Македонија
(Видео) Шкријељ: Нема да дозволиме дестуркциите на ВМРО-ДПМНЕ да спречат покачување на платите на наставниците

Денес пратениците на ВМРО ДПМНЕ имаат уште една шанса да работат во интерес на граѓаните, да ги прекинат блокадите и срамното однесување и конечно да се вклучат во процесите кои значат подобар живот и подобар стандард за сите. Пратенциите на ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година гокочат предлог законот за наставници и стручни соработнци, а вчера видовме дека се подготвени да применат и физичко насилство само за овие измени да не бидат усвоени, изјави Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ.
Таа постаи неколку прашања. Дали пратениците на ВМРО се против зголемување и континуиран раст на платите на над 27000 наставници и стручни соработници во основното и средното образование?, Дали пратениците од ВМРО се против обезбедување на правна и економска сигурност на наставниот кадар и да им се овозможи вработување на неопределено време наместо како што се научени да ги држат во неизвесност и да ги злоупотребуваат нивните гласови кога тоа име потребно,Дали пратениците на ВМРО се против наставниците да добиваат додаток за работа во ридско планински регион, за одделенско, односно класно раководство, за работа со комбинирана паралелка и слично И последно зошто им пречи на пратениците на ВРМО можноста наставниците што предаваат изборни предмети за првпат да можат да добијат трајно вработување? Само за потсетување тоа се меѓу останатите и наставнците кои предаваат јазик и култура на Ромите, Бошњаците, Србите и Турците.
Шкријељ истакна дека срамното, дрското и безобразно однесување на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ е на штета на наставниците, на штета на образовниот систем.
Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е на страната на граѓаните, на страната на наставниците.
Нема да дозволиме деструкциите и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ да успеат.
Ќе сториме се, овие измени на законот да бидат донесени, ќе има повисоки плати за 27.000 наставници ќе има трајно вработување за 4.700 наставници и стручни соработници во основното и средното образование,изјави Шкријељ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.