Контакт

Економија

(Видео) Во Дубаи претставени можностите за инвестирање во Македонија

Објавено пред

Официјалната делегација на Владата, предводена од заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, која е во дводневна посета на Обединетите Арапски Емирати, по вчерашното одбележување на Националниот ден во рамките на Експо Дубаи 2020, денес, во утринските часови, учествуваше на бизнис-конференција која се одржа на самото Експо, а на која беа презентирани можностите за инвестирање во нашата земја.

dobivaj vesti na viber

Бизнис-конференцијата е поделена на два панела, а на првиот панел свои обраќања имаа вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили, и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски, кои секој во својот дел извршија презентација на можностите за инвестирање и водење бизнис во нашата земја.

Битиќи ја отвори бизнис-конференцијата со порака дека Владата во бизнис-секторот и во инвеститорите гледа партнери за поддршка на развојот на економијата. Преку отворен и континуиран дијалог со бизнис-заедницата во изминатите неколку години изградени се цврсти и чесни јавно-приватни партнерски односи кои носат резултати.

„Пред неколку години ги избришавме разликите за државна поддршка кои постоеја помеѓу домашните и странските компании; сите компании кои работат во Северна Македонија се наши и ги имаат истите услови и можности за добивање поддршка од државата. Аплицирањето за и добивањето државна помош е процес кој е целосно отворен и транспарентен. Секоја компанија, секоја засегната страна е свесна уште на почетокот за поддршката што може да ја очекуваат кога инвестираат. Ова создава предвидливост и стабилност за работење во нашата држава и најважно, создава добра бизнис-клима за инвеститорите со што ги бришеме границите и ја ставаме Северна Македонија на картата на држави со најпривлечна средина за инвеститорите“, потенцира вицепремиерот Битиќи.

„Со концептот на воспоставување на Технолошките индустриски развојни зони привлековме повеќе од 35 мултинационални производствени компании со глобално влијание. Главната предност на слободните економски зони е комбинацијата од фискалните бенефиции и поддршка во готовина, иако сличен пакет за поддршка нудиме и надвор од зоните со што сме многу конкурентни на регионалниот пазар. Врз основа на нашиот Закон за контрола на државната помош и Законот за финансиска поддршка на инвестициите, ние ги поддржуваме компаниите во производствениот сектор и секторот за информатичка технологија со различни мерки кои заеднички може да достигнат до максимум 50% од вкупните трошоци за инвестицијата за минимален период од пет години по инвестирањето. Освен тоа, ние сме фокусирани на преобликување на нашата економија преку носење подобро платени работни места и производство на производи со поголема додадена вредност, со поддржување на 50% од вкупниот трошок за инвестиција за центрите за истражување и развој на компанијата покрај оние 50% во нивната општа инвестиција во производствената линија, што значи дека 50% од вкупната инвестиција се рефундира од Владата. Пакетите за поддршка вклучуваат и 10-годишно ослободување од данок на добивка и персонален данок на добивка. На страната на грантови за готовина, нудиме 20% рефундирање на капиталните инвестиции, како и грант за секое создадено работно место“, вицепремиерот ги презентираше мерките за поддршка на инвестиции во производството во рамките на ТИР зоните и надвор од нив, при што додаде дека Владата прави напор, мерките и процесот на добивање  државна помош да бидат уште потранспарентни, поедноставени и поефикасни и токму затоа во тек е креирање на првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелегенција за државна помош.

Осврнувајќи се на очекувањата на Владата за пост-ковид периодот, вицепремиерот Битиќи посочи дека треба да се искористат научените лекции од кризниот период и Република Северна Македонија, како и целиот регион на Западен Балкан да се фокусираат на процесот на „near shoring“.

„Државите во Југоисточна Европа, особено шесторката од Западен Балкан треба да работат кон тоа да го доведат синџирот на добавувачи блиску до границите на Европската Унија. Бидејќи далечните пазари за снабдување се докажаа дека не се одржливи, треба да гледаме кон регионална конкурентност, а не кон создавање  регионална конкуренција, со цел да создадеме пазар што ќе компензира за и ќе ја подобри додадената вредност поради близината на синџирите на добавувачи“, нагласи Битиќи и ги истакна предностите на нашата земја и регионот за привлекување нови инвестиции, кои се однесуваат на добрата географска локација и близината до европските пазари, но и усогласеноста на Царинскиот тарифник со тој на ЕУ и стандардите кои се применуваат, а кои се блиски до стандардите на земјите членки.

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, посочи дека Владата истапува кон својата соодветна улога како вклучен и активен учесник за поттикнување на економската продуктивност, просперитет и раст, додека истовремено ја чува и унапредува нашата природна околина.

„Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија ќе ги остави плановите за Владата да биде одговорна и да ѝ даде глас на животната средина. А нашата работа ќе биде поткрепена со широка палета на регулативи поврзани со животната средина. Дозволете ми да започнам со јасна потврда дека климатската криза ја гледаме како можност за раст и развој на земјата, што мора да оди паралелно со закрепнувањето од Ковид- 19“, рече министерот Нуредини и продолжи „ Како сопствен придонес кон глобалните и регионални цели за справувањето со емисијата на стакленички гасови, Владата на Република Северна Македонија по предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање ја усвои следнава цел: во 2030, 51% намалување на емисии на стакленички гасови, во споредба со нивоата од 1990 година“.

Долгорочната визија на Република Северна Македонија е, додаде Нуредини, до 2050 година, да дојде до просперитетна економија со ниски емисии на јаглерод, која ќе следи одржливи развојни насоки отпорни на климатските промени, подобрување на конкурентноста и промовирање социјална кохезија преку дејства за борба со климатските промени и нивните ефекти.

„Климатските промени во голем дел се всушност предизвик за создавање чиста енергија и затоа нашата амбиција е поделена по сектори и изнесува 66% намалување на штетни емисии во енергетскиот сектор. Ова може да се постигне главно преку затворање на термоелектраните во Осломеј и во Битола. Од друга страна, инвестираме во обновливи енергетски извори – соларна и ветерна енергија, со цел да привлечеме приватни инвестиции. Работиме на реализација на голем проект за хидроцентрали; имено, Чебрен треба да произведува до 333-458 мегавати (инвестиција од 600 милиони ЕУР), а истовремено, инвестираме во гасификацијата на нашата држава, како преодно решение за поскоро ослободување од јагленот. Планирана е конверзија кон гас во Битола (200 мегавати, 100 милиони ЕУР) и во Неготино (600 мегавати, 300 милиони ЕУР), изградба на гасен интерконектор со Грција и разгледување на можности за користење на водород како енергенс. Вкупната процена на инвестициите во енергетскиот сектор во Интервентниот план за инвестиции е 2 милијарди 644 милиони евра“, подвлече министерот за животна средина и просторно планирање Нуредини.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили го претстави Фондот како водечка владина институција за поддршка на микро, мали и средни иновативни компании, а главните приоритети се кон подобрување на пристап до финансиска поддршка за иновации, технолошки развој, промовирање и поттикнување на иновациската дејност во Северна Македонија.

„Во моментов, ФИТР преку своите финансиски инструменти, има поддржано над 702 проекти кои се со вкупна вредност на инвестиција од над 87 милиони евра при што поддршката на ФИТР изнесува 50 милиони евра додека компаниите учествуваат со 37 милиони евра. Од портфолиото на ФИТР дури 56%, односно 392 поддржани компании се стартап компании, претежно основани од млади луѓе“ кажа Халили и најави дека следен предизвик за Фондот е отворање на првиот хибриден инвестициски фонд од 27 милиони евра во кој државата ќе инвестира 10 милиони евра.

Последен на Владиниот панел зборуваше директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, којшто ги претстави потенцијалите за туризам на Северна Македонија.

„Република Северна Македонија, иако по површина е мала земја, има многу природни убави, историски и археолошки пронаоѓалишта, наследство на УНЕСКО, највкусна храна и вино и најгостопримлив народ. Имаме 43 езера од кои 3 се тектонски: Охридско, Преспанско и Дојранско, 4 национални паркови (Маврово, Пелистер, Галичица и Шар Планина), 15 планини повисоки од 2.000 метри (највисокиот врв е Голем Кораб со висина од 2.764 метри), 3 водопади повисоки од 100 метри и Мегалитска опсерваторија Кокино (од 1800 година п.н.е.) признаена од НАСА“, рече Јаневски и нагласи дека за потенцијалните инвеститори постојат неколку туристички развојни зони кои се достапни за градење хотели, ресторани и кампови. Во ваквите зони за странските инвеститори има бројни поволности: намалено ДДВ од 18% на 5%, нула ДДВ на градежни материјали и градежни услуги. Персоналниот данок за првите десет години е 0%.

Во вториот дел од бизнис-конференцијата, пред присутните бизнисмени од Обединетите Арапски Емирати и од другите земји кои изложуваат на Експо Дубаи 2020, презентација на своето работење имаа и претставниците на четирите најголеми стопански комори: Виктор Мизо (потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија), Трајан Ангелоски (претседател на Сојузот на стопански комори), Неби Хоџа (претседател на Стопанската комора на Северозападна Македонија) и Анета Антова-Пешева (претседателка на МАСИТ).



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Од полноќ поскап бензин

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 5.1.2026 година.

dobivaj vesti na viber

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,332%, кај дизелот има намалување за 0,317%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,391% и кај мазутот има намалување за 4,067%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,7158%.

Од 13.1.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 70,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 72,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 32,133 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,668 ден/кг и сега ќе изнесува 32,133 ден/кг.

Фото: Depositphotos

Прикажи повеќе...

Економија

ТАВ Аеродроми: 2025 година се заокружи со 3,5 милиони патници што е 9 отсто зголемување

Објавено пред

Во 2025 година, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид опслужија 3,5 милиони патници и 26.500 летови.

dobivaj vesti na viber

Двата македонски аеродроми, Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид минатата година опслужија 3,5 (3.475.288) патници што е зголемување од 9% во однос на 2024 година.

Во 2025 година двата аеродроми опслужија 26.500 летови, што е за 4% повеќе во однос на истиот временски период, од јануари до декември, 2024 година.

„Успехот што го постигнавме во 2025 година не е случаен. Тој е резултат на јасна стратешка насока, фокусирани инвестиции и силни партнерства. Зголемувањето од 9% на бројот на патници и 4% пораст на летовите на двата македонски аеродроми е директна потврда дека вложувањата во модернизација на инфраструктурата, унапредување на оперативната ефикасност и проширување на мрежата на авиолинии даваат конкретни и мерливи резултати. Дополнително, новите дестинации, континуираната соработка со авиокомпаниите, зголемената побарувачка за патувања и посветеноста на нашите вработени овозможија стабилен и одржлив раст. Овие резултати ја зацврстуваат позицијата на македонските аеродроми како сигурни и конкурентни регионални воздухопловни центри и ни даваат силна основа за уште поамбициозен развој во наредниот период,“ вели Неџат Курт, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Само во декември 2025, статистиката на ТАВ Македонија покажува двоцифрено зголемување на процентите на опслужени патници на двата аеродроми од дури 25% во споредба со декември 2024, една година претходно, или преточено во бројки, 294.781 патници.

Во последниот месец од минатата година пак, реализирани се 2,019 летови што е за 7% повеќе од декември во 2024 година.

Стабилен пораст покажува и дневниот пресек на патници во 2025. Скопскиот аеродром дневно во просек опслужуваше 8.786 патници што е за 9% повеќе од 2024 година, а преку

охридскиот, дневно патувале 767 патници што е за 16,3% повеќе споредено со минатата година.

Одделните анализи за двата аеродроми за периодот од јанури до декември покажуваат дека преку Меѓународниот Аеродром Скопје патувале 3.211.419 што е за 8,7% повеќе споредено со истиот период во 2024 година, а додека Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид бележи двоцифрен пораст од високи 20% со услужени 263.869 патници.

Истанбул, во сите 12 месеци од 2025 беше најфреквентна дестинација од Меѓународниот Аеродром Скопје до двата аеродрома ИГА и Сабиха Гокчен со 16,6% пазарен удел. Потоа следуваат Базел Милуз (6,2%), Франкфурт (5,7%), Цирих (4,5%) и Минхен – Меминген (4,2%).

Топ – пет земји до кои има најмногу директни летови се Германија (25,4% пазарен удел во вкупниот патнички сообраќај), Турција (23,6%), Швајцарија (10,8%), Италија (5,5%) и Шведска (4,3%).

Од Меѓународниот Аеродром Скопје во моментов летаат вкупно 15 авиокомпании кон 49 дестинации, додека од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид три авиокомпании летаат до 7 дестинации.

Според најавите на авиокомпаниите, од март годинава, мрежата на авиолинии од двата македонски аеродрома ќе се зголеми, со отворањето на нови авиолинии и нови дестинации. Виз ер ќе почне да лета од Скопје до Неапол и ќе ја врати авиолинијата од македонскиот главен град до Будимпешта, додека од Охрид ќе почне да лета до Милано. Во мај, Аустриан ерлајнс ќе почне да лета од Охрид до Виена, а во јуни охридскиот аеродром ќе ги врати полските туристи во Охрид со отворањето на новата авиолинија од Вроцлав и враќањето на летовите од Катовице.

Прикажи повеќе...

Економија

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Објавено пред

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.

Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија2 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура3 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија4 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија4 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија6 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија7 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет8 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет8 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет9 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа9 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија17 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет21 час

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет22 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...