Економија
Maкедонска делегација на средба со стопанските комори на Абу Даби и Шарџа: „Се отвораат можности за соработка“
За време на вториот ден од официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати, а веднаш по завршување на Бизнис-конференцијата која се одржа во Експо Дубаи, делегација на Владата, предводена од заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари две одделни средби со претставници на стопанските комори на Емиратите Абу Даби и Шарџа.
За време на средбите вицепремиерот беше придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, амбасадорот на Северна Македонија во ОАЕ, Абдулкадар Мемеди, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили и претставнците на стопанските комори од Северна Македонија.
На средбата со претседателот на Стопанската комора на Абу Даби, Абдула Мохамед ал Мазруи и генералниот директор на комората Мохамед Хелал ал Мехри, се разговараше за детектирање на можностите за соработка, при што е констатирано дека има можност за воспоставување на соработката во замјоделското производство, преработка и пакување на храна и пијалаци, како и во секторот енергетика, за искористување на искуството во однос на изградба на производствени капацитети од обновливи извори.
Вицепремиерот Битиќи и министерот Нуредини на двата состанока со стопанските комори од Абу Даби и Шарџа, ги презентираа можностите за инвестиции во нашата земја, како и поволностите кои ги овозможуваат Законот за стратешки инвестиции, Законот за енергетика, Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Законот за контрола на државна помош, при што истакнаа дека Северна Македонија има одлични услови за водење на бизнис, отворена и партнерски насочена Влада, како и конкуретни мерки за поддршка. Пост-ковид периодот, по научените лекции за време на ковид-кризата, треба да се искористи за инвестиции во производствени капацитети кои ќе бидат блиску до европските пазари и се дел од вредносните ланци на големите меѓународни компании.
Официјалната делегација од Северна Македонија се сретна и со претседателот на Стопанската комора на Шарџа, Абдула Султан ал Оваис, пришто се запознаа со потенцијалот на оваа стопанска комора за организација на големи меѓународни саеми, кои би можеле да се искористат за воспоставување на взаемна соработка помеѓу коморите до Северна Македонија и ОАЕ и отворање на поголеми можности за пласман на производите од нашата земја на меѓународни пазари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

