Забава
Омилените 3 км се приближуваат: Почнува пријавувањето за 10. Авицена женска трка
Најпознатата и најголема трка за жени во земјата оваа година заокружува една цела декада исполнета со големи успеси, резултати, рекорди, зголемена свесност за негување здрави навики и здрав животен стил, како и сè побројни учеснички со секоја нова стартна линија.
Во организација на Сојузот на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје на 10 април 2022 (недела) ќе се одржи 10. издание на Авицена женска трка во Скопје.
Денеска (16.2.2022) во 12:00 часот и официјално започнуваат пријавите за оваа 3 км трка, а секоја заинтересирана има можност да се пријави најдоцна до 4 април 2022. Овој рок за пријавување ќе се смета и како рок за уплата на котизацијата. Котизацијата до 7 март 2022 ќе изнесува 250 денари, а до 4 април 2022 ќе изнесува 350 денари.
Пријавувањето и регистрацијата за Авицена женска трка 2022 секоја ќе може да ги направи преку официјалната веб-страница на Авицена женска трка www.zenskatrka.mk или преку www.smartrace.club.
Стартот, како и целта на трката ќе бидат позиционирани на паркингот во Градскиот парк во Скопје (во близина на ресторанот „Балканика Рустикана“), а се планира да се трча еден круг од 3 км низ Градскиот парк. На 10 април трката се очекува да започне во 9:00 часот, прогласувањето на најдобрите ќе почне во 9:45 часот , а лотаријата ќе почне во 10:00 часот.
На денот на оваа трка со натпреварувачки карактер нема да биде дозволено пријавување, а организаторот ги повикува сите дами и спортски ентузијастки да се пријават најдоцна до 30 март 2022 година, со цел да добијат можност своето име да биде испишано на стартниот број.
Трите најдобро пласирани учеснички во генералниот пласман, а воедно и победнички, ќе се здобијат со награди, а ќе има награди и за најдобрите три по возрасни категории (според Chip Time).
Категориите на учесничките ќе бидат поделени во 7 групи, или поточно, категорија 1 – учеснички до 12 години, категорија 2 – учеснички до 14 години, категорија 3 – учеснички до 18 години, категорија 4 – учеснички до 30 години, категорија 5 – учеснички до 40 години, категорија 6 – учеснички до 50 години, и категорија 7 – учеснички над 50 години.
По стартот на трката и прогласувањето на најдобрите, за учесничките ќе биде организирана и лотарија со извлекување на среќни стартни броеви од сите учеснички, па затоа организаторот ја охрабрува секоја учесничка да остане до самиот крај на настанот – можеби среќната десетка оваа година ќе донесе подароци на оние кои најмалку очекуваат. Подароците ќе бидат обезбедени од партнерите на трката.
Подигнувањето на стартните пакети ќе се одржи на 8 и 9 април 2022, а секој пакет вклучува – стартен број со чип, дигитален стартен пакет, вода, учество во лотарија, осигурување, подароци од спонзорите. Од Сојузот на спортови на Скопје, потсетуваат, подигнувањето на стартниот пакет ќе може да биде направено лично од секоја учесничка. Право на учество во Авицена женска трка 2022 имаат сите припаднички на женскиот пол, без ограничување на возраст.
Сојуз на спортови на Скопје за претстојната Авицена женска трка 2022 најавува организација под протоколи, коишто ќе бидат актуелни во моментот на одржување на трката, а се пропишани од Комисијата за заразни болести. Секој учесник ќе треба да ги прифати условите за учество при самиот процес на пријавување. Во случај на презакажување на трката, поради влошена епидемиолошка состојба во државата, уплатените средства не се рефундираат, пријавата ќе важи за следната трка.
Повеќе информации за Авицена женска трка 2022 може да се добијат на следниот линк: https://www.facebook.com/events/287170226817471/?ref=newsfeed
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Шкорпиите сакаат контрола, Рибите бегаат од реалноста – најлошите навики на секој хороскопски знак
Секој хороскопски знак има свои слаби страни и навики што можат да создадат проблеми во односите или животот.
Oва се најлошите навики на секој знак.
♈ Овен – Нестрпливост
Импулсивни се и брзо „пламнуваат“ ако нешто не им оди по план.
♉ Бик – Тврдоглавост
Тешко прифаќаат промени и ретко ја менуваат еднаш донесена одлука.
♊ Близнаци – Недоследност
Започнуваат многу работи, но брзо го губат интересот и ретко довршуваат.
♋ Рак – Злопамтила
Премногу долго ги паметат неправдите и тешко простуваат.
♌ Лав – Постојана потреба за внимание
Желбата за признание лесно преминува во зависност од пофалби.
♍ Девица – Прекумерна критичност
Сè забележуваат и често претеруваат со коментари и забелешки.
♎ Вага – Одолговлекување
Стравот да не погрешат ги тера да одложуваат одлуки и шанси.
♏ Шкорпија – Поссесивност
Сакаат контрола и често ги проверуваат блиските.
♐ Стрелец – Избегнување одговорност
Бегаат кога обврските стануваат сериозни, во потрага по слобода.
♑ Јарец – Претерана посветеност на работа
Работат премногу и ги занемаруваат здравјето и личниот живот.
♒ Водолија – Емоционална дистанца
Тешко покажуваат чувства и делуваат студено, и кога не се такви.
♓ Риби – Бегство од реалноста
Сонуваат наместо да се соочат со проблемите, што ги враќа во ист круг.
Забава
Британски водител: Зависноста од порнографија ми го уништи бракот и животот
Британскиот телевизиски и радио водител Орe Одуба (39) откри дека зависноста од порнографија, која почнала кога имал само девет години, го уништила неговиот брак и длабоко го погодила психички.
Во подкастот „Треба да разговараме“ тој призна дека три децении молчел поради срам и страв, а отворено проговорил дури по разводот и смртта на својот татко.
„Требаа 30 години, две смртни случаи и еден развод за конечно да кажам што се случува“, изјави Одуба.
Тој истакна дека решил да ја сподели својата приказна за да ја подигне свеста за раната изложеност на деца на сексуални содржини.
„Ова го правам за своите деца и за сите млади кои можат да западнат во нешто што не го барале,“ рече.
Одуба се прослави во 2016 година со победата во „Стрикли кам денсинг“, а претходно работеше на детската емисија „Њузраунд“ на „Би-би-си“.
Забава
Џорџ Клуни: Никогаш не сум се скарал со Амал
Џорџ Клуни откри дека никогаш не се скарале со неговата сопруга, адвокатката за човекови права Амал Клуни. Во интервју за „Си-би-ес њуз“ актерот рече дека тајната на нивниот хармоничен брак е во зрелоста и меѓусебната поддршка.
„Сите се сомневаат кога ќе кажам, но навистина никогаш не сме се скарале“, изјави Клуни, објаснувајќи дека со текот на годините престанал да се расправа за ситници. „Кога си млад, сакаш секогаш да бидеш во право. Денес, ако Амал сака да го обоиме ѕидот во црвено — едноставно не ми е важно,“ рече со насмевка.
Актерот додаде дека нивниот однос се темели на почит и разбирање, а не на натпревар. Клуни и Амал се запознале во 2013 година, се свршиле следната година и се венчале во Венеција во 2014 година. Денес се родители на близнаците Александар и Ела.

