Македонија
(Видео) Митрески: Да не беа блокадите на ВМРО-ДПМНЕ платите на работниците веќе ќе беа зголемени
Тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ во последниот период, последната недела две е чисто лицемерие и фаќање приклучок кон процесите коишто ссе одвуваат во државата. Ако вратиме назад можеме да забележиме дека ВМРО-ДПМНЕ беше и против зголемување на минималната плата со образложение дека тоа ќе значело отпуштање на вработени или останување на луѓето на улица без работа. Кога видоа дека и со зголемена плата бројот на невработени се намалува во нашата држава, веќе фаќаат приклучок и тие во последниот период ја поддржуваат минималната плата, наводно ја поддржуваат, изјави Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата
Тот досаде дека во врска со платите на наставниците и стручните соработници во основно и во средно образование тоа што го прави ВМРО-ДПМНЕ уштее еднаш потенцирам дека е чисто лицемерие, чиста дволичност. Една година блокираат Закон во Собрание со кој платите на наставниците и во основно и во средно образование ќе бидат усогласени со порастот на минималната плата.
Митрески истакна дека тоа што десет месеци го прави ВМРО-ДПМНЕ, десет месеци ја блокираат работата на Комисијата за образование ќе значеше повисока плата и во овој период за наставниците, со порастот сега на минималната плата таа дополнително ќе се зголемува. Сега ВМРО-ДПМНЕ за да фати некаков наводен приклучок пушта нивни предлог-закон со мала измена, мислам или се надевам дека тоа е измена за да направат некаква разлика, а ако не е така тогаш уште еднаш покажуваат дека не излегле од онаа стара матрица да ги држат вработените во образование, наставниците и во основно и во средно образование под притисок на партијата, односно како што ги и користеле и во минатото за партиски протести, контра протести да ги користат и денес.
Третата работа којашто сакам да ја споменам е нивната наводна грижа за зголемување на пензиите, кога во јавноста се отвора темата пензии. Кога Владата, економскиот сектор во Владата и економските министри работат со Фондот за пензиско осигурување, работат со сите засегнати страни, кога се отвора и кога сè е јасно и кога се знае дека пензиите ќе растат тие денес покажуваат некаква наводна грижа и пуштаат предлог за покачување на пензиите.
Очекувам дека тоа ќе го прават и во следниот период со други законски решенија, но уште еднаш ќе го покажат новното лиицемерие и нивната дволичност, изјави Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Уапсени возачи од Скопје и Куманово, возеле без возачка, одземени им се возилата
Полицијата уапси двајца возачи од Скопје и Куманово, возеле без положен возачки испит, одземени им се возилата.
Попладнево во 12:40 часот на патот Куманово-с. Липково, полициски службеници го лишија од слобода Ш.А.(31) од Куманово. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кумановски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. Ш.А. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
На 03.02.2026 во 13:00 часот на улица „Јустинијан први“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода И.Џ.(20) од Скопје. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит за управување на возило од Б категорија. И.Џ. е задржан во полициска станица, а возилото е одземено.
По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 297-а од КЗ.
Македонија
Партиите со осуда за нападот врз новинарот Видиновски
Политичките партии го осудија нападот врз новинарот Александар Видиновски.
„Ги осудуваме нападите врз новинарот Александар Видиновски, кои се последица на бугарскиот национализам и шовинизам. Нападот врз новинарот Видиновски е напад врз слободата на говор и врз медиумите, од страна на структури кои разгоруваат омраза, а се мотивирани од бугарскиот национализам. Сите напади како овој врз новинарот Видиновски го разјадуваат општеството и ја подгреваат омразата, и мора веднаш да престанат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Осуда стигна и од ЛДП.
„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро го осудува однесувањето на онлајн насилниците со коментари исполнети со говор на омраза кон новинарот на Канал 5, Александар Видиновски. Ваквиот начин на изразување и на воспоставување дијалог не е воопшто соодветен за било кое демократско општество. Ја изразуваме нашата поддршка за Видиновски, бараме независното новинарство да остане независно од секакви влијанија и бараме брза реакција на институциите за расчистување на случајот“, велат од ЛДП.
Македонија
Македонија и ОАЕ потпишаа Меморандум за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Дубаи оствари билатерална средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан, во чии рамки беше потпишан Меморандум за разбирање меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетите Арапски Емирати за размена на искуства во областа на развојот и модернизацијата на владата.

„Со Меморандумот се воспоставува институционална рамка за систематска соработка насочена кон унапредување на јавните политики, јакнење на административните капацитети, дигитална трансформација и примена на иновативни модели на управување“, соопштија од МНР.
Од таму додаваат дека потпишувањето на документот отвора нови можности за размена на знаења, експертиза и добри практики, како и за реализација на заеднички активности и проекти во области од заемен интерес, со цел зголемување на ефикасноста и квалитетот на владините услуги.
На средбата станало збор и за можноста за воспоставување директна авиолинија меѓу Скопје и Обединетите Арапски Емирати. Воедно бил направен сеопфатен преглед на билатералните односи, при што биле разгледани можностите за нивно натамошно продлабочување. Посебен акцент бил ставен на унапредувањето на политичката соработка, јакнењето на економските врски и интензивирањето на трговската размена меѓу двете земји.
Двете страни ја потврдиле заедничката определба за натамошно зајакнување на партнерските односи и развој на конкретни иницијативи кои ќе придонесат за одржлив економски раст, институционална ефикасност и продлабочена соработка меѓу Република Северна Македонија и Обединетите Арапски Емирати.

