Свет
Лавров: Сакаме да ја ослободиме Украина од „угнетувањето на нацизмот“
Русија одлучи да спроведе специјална воена операција за Украинците, „ослободени од угнетувањето на нацизмот, слободно да одлучуваат за својата иднина“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој на средбата со министерот за надворешни работи на самопрогласената Луганска Народна Република и првиот заменик министер за надворешни работи на самопрогласената Народна Република Доњецк рече дека рускиот претседател Владимир Путин одлучил да спроведе специјална воена операција за демилитаризација и да ја денационализира Украина.
Лавров рече дека Западот го негира фактот за „очигледен геноцид во Украина“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Девојка докторирала на Универзитетот во Аризона на 17-годишна возраст
Американската тинејџерка од Чикаго, Дороти Џин Тилман Сектер, докторирала на Универзитетот во Аризона минатата година на 17-годишна возраст, додека на факултет се запишала на десет години.
„Минатиот декември таа успешно ја одбрани својата докторска дисертација и стана најмладата личност со докторат во областа на интегрираното здравје во однесувањето на Универзитетот во Аризона“, изјави професорката Лесли Менсон за ABC.
Тилман, позната како „Генијалката Дороти“, е внука на поранешната градска советничка во Чикаго, Дороти Тилман.
Регион
Несреќа во Хрватска: Бегале од полицијата и се забиле во ѕид, четворица мртви, меѓу кои и едно дете
Тешка сообраќајна несреќа се случила во четвртокот околу 7 часот во местото Брнаже кај Сињ. Четири лица загинаа при излетување на патничко возило од коловозот, кое потоа удрило во ѕид. Останатите лица кои се наоѓале во возилото, кое било со камп приколка, се пренесени во болница.
„Според првите информации загинатите најверојатно се мигранти“, информираат од сплитско-далматинската полиција.
Сообраќајната несреќа се случила по полициска потера од Триљ до Брназ, каде патнички автомобил со унгарска регистрација поради пребрзо возење удрил во ѕид од семејна куќа, пишува Dalmacija news.
Загинаа дури четири лица.
Свет
ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“
Петмина израелски војници беа убиени, а седум други беа ранети, од кои тројца потешко, вчера во Џабалија во северниот дел на Газа, кога израелски тенк испука гранати врз нив, по погрешни проценки дека се работи за непријателски сили, соопшти израелската армија.
Според прелиминарната истрага на ИДФ, тенк кој дејствувал заедно со падобранци во кампот Џабалија истрелал две гранати врз зграда во која биле сместени војници во 19 часот по локално време, пишува Тајмс оф Израел.
Тенковите сили пристигнаа во областа во раните утрински часови во средата, а неколку часа подоцна, падобранци пристигнаа во областа и зазедоа позиции во зградата.