Забава
Овие четири хороскопски знаци многу бргу се одљубуваат
Има луѓе што се спремни да го поминат целиот живот со една личност, а има и такви на кои љубовните врски им стануваат здодевни и го кршат срцето на партнерот по неколку недели романса. Доколку сакате да го заобиколите вториот тип, не е лошо да знаете кои четири хороскопски знаци бргу се одљубуваат.
Близнаци – овој хороскопски знак веројатно ќе изгуби интерес и ќе се повлече пред да знаете. Близнаците знаат да бидат крајно непредвидливи кога се во прашање љубовните врски. Доколку сте во врска со Близнаци, треба да бидете подготвени за неочекуван прекин.
Вага – тие имаат тенденција бргу да ја прекинат љубовната врска. Тие се многу страсни, но се случува да останат без ревност, па да не сакаат да останат во таква врска. Вагите се најсреќни кога нивната врска останува интензивна како што била првиот ден кога се вљубиле.
Рак – припадниците на овој хороскопски знак може многу рано да изгубат интерес за партнерот. Во еден момент ја признаваат љубовта, а веќе следниот ден може да дојдат и да ви кажат дека повеќе не се чувствуваат исто. Можете да ги задржите доколку вложувате постојан напор за одржување на врската, но и тоа нема да трае вечно.
Бик – тие исто така многу бргу се оладуваат. Доволна е една грешка Бикот да изгуби интерес за партнерот. Многу е малку веројатно дека Бикот ќе остане со една личност до крајот на својот живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кафуле стана сензација со понудата да им понуди бесплатно кафе на оние кои влегуваат танцувајќи
Kафуле во Мидлборо, Масачусетс стана вистинска сензација со понудата за бесплатно кафе за клиентите кои влегуваат танцувајќи.
Видеото сега стана вирално на интернет, и предизвика голем број коментари на социјалните мрежи.
Сопственикот на кафулето обајви дека планира еднаш во месецот да се држи до оваа интересна акција.
Забава
Жена од Онтарио го насмеа интернетот со изгледот на нејзината кукла: „Делува возбудено“
На „Тик-ток“ се шири вирално видео во кое Ники Калвер од Онтарио ја покажа својата божикна кукла со детали 18+, што го насмеа Интернетот.
Ники објаснила како ја купила дрвената кукла во продавница за ситни производи за само еден долар. Откако нејзиниот син почнал да си игра со неа, барабанот паднал, оставајќи мало дрвено испакнување на кое бил прикачен инструментот.
„Ова се случи пред една година и уште ме смее“, напиша таа со видеото кое собра два милиони прегледи, но и бројни коментари.
„Не знам што очекував, но не го очекував ова“, „Куклата е без тапан или само си среќен што ме гледаш?“, „Изгледа доста возбудено“, „Ова е многу среќен оревокршач”, „Не би го заменил“ и „Ова ме насмеа“ се дел од коментарите.
Инаку, тиктокерката откри дека во таква состојба ќе ја зачува куклата и можеби ќе стане интересно семејно наследство.
Забава
Кои хороскопски знаци се најпривлечени – сајт за запознавање спроведе истражување
Сајт за запознавање направи истражување за тоа кој хороскопски знак е најпривлечен за другите.
Иако можеби не се согласувате со нивните резултати, оваа апликација за запознавање претстави податоци кои покажуваат дека еден знак генерира најголем интерес за романса.
Излегува дека на врвот на листата се Рибите со нивната чувствителна и шармантна природа која привлекува повеќе од кој било друг знак.
Последното место го зазедоа Раковите, кои изгледа премногу ги кријат своите емоции и чувства, но тоа за нив е веќе стара приказна.
Листата е исклучително интересна бидејќи 5-то место го делат Шкорпијата и Девицата, а 7-то Лавот, Близнаците и Бикот.
Во прилог листата на знаци според привлечноста:
1. Риба
2. Овен
3. Водолија
4. Јарец
5. Шкорпија и Девица
6. Вага
7. Близнаци, Лав и Бик
8. Стрелец
9. Рак