Контакт

Македонија

СДСМ и ДУИ го блокираат и го девалвираат Собранието, обвинува опозицијата

Објавено пред

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и ДУИ го блокираат Собранието.

dobivaj vesti na viber

Според ВМРО-ДПМНЕ, опозициските партии го претвориле законодавниот дом во партиска алатка за нивните интереси.

„СДСМ и ДУИ кршат деловнички и уставни норми кога ќе им текне и потоа со манипулативни соопштенија обвинуваат други. Седум месеци нема пратенички прашања, што значи дека СДСМ и ДУИ ја суспендираа клучната собраниска алатка за контрола на Владата. Дополнително, СДСМ и ДУИ блокираат донесување декларација за Гоце Делчев во годината кога се одбележува јубилејот 150 години од неговото раѓање. СДСМ и ДУИ исто така се обидуваат шверцерски да протуркаат измена на Законот за наставниците, со кој се овозможува партизација на образованието преку вработување наставници на неопределено време, без приправнички стаж. Да не зборуваме огромниот број злоупотреби на европското знаменце за закони што немаат никаква врска со европската регулатива“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се додава дека вчера на четири минути пред почетокот на пленарната седница владејачките партии вметнале точка за разрешување пратеник од позицијата член на Комисијата за избори и менувања, само затоа што не им е дел од коалицијата. Патем, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, ова го направиле прекршувајќи деловнички и уставни норми и без предлог одлука на Комисијата за избори и именување.

 

Македонија

Меџити: Во Чаир почнува реализација мега-проект вреден речиси 1,5 милиони евра

Објавено пред

Од

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, присуствуваше на започнување на градежните работи за реконструкција на водоводниот и канализацискиот систем во населбата Дижонска, општина Чаир, во вредност од 88 милиони денари владин грант.

dobivaj vesti na viber

Меџити пред присутните жители истакна дека со реализацијата на овој, како што рече, мега-проект вреден речиси 1,5 милиони евра, ќе се изврши реконструкција на водоводната, канализациската и атмосферската мрежа на улиците 15 и 17, проект што ќе поврзе 16 улици во населбата Дижонска со нов водовод и канализација.

„Само со овој повик минатата година, Чаир доби близу 3 милиони евра од Владата, додека над 8 милиони евра во проекти беа добиени на почетокот на оваа година, што значи дека за 10 месеци владеење, доделивме над 11 милиони евра грантови за Општина Чаир, од 0 денари доделени од претходната Влада во 2022, 2023 и првата половина од 2024 година, сè до падот на корумпираната Влада со функционери на американската црна листа’’, изјави Меџити.

Меџити истакна дека Владата инвестира во сите општини и ги завршува работите кои требало да бидат завршени многу порано, а како пример ја зеде општина Чаир за која според него, имало 3 годишна блокада.

Прикажи повеќе...

Македонија

Лимани: Нашата визија е општество во кое секое дете има можност да расте во сигурна, грижлива и поттикнувачка средина

Објавено пред

По повод 15 Мај Меѓународниот ден на семејството, министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Северна Македонија Фатих Улусој, испратија пораки до јавноста.

dobivaj vesti na viber

„Денес, по повод Меѓународниот ден на семејството, заедно со амбасадорот на Турција, ги реафирмираме нашите долгогодишни пријателски односи и нашата заедничка посветеност кон унапредување на семејството како основна вредност и столб на општеството.

Семејството претставува извор на стабилност, љубов и солидарност, и затоа нашата соработка се фокусира на креирање политики што ќе го поддржат неговото јакнење – преку социјални услуги, поддршка за младите генерации и развој на инклузивни и одржливи мерки.

Како институција, нашата основна задача е да обезбедиме поддршка за сите форми на семејства и да ги задоволиме нивните различни потреби“.

Во таа насока, нагласи Лимани, министерството активно спроведува низа значајни иницијативи со цел унапредување на заштитата на децата и поддршката на семејствата.

Меѓу нив како што истакна се: Имплементација на Европската детска гаранција, со акцент на еднаков пристап до основни услуги за најранливите деца. Промоција на позитивно родителство, преку обуки, ресурси и поддршка за родителите. Развој на систем за рана интервенција, насочен кон навремено препознавање и поддршка на деца со потешкотии во развојот. Изработка на Национален акциски план за правата на децата (2025–2029), како стратешки документ за унапредување на детските права. Законски измени за зајакнување на заштитата на децата, вклучувајќи формирање на специјализирано тело за следење на нивните права. Унапредување на системот за згрижување, со отворање на нови центри за поддршка на згрижувачките семејства. Изработка на нов Граѓански законик, со што ќе се унапредат семејноправните односи и ќе се приближиме до европските правни стандарди.

Веруваме, додаде Лимани дека преку стратешка соработка, размена на знаења и заедничка посветеност, можеме да создадеме инклузивна, праведна и одржлива заедница за сите.

Прикажи повеќе...

Македонија

Тошковски во Дубаи: Македонија со големо значење во регионалната стабилност и европската безбедност

Објавено пред

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати учествуваше на Светскиот полициски форум – глобална платформа за безбедносна соработка, технолошки иновации и иднината на полициското работење, која обединува полициски лидери и експерти од над 100 држави.

dobivaj vesti na viber

Тошковски во своето обраќање на самитот даде осврт на улогата на Македонија како стратешки позиционирана држава на Балканот, мала по димензии, но голема по значење кога станува збор за регионалната стабилност и европската безбедност.

Тошковски зборуваше за нашите искуства со управувањето со мигрантската криза, справувањето со трговијата со дрога и организираниот криминал, како и за нашата оперативна соработка со НАТО, ЕУ и другите меѓународни партнери.
„Македонија, и покрај ограничените ресурси, покажа способност да даде реален и мерлив придонес во справување со транснационални безбедносни закани“, потенцираше Тошковски.

На маргините на самитот оствари значајна билатерална средба со шефот на Полицијата на Дубаи, Абдула Калифа Ал Мари, на која се заблагодари за можноста нашата држава да биде дел од ваков стратешки форум.

„Договоривме интензивирање на соработката на техничко ниво помеѓу двете институции, со акцент на размена на знаење и искуства, особено во делот на дигиталната трансформација и имплементацијата на алатки базирани на вештачка интелигенција во полициското работење.“, нагласи министерот Тошковски.

Учеството на Светскиот полициски самит не е само симболично, тоа е реална можност за вмрежување со колеги од цел свет, за споделување добри практики и креирање партнерства кои водат до поефикасни, побрзи и покоординирани одговори на современите безбедносни предизвици.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија22 минути

За три години на патиштата загинале 457 лица, објави Државниот завод за ревизија

Во периодот од 2020 до 2023 година на државните патишта се случиле 31.176 сообраќајни несреќи во кои загинале 457 лица,...

Свет58 минути

(Видео) Русија: Турција ги одложи преговорите за попладне; Зеленски пристигна во Анкара

Предложените разговори меѓу Русија и Украина во Истанбул се одложени за четврток попладне на иницијатива на турската страна, изјави портпаролката...

Свет3 часа

Трамп: Можеби ќе одам во Истанбул ако има напредок во разговорите денес

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп штотуку изјави дека може да отпатува за Истанбул утре доколку денешните мировни преговори за Украина...

Регион4 часа

(Видео) Инциденти пред зградата на судот во Нови Сад: туркање меѓу граѓаните и полицијата, фрлен солзавец

Пред зградата на судот и канцеларијата на државниот обвинител во Нови Сад, утрово се собраа голем број граѓани и студенти...

Македонија4 часа

„Скандал: Филипче замина на одмор, од грчките плажи и под палмите во Дубаи пишува статуси за законот за Кочани“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Каде е Венко Филипче? Дали е точно дека 5 дена Венко Филипче е надвор од државата? Тој од 10.5 2025...

Европа4 часа

Зеленски сака да го разоткрие Путин: ја игра неговата игра, но дали ќе успее, анализира „Скај“

Кога Володомир Зеленски денес ќе слета во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, тоа нема да биде...

Македонија5 часа

„На 21 мај ќе се гласа за избор на нов гувернер на Народната банка, а никој не ја ни спомнува можноста на оваа позиција да биде избран Албанец“, велат од ДУИ

„ДУИ изразува незадоволство што ниту Владата, ниту Претседателката, а по линија надолу ниту целата политичка раководната структура, никој не води...

Свет6 часа

Трамп пиеше чај со поранешен џихадист за кого САД нудеа награда од 10 милиони долари

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера пиеше чај со поранешен џихадист за кого до неодамна беше распишана награда од 10 милиони...

Свет7 часа

(Видео) Најмалку 21 лице загинаа во страшна несреќа во Мексико

Најмалку 21 лице загинаа во среда во сообраќајна несреќа на автопат што ги поврзува мексиканските држави Оахака и Пуебла, изјави...

Европа7 часа

Трамп го откажа учеството на преговорите по објавувањето дека Путин нема да присуствува

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да оди во Турција за да учествува на руско-украинските разговори, изјави американски функционер. Тој ја...

Европа7 часа

Русите без Путин одат на преговори со Украинците

Кремљ вчера вечер ги откри членовите на делегацијата што денеска ќе учествува во директните преговори со Украина во Истанбул, но...

Економија24 часа

Автоматски ќе има мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не знае за поскапувања  

Ќе има автоматски мерки што ќе важат до крајот на годината ако се утврди скок на цените, Мицкоски засега не...

Економија1 ден

Мицкоски најавува инвестициски бум од речиси 2 милијарди евра: ќе се инвестира во здравството, енергетиката, а ќе се реконструира и модернизира и железничкиот транспорт

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што предвидува планот за инфраструктурен бум...

Македонија1 ден

Судот ги одмрзнал паричните средства во случајот со „РЕК Битола“, Обвинителството бара нивно повторно замрзнување

Основното јавно обвинителство Битола вчера одново побара од Основниот суд во Битола да донесе одлука за определување привремена мерка –...

Македонија1 ден

Јаневска за одењето во Здравство: Ќе бидам таму каде што премиерот ќе одлучи дека државата има потреба од мене

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, втор ден резервирано одговара на прашањата дали ќе стане министерка за здравство иако...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачки: Таравари јавно да одговори со што е уценет од СДС и ДУИ

Таравари мора јавно да одговори со што е уценет од криминалното дуо СДС и ДУИ. Таравари дојде на власт со...

Македонија1 ден

(Фото) Спречени обиди за шверцување лекови и медицински материјали

Царинската управа извести за спречени обиди за криумчарење лекови, стоматолошки материјали, очила со диоптер, поголема количина цигари, мотоцикл, УПС уреди...

Свет1 ден

Макрон најавува можност за распоредување нуклеарно оружје во цела Европа

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Франција е подготвена да разговара за можноста за распоредување на своето нуклеарно оружје во...

Европа1 ден

(Видео) Путин: Идиоти, воведуваат санкции, паѓаат во рецесија само за да ни наштетат

Рускиот претседател Владимир Путин вчера одржа состанок со членовите на јавната организација „Бизнис Русија“. Тој ги коментира санкциите што ЕУ...

Свет1 ден

Судот на ЕУ: Комисијата мораше да ги објави СМС-пораките меѓу Фон дер Лајен и шефот на „Фајзер“

Европската комисија погреши кога одби да ги објави текстуалните пораки меѓу Урсула фон дер Лајен и извршниот директор на „Фајзер“,...