Македонија
Oпозицијата побара јавна расправа за енергетско-економската состојба во Македонија
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија побара во најбрз можен рок да се закаже јавна расправа за енергетско-економската состојба во Македонија, и за тоа како да се премости кризата со цената на енергенсите кои влијаат на ликвидноста на компании, а со тоа и на цените на производите кои ги продаваат.
Резултатот од оваа јавна расправа, како што посочија од опозицијата, мора да е еден оперативен план со конкретни мерки кои треба да ги превземе власта за полесно пребродување на 2022 година.
Пратеничката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска обвини дека Владата нема никаква стратегија за пребродување на овој период, додека поскапувањата кај енергенсите се на дневна основа.
„Бизнис секторот мора да добие поддршка од Владата. Во приватниот сектор работат 600 илјади луѓе. Од бизнис сектор се полни најголем дел од буџетот и државата мора партнерски да се однесува кон него“, рече Лашкоска.
Додаде дека полека избледуваат првичните очекувања дека цената на енергенсите ќе се намали уште во првото тромесечје.
„Министерот за финансии, Фатмир Бесими, засега на ниво на шпекулации ја оцени можноста од недостаток на електрична енергија, а речиси повеќе од сигурно новонастанатата состојба во Украина ќе влијае врз цената на енергенсите. Во текот на вчерашниот ден цената за 1000 кубни метри гас на лондонската берза достигна и ниво од 960 долари. Најавите од Русија која важи за значаен снабдувач со гас за европскиот континент се дека цената може да дојде и до 2000 долари за 1000 кубни метри. Како резултат на зголемените цени на гасот во изминатиот период Македонија прогласи кризна состојба за снабдување со топлинска енергија т.е. криза во снабдувањето со парно за дел од жителите на Скопје. Во првиот месец од кризната состојба, Владата плати 6 милиони евра, а крајот на кризната состојба е 30 април“, рече Лашкоска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

