Свет
Русите пристигнаа на преговори, се чекаат Украинците
Руската делегација пристигна во Белорусија на вториот круг од преговорите со Украина, изјави за „Русија 24“ шефот на руската делегација Владимир Медински, додавајќи дека украинската делегација го напуштила Киев и е на пат за Белорусија.
Се очекува да пристигне в четврток рано наутро по локално време.
Украинската и руската делегација ќе бидат претставени со истите членови како и во првиот круг, објави руската државна новинска агенција РИА.
„Белоруските специјални служби целосно ја обезбедуваат ситуацијата во Белорусија, а нашата армија ќе обезбеди безбеден премин за движење на украинската делегација“, рече Медински, заблагодарувајќи и се на Белорусија што ја организира средбата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Петчлено семејство загина во тешка сообраќајка кај Ушќе
Петчлено семејство вчера околу 13 часот и 10 минути загина во тешка сообраќајна несреќа кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, во судир учествувале патничко возило и борбено возило „ПАСАРС на српските вооружени сили.
Во патничкиот автомобил имало три деца, мајка и татко, јави РТС.
Министерството за одбрана соопшти дека борбеното возило на Војската на Србија се движело во правец на Рашка и било во колона под придружба на воената полиција
Регион
Повредени и загинати при судир на воено и цивилно возило на патот Краљево-Рашка
Борбено возило „ПАСАРС“ на војската на Србија денеска околу 13 часот и 10 минути се судрило со цивилно возило кај градот Ушќе на патот Краљево-Рашка, соопшти Министерството за одбрана.
Борбеното возило – противвоздушен самооден артилериско-ракетен систем во колона под придружба на воената полиција се движело кон Рашка.
Според првите информации има повредени и загинати, се вели во соопштението на Министерството.
Европа
Вонредна состојба во Италија, поплавени се два региони
Италија прогласи вонредна состојба денеска за два поплавени региони на северот од земјата по неколкудневните поројни врнежи.
Поројните врнежи предизвикаа поплавени патишта во двата региона. Вкупно, повеќе од 2.500 луѓе мораа да бидат евакуирани од своите домови. Зафатени се неколку градови, вклучувајќи ги Болоња, Модена и Равена, како и приморското одморалиште Римини на јадранскиот брег.