Свет
Количка и куфер оставени покрај патот, семејствата се гушкаат – тажни слики на границата на Украина и Полска

Повеќе од 350.000 луѓе влегле во Полска од Украина од минатиот четврток кога Русија почна специјална операција со својата армија.
Со денови од европските граници пристигнуваат тажни слики на бегалци од Украина, кои се обидуваат да ја напуштат својата земја поради специјална операција на руската армија.
Потресна глетка утрово е забележана на граничниот премин меѓу Украина и Полска.
На една фотографија се гледа напуштена виолетова количка со куфер до неа. Тие биле оставени покрај патот на граничниот премин Медика во Полска.
Децата што избегаа од конфликтот во Украина се снимени како ја минуваат границата со мајките на пешаците за да се обединат со своите семејства, роднини и пријатели од другата страна.
Трогателните фотографии покажуваат и младо семејство, кое повторно се соединува. Додека мајката го држи синот, доаѓа маж да ги прегрне, кој потоа го зема момчето и го бакнува.
Повеќе од 450.000 луѓе влегле во Полска од Украина од минатиот четврток кога Русија почна специјална операција со својата армија, потврди полскиот заменик-министер за внатрешни работи, Павел Шефернакер.
Тој додаде дека бројот на луѓе што влегле во Полска малку паднал на 98.000 во вторникот, од рекордниот број бегалци регистриран во понеделникот – повеќе од 100.000.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Фајненшл тајмс“: Зеленски можно е оваа недела да го посети Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп може да го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела, објави новинарот на „Фајненшл тајмс“, Кристофер Милер, повикувајќи се на три извори.
Според Милер, средбата би можела да се одржи во петок, на 17 октомври, но други детали засега не се познати.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа во септември за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, а во последните денови имале два телефонски разговора, меѓу другото и за можната испорака на американски крстосувачки ракети „Томахок“ на Украина.
Паралелно, украинската делегација предводена од премиерката Јулија Свириденко започнува недела на преговори со американските претставници во Вашингтон.
Свет
Скандал во Индија: Талибански министер не ги повикал новинарките на прес-конференција

Талибанскиот министер за надворешни работи на Авганистан, Амир Кан Мутаки, предизвика бурни реакции во Индија откако на својата прва прес-конференција во Делхи не ги повикал жените новинарки.
Настанот, на кој присуствувале околу 16 новинари, но ниту една жена, предизвика остри реакции од индиските медиумски организации и опозициски политичари. Тие го оценија инцидентот како „отворена родова дискриминација“.
Под притисок на јавноста, Мутаки следниот ден одржа нова, „инклузивна“ прес-конференција, каде изјави дека исклучувањето на жените било „техничка грешка“.
„Настанот беше организиран во краток рок и поканите беа испратени на ограничен список новинари, без никаква друга намера“, рече тој.
Мутаки моментално престојува во Индија на разговори со претставници од Русија и индиската влада, со цел јакнење на дипломатските врски.
Иако се обиде да ги оправда ограничувањата на жените во Авганистан, индиските новинари остро го прашаа зошто девојчињата таму веќе четири години немаат пристап до образование.
Свет
Лавров ги демантира гласините за труење на Башар ал-Асад

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги отфрли наводите дека Москва наводно се обидела да го отруе поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, кој доби политички азил во Русија.
Како што објави руското издание Info24, Лавров на средба со претставници на арапските медиуми изјавил дека поранешниот сириски лидер и неговото семејство се наоѓаат во Москва „исклучиво од хуманитарни причини“.
„Тие беа изложени на закани со физичко насилство, па руските власти им овозможија азил. Асад нема никакви здравствени проблеми во нашата престолнина. Труење не се случило, а сите што ги шират тие гласини – нека останат со својата совест,“ изјавил Лавров.
Башар ал-Асад беше претседател на Сирија од 2000 година, а земјата ја напушти откако минатиот декември сириските бунтовнички сили влегоа во главниот град Дамаск.