Македонија
Без вода повеќе населби во Скопје
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека на 2.3.2022, поради замена на затворач ф-125 мм на „Коце Металец“ бр. 13, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Коце Металец (од број 1 до број 13 и од број 2 до број 82) и дел од улицата Душан Тасковиќ, вклучително и „Ремедика“ и поликлиниката „Железара“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8 часот до завршување со активностите.
– на 2.3.2022, поради дефект на приклучна цевка 6/4 на улицата Владимир Полежиновски 24, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до завршување со санација на дефектот:
– на 2.3.2022, поради поврзување нова водоводна мрежа од Ф-300 мм на улицата Алберт Станиќ 35 во населбата Чаир, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Алберт Станиќ, Војдан Чернодрински, Исмаил Кадаре, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот до санирање на дефектот;
– поради реконструкција на ПС „Водно“, во периодот од 22 часот на 2.3.2022 година до 7 часот на 3.3.2022 година ќе се врши реконструкција на вшмукувачкиот дел од пумпната станица и чистење на резервоарот „Водно“.
Поради овој технички зафат, постои можност за прекин на водоснабдувањето во посочениот временски интервал на дел од населеното место Водно и на клиниките за хематологија и трансфузиологија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

