Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Фрчкоски е човек со сомнително минато, a Пендаровски го праќа во ОН
Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако беше објавено дека претседателот Стево Пендаровски денеска го потпишал указот со кој професорот и поранешен министер за надворешни и за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски, се назначува за амбасадор во Организацијата на обединетите нации во Њујорк.
„Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90-тите години.
Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека САД не го прифатиле Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега, како што се посочува, Пендаровски повторно го праќа на нивна територија, во Њујорк.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

