Свет
Убиен индиски студент во рускиот напад во Харков
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/27110f4f99cd36521493a2c54ed767e3.jpg)
Портпаролот на индиското Министерство за надворешни работи, Ариндам Багчи, на „Твитер“ потврди дека студент од Индија бил убиен во рускиот напад утринава врз Харков.
„Со длабока тага информираме дека еден индиски студент го загуби животот утринава во гранатирањето на Харков. Министерството е во контакт со неговото семејство. Изразуваме длабоко сочувство до семејството“, напиша тој.
With profound sorrow we confirm that an Indian student lost his life in shelling in Kharkiv this morning. The Ministry is in touch with his family.
We convey our deepest condolences to the family.
— Arindam Bagchi (@MEAIndia) March 1, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Европа
Русија соопшти дека соборила 36 дронови испратени од Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/04/shahed-136-dron00002-830x0.jpg)
Системите на руската противвоздушна одбрана уништија 36 дронови, испратени од Украина во текот на изминатата ноќ кон територијата на Русија, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Петнаесет беспилотни летала се соборени над Курска област, девет над Липецка, по четири над Воронешка и Брјанска и по два над Орловска и Белгородска, посочи Министерството во објава на социјалната мрежа Телеграм.
Европа
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/isceznata.jpg)
Четиринаесетгодишно девојче е киднапирано во Грција, во месноста Лариса, а активирана е „Амберт алерт“ – килибарна тревога. Девојчето Хрисула Хрисобаланти исчезнало на 27 јуни околу 20.30 часот. Се претпоставува дека девојчето било киднапирано од постаро лице.
Медиумите пренесуваат дека девојчето е високо 155 сантиметри, тешко 55 килограми, долга кафена коса и темнозелени очи.
Во моментот на нејзиното исчезнување носела зелени бермуди, бела маица и бели влечки.
Грчките власти пред неколку дена известија дека трагаат по девојчето Константина-Ирини Р.(16), кое исчезна од предградието Ахарнес во Атина.
Според грчките медиуми, девојчето последен пат била видена во неделата на 16 јуни во вечерните часови.
Регион
Вучиќ го посети повредениот полицаец, му честиташе за неговата смиреност и храброст
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Vucic.jpg)
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска го посети повредениот припадник на Жандармеријата Милош Јевремовиќ (34), кој откако беше ранет од самострел, беше опериран и е во стабилна состојба.
„Пресреќен сум што Јевремовиќ Милош се чувствува добро по операцијата. Му честитав на Милош за неговата извонредна храброст, неговата смиреност и успешно завршената задача во борбата со терористот. Србија нема да има милост кон терористите“, напиша Вучиќ на фотографијата со ранетиот полицаец.
„Им честитам на командирите и на сите во полициските сили за исклучителното однесување на Милош Јевремовиќ, ќе му се оддаде почест штом ќе ја напушти болницата. Важно е што нашиот херој Милош е жив и здрав, покажа како треба да се реагира во таков момент“, изјави претседателот на Србија.
Непознато лице денес со самострел тешко го рани припадникот на жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада.
Припадникот на жандармеријата употребил оружје во самоодбрана и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал.
Министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека во Белград е уапсено уште едно лице под сомнение за терористичко здружување.
„Во Белград е уапсено уште едно лице осомничено за терористичко здружување. Станува збор за лице од Белград, родено 1999 година, кое веќе беше уапсено пред две години бидејќи бил администратор на неколку милитантни групи на Интернет кои повикувале на џихад“, соопшти Дачиќ.
Тој објасни дека случајот против него и понатаму се води, а тој е пуштен од притвор.