Економија
Средба на Бесими со Џентилони: Владата проактивно одговора на енергетската криза како и за време на здравствената
Енергетската криза и инфлацијата и мерките што се преземаат од страна на Владата и постоењето можности за поддршка во реализација на овие мерки од страна на ЕК беа теми на денешната средба на министерот за финансии Фатмир Бесими со комесарот за економија Паоло Џентилони, која се реализираше во рамки на работната посета на министерот Бесими на Брисел.
„Како и за време на пандемијата, кога создадовме и имплементиравме пакети мерки за поддршка на здравството, економијата и ранливите категории, а кои овозможија падот на БДП да биде помал за 4,2% во 2020 година, проактивни сме и во однос на енергетската криза“, рече министерот за финансии на средбата.
Тој ги напомена мерките што ги презема Владата за справување со енергетската криза и средства што се обезбедени како поддршка од буџетот за енергетските компании за да се обезбеди ликвидносна поддршка на компаниите, а со тоа индиректно да се влијае да нема голем раст на цената на електричната енергија за регулираниот пазар. Во овој контекст беше напомената и мерката за намалување на ДДВ за електричната енергија на 5 %.
„Нашите среднорочни приоритети ќе бидат насочени кон справување со последиците од здравствената и енергетската криза, преку зголемување на инвестициите преку директна поддршка на инвестициските активности на компаниите, промоција и олеснување на инвестициската клима, отворање нови работни места преку активни мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија.
Тоа значи дека ваквата поддршка ќе се реализира со формирање фондови за развој, фондови за поддршка на иновациите, гарантни фондови, фондови за ризичен капитал и слични инструменти за поддршка на извозно ориентирани компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија., посочи министерот.
Фискалната политика 2022-2026 година е посветена на понатамошно зајакнување на управувањето со јавните финансии и фискалната одржливост, што треба да придонесе за одржување на макроекономската стабилност, постепена фискална консолидација, забрзување на економскиот раст, како и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија.
Со економското закрепнување во 2021 година, се очекува интензивирање на економскиот раст во наредните години со просечни годишни стапки од 5 %,
Министерот Бесими во рамки на работната посета ќе оствари средба со комесарот за соседство и преговори за проширување Оливер Вархеји, вршителот на должност генерален директор на Директоратот за соседство и преговори за проширување Мачиеј Поповски и комесарот за буџет и администрација Јоханес Хан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

