Свет
Зеленски: Руските окупаторски сили се обидуваат да го заземат Чернобил

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека украинските сили во моментот се борат против руските војници кои се обидуваат да ја преземат поранешната нуклеарна централа „Чернобил“.
Регионалните власти, пак, објавија дека јужниот регион Керсон повеќе не е под контрола на Киев откако руските сили нападнаа од копно, море и воздух.
Регионалните власти, пак, објавија дека јужниот регион Керсон повеќе не е под контрола на Киев откога руските сили нападнаа од копно, море и воздух.
Градоначалникот на Киев прогласи полициски час, а соопштението беше пренесено на телевизија. Претходно, очевидци изјавија дека во главниот град на Украина се слушале сирени.
„Обидот на Русија да ја преземе поранешната нуклеарна централа во Чернобил е објавување војна на Европа“, изјави денеска Зеленски.
„Руските окупаторски сили се обидуваат да ја преземат нуклеарната централа во Чернобил. Нашите момци ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година.
Тоа е објава на војна на цела Европа“, напиша Зеленски на „Твитер“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Шахта во Њујорк експлодира неколку секунди откако по неа помина жена со деца

Безбедносна камера во американскиот град Паукипси, Њујорк, снимила драматичен момент кога капак на шахта експлодирал неколку секунди откако покрај неа поминала жена со количка и две деца, објави Би-Би-Си.
На видеото се гледа како жена турка количка и држи дете за рака додека оди по улица. Во моментот кога се оддалечени само неколку чекори има силна експлозија и од земјата избива оган и чад.
Според соопштението на противпожарната служба во инцидентот нема повредени, но во неколку згради во блокот била откриена висока концентрација на јаглерод моноксид.
„Жителите од околните згради се евакуирани додека нивото на гас не се сведе на безбедно ниво“, соопштија пожарникарите.
Причината за експлозијата се уште не е официјално потврдена, но се сомнева дека има технички дефект во електричната или гасната инфраструктура под коловозот.
Свет
Објавен мистериозниот портрет на Трамп кој Путин му го подари на американскиот претседател

Американската телевизиска мрежа Си-Ен-Ен го објави портретот што рускиот претседател Владимир Путин му го испрати на подарок на американскиот претседател Доналд Трамп во март.
На него е претставен американскиот претседател по обидот за атентат, а автор на портретот е рускиот уметник Никас Сафронов.
Сликата го покажува Трамп со крената тупаница и траги од крв на лицето – потсетување на моментот на атентатот за време на настап во кампањата во Пенсилванија на 13 јули 2024 година.
Зад него се вее американско знаме, а во позадина се видливи Статуата на слободата и Менхетен во Њујорк.
Свет
Зеленски: Спремни сме на директни разговори со Русија

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека Украина е подготвена за директни разговори со Русија по прекинот на огнот
„Подготвени сме да седнеме во кој било формат“, изјави украинскиот претседател за новинарите на брифинг.
Да потсетиме дека вчера и рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е подготвен за директни преговори со Киев.
Во изјавата за новинарите, Путин рече дека би било можно директно да се разговара со Киев за прекин на нападите врз цивилната инфраструктура.
„Имаме позитивен став кон прекинот на огнот“, рече Путин, мислејќи на одлуката на Русија да спроведе изненадувачки 30-часовен Велигденски прекин на огнот.