Забава
(Видео) Втората сезона на најжешката серија на „Нетфликс“ доаѓа во март
Новата сезона на „Бриџертон“ пристигнува на 25 март.
Рекламната најава за втората сезона на една од најуспешните серии на „Нетфликс“ на сите времиња беше објавена на Денот на вљубените.
„Драг читателу, дали ти недостигав?“, вели Лејди Вислдаун на почетокот на рекламната најава прегледана над 700.000 пати дента кога беше објавена.
„Додека членовите на нашето општество се сомневаа во мојот идентитет и намери, оваа авторка правеше само една работа. Ги усоврши своите вештини. Не, уште подобро! Ги изостри ножевите. За сите вас“, вели гласот во рекламната најава, па затоа гледачите заклучуваат дека новата сезона носи уште повеќе скандали.
А сигурно ќе има уште од популарните памфлети, викторијанска варијанта на „Озборувачка“, проткаени во целата приказна на серијата.
Драмата од риџенси-ерата е продуцирана од Шонда Рајмс зад која стојат многубројни успешни серии, меѓу кои и „Вовед во анатомија“.
Дејството на „Бриџертон“ е сместено во Лондон во почетокот на 19 век и се опишува како историска верзија на култната тинејџерска серија „Озборувачка“. Станува збор за адаптација на серијал романи на Џулија Квин и го следи животот на семејството Бриџертон во високите кругови на Лондон. Веќе е потврдено дека ќе има и трета и четврта сезона.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

