите продуценти на филмот.
Тужбата префрла голем дел од вината на Болдвин, кој, според тужбата, одбил обука за маневарот „вкрстено извлекување од футрола“, што го вежбал тој ден – на само четири метри од Хачинс и другите членови на екипата.
„Многу луѓе се виновни за смртта на Хачинс, но Болдвин е лицето што го држело оружјето“, рече адвокатот на семејството Брајан Паниш од Лос Анџелес за време на прес-конференција.
Тужбата е најнова во бранот судски спорови против продуцентите на Rust. Фаталниот инцидент што се случи на 21 октомври предизвика шок во Холивуд и ги обнови повиците за построги мерки за безбедност на оружјето на филмски сетови.
Хачинс (42) настрада кога Болдвин за време на проба извадил реквизит пиштол од футрола и го испукал кон неа иако тој тврди дека воопшто не го повлекол петлето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кузмановиќ, по победата, истрча до својата девојка и страсно ја бакна
По блескавата игра и победата над Франција, хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ притрча до својата девојка и страсно ја бакна.
Двојката не можеше да ги сокрие емоциите откако Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство во ракомет.
И на претходните мечеви девојката од трибините му даваше поддршка на Кузмановиќ.
А тој по пласманот во четвртфиналето на Светското првенство истрча до својата девојка која беше на трибините.
И победата над Словенија ја прослави со бакнеж. Истото го направи откако ги победија Унгарците. Убавата бринета која го заведе Доминик по професија е економист, а Доминик нема фотографии со неа на својот Инстаграм профил, па не се знае многу за неа, пренесуваат хрватските медиуми.
Забава
Ричард Гир неодамна се пресели во Шпанија, сега таму ќе добие филмска награда
На американскиот актер Ричард Гир, кој неодамна се пресели во Шпанија, ќе му биде врачена меѓународната награда на најважната церемонија на доделување филмски награди во земјата, „Гоја“, следниот месец, објави Шпанската филмска академија.
Актерот ќе ја добие меѓународната награда на церемонијата во Гренада, што ќе се емитува на националната телевизија на 8 февруари, се вели во соопштението.
Академијата го пофали Гир за неговиот „извонреден придонес во кинематската уметност глумејќи во некои од најлегендарните филмови во историјата на кинематографијата“.
Таа исто така ја пофали „општествената посветеност што ја покажал и лично и професионално“ за разни цели, како што е помошта на бегалците и бездомниците. Академијата го истакна „интензивниот активизам на Гир во име на тибетската автономија и зачувувањето на тибетската култура“.
Ричард Гир (75) и неговата сопруга Алехандра Силва (41) минатата година се преселија во Мадрид со двата сина.
„Посреќни сме од кога било“, изјави актерот во интервју за шпанското издание на магазинот „Ел“ на прашањето за нивниот нов живот во Шпанија.
Забава
(Видео) Позната актерка: Сите ги коментираа моите гради кога имав 16 години
Актерката Џенифер Лав Хјуит гостуваше во поткаст во кој присети на времето кога била сексуализирана во медиумите како тинејџерка.
„Кога имав 16 години, возрасните зборуваа за моите гради на ток-шоуа и луѓето ми се смееја. Тоа беше целосно прифатена култура, но кога ќе седнете и ќе погледнете каде сме сега во споредба со местото каде што бевме тогаш, навистина е зачудувачки“, опиша Џенифер.
„Гледајќи наназад, мислам дека беше навистина чудно да се стане секс симбол пред да знам што значи тоа. Не знаев што значи да се биде секси“, истакна таа. Рекла и дека добила непријатни коментари за појавувањето на насловната страница на магазинот „Максим“ на 17 години, истакнувајќи дека тоа и било „малку одвратно“.
Оваа 45-годишна актерка е најпозната по улогите во серијалот филмови I Know What You Did Last Summer. Откако се појави во нив, таа вели дека добивала шеги како „Знам што правеа твоите гради минатото лето“.