Свет
Орбан: Унгарија нема да стави вето на санкциите кон Русија, но нема да ги прекинеме енергетските врски со Русија

Унгарија нема да стави вето на санкциите на Европската Унија против Русија, а единството на 27-те членки на Европската Унија е најважно со оглед на војната во Украина, која Унгарија недвосмислено ја осудува, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Оваа недела Унгарија се приклучи на иницијативата на претседателите на осум земји од ЕУ да почнат преговори за членство со соседна Украина, но Унгарија, членка на НАТО, одби да пренесе смртоносно оружје од својата територија до источниот сосед.
На педесет и осумгодишниот Орбан му претстојат избори за четири недели, но неговата кампања е попречена од зголемената инфлација и последиците од војната во Украина, а фондовите на ЕУ се замрзнати поради спорот за демократските стандарди.
„Го осудуваме рускиот напад бидејќи таа ја почнаа војната против Украина“, изјави Орбан во четвртокот.
„Страните мора што побргу да се вратат на преговорите. Цела Европа треба да работи на мирот“, рече Орбан.
Орбан, кој беше силно критикуван од унгарската опозиција за неговите пријателски врски со Москва, рече дека врските на Унгарија со Русија до неодамна биле урамнотежени и правични, но дека војната создала нова ситуација.
Сепак, тој рече дека нема причина да се прекинат енергетските врски со Русија.
На прашањето што доведе до војната, Орбан рече дека се најдовме во вкрстен оган на големите геополитички играчи.
„НАТО постојано се шири кон исток, а тоа не ѝ се допаѓа на Русија. Русите побараа Украина да прогласи неутралност и НАТО да не ја прифати Украина. Русите не ги добија овие безбедносни гаранции, па решија да ги надминат во војната, а тоа е геополитичкото значење на оваа војна. Русите сега ја преуредуваат безбедносната карта на континентот, нивната визија за безбедносната политика е дека Русија мора да биде опкружена со неутрална зона за да се чувствува безбедно,“ рече тој.
Орбан верува дека Кина набргу ќе стане најголемата сила.
„Како што стојат работите денес, Кина набргу ќе биде најсилната економска и воена сила во светот. САД се во пад, а Кина е сѐ посилна“, рече Орбан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Затворската казна за Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал

Затворската казна изречена на поранешниот француски претседател Никола Саркози ја подели земјата околу тоа како судиите се справуваат со случаите на политички криминал, додека лидерката на крајната десница Марин Ле Пен се подготвува да се обиде да ја поништи пресудата за проневера и да се кандидира за претседател во 2027 година, објави Ројтерс.
Парискиот суд ја шокираше политичката сцена во четвртокот кога на Саркози му изрече казна затвор од пет години затвор за криминален заговор во врска со обидот за собирање средства за кампања во Либија, објави агенцијата.
Саркози ќе биде и првиот претседател на Франција по Втората светска војна, кој ќе биде затворен.
Свет
Зеленски ќе возврати ако Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина

Претставници на украинската Влада ќе ги посетат Соединетите Американски Држави кон крајот на септември или октомври за разговори за прашања, како што се економијата и оружјето, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинскиот претседател беше во САД оваа недела, каде учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој рече дека споделил со Трамп „одредена визија за тоа што може да се направи“ како одговор на руските дејствија. Зеленски вети дека ќе возврати доколку Москва предизвика прекин на електричната енергија во Украина.
Свет
Најголемата воена база во Данска ја надлетуваат неидентификувани беспилотни летала

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.
– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.
Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.
Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.