Економија
Ангелоски на „Дубаи Експо“: Произведуваме врвни производи, привлекувањето странски инвестиции високо на агендата
Во нашата земја има домашните претпријатија кои произведуваат производи по светски стандарди со највисок квалитет, а долгата традиција на инженерство, како и поволностите кои ги нуди законската регулатива овозможуваат услови за привлекување странски директни инвестиции, истакна претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски, на Бизнис-форумот кој денеска се одржа во рамките на „Дубаи Експо“. Ангелоски присуствува на оваа престижна саемска манифестација како дел од владината делегација.
„Нашата земја беше една од првите во регионот која почна интензивно и сериозно да работи на привлекување странски директни инвестиции и таа активност се развиваше во повеќе фази. Странските инвеститори веќе ги вклучуваат во своите синџири на снабдување и домашните мали и средни претпријатија, што е важно за развој на домашната економија, но и практично за нив бидејќи секогаш е полесно да се набавува на локалниот пазар отколку подалеку. Денеска сме во многу пософистицирана фаза од привлекување странски инвестиции, имаме нова законска регулатива за привлекување странски инвестиции и за поддршка на инвестициите на домашните компании. Исто така имаме долга историја на инженерство и добра соработуваме со научната јавност и универзитетите, што е важно за новите инвестиции и за развојот на иновациите“, истакна Ангелоски во своето обраќање на Бизнис-форумот.
Ангелоски вчера присуствуваше и на официјалната церемонија за одбележување на денот на Република Северна Македонија на саемот, а оствари и средби со претставници на најголемите локални стопански комори.
Обединетите Арапски Емирати имаат една од најбрзо растечките економии, а „Дубаи Експо“ е една од најпрестижна саемска манифестација во светот. Сојузот на стопански комори има традиционална соработка со коморите од овој регион и се залага за продлабочување на истата во повеќе сектори меѓу кои, туризам, финансии, трговија и земјоделство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

