Македонија
Вкупно 14 починати и 467 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.533 теста, а регистрирани се 467 нови случаи на Ковид-19, и тоа од: Скопје – 245, Куманово – 34, Велес – 22, Битола – 20, Прилеп – 19, Кавадарци – 18, Тетово – 17, Охрид – 13, Струга и Ресен – по 8, Штип, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Струмица, Кичево и Дебар – по 6, Гостивар – 5, Кочани, Неготино и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 2, Берово и Виница – по 1.
Од вкупниот број позитивни (467), регистрирани се 58 реинфекции.
Регистрирани сe 414 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 202, Битола – 28, Кавадарци и Велес – по 26, Куманово – 21, Прилеп – 19, Штип – 13, Тетово – 12, Струмица – 10, Кичево – 9, Крива Паланка – 8, Гостивар – 7, Гевгелија – 6, Струга – 5, Радовиш – 4, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 3, Охрид, Ресен и Валандово – по 2, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 од Скопје (88, 88, 85 и 75) и по едно од Дебар (88), Кавадарци (71), Демир Хисар (80), Охрид (67), Демир Капија (82) и од Неготино (87). Од пријавените лица, сите се починати во болнички услови.
Во согласност со регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77 до 85 години. Лицата за починати се пријавени во периодот од 10.2. до 26.2.2022. Од пријавените, едно лице е починато во болнички услови, а 3 во домашни услови.
Од вкупниот број починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.533 теста преку: ИЈЗ – 279, ЦЈЗ Скопје – 64, ЦЈЗ Битола – 83, ЦЈЗ Прилеп – 31, ЦЈЗ Тетово – 5, ЦЈЗ Куманово – 69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина – 0, лабораторија во болницата во Козле – 21, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0, Институт за микробиологија – 162, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 48, „Авицена“ – 85, „Биотек“ – 75, „Систина“ – 56, лабораторија „Лаор“ – 39, „Синлаб“ – 17, „Ремедика“ – 15, „Плодност“ – 16, „Генеа“ – 6, „Никоб лаб“ – 206, „ВФВ медикал“ – 44, „Ели медика“ – 27, „Ројал медика“ – 7, „Спектра-ММ“ – 3, „Рапид лаб“ – 14, „Жан Митрев Струмица“ – 9, „Нова лаб дијагностика“ – 6, Рамус“ – 16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.129.
Досега во земјата се направени вкупно 1.898.672 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.662, бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050 а бројот на активни случаи изнесува 3.233.
Според епидемиолошките анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 139.484, Активни 1.779
Куманово 16.211, Активни 155
Битола 14.284, Активни 160
Прилеп 13.594, Активни 151
Тетово 13.325, Активни 92
Кавадарци 10.156, Активни 118
Велес 9.477, Активни 127
Гостивар 9.380, Активни 51
Охрид 8.541, Активни 77
Струмица 7.915, Активни 41
Штип 7.901, Активни 38
Кичево 5.406, Активни 68
Кочани 4.956, Активни 22
Струга 4.633, Активни 41
Гевгелија 4.270, Активни 69
Неготино 3.607, Активни 34
Свети Николе 2.603, Активни 14
Ресен 2.583, Активни 46
Радовиш 2.470, Активни 13
Крива Паланка 2.379, Активни 31
Делчево 1.895, Активни 12
Дебар 1.639, Активни 12
Берово 1.625, Активни 4
Валандово 1.458, Активни 5
Виница 1.339, Активни 1
Пробиштип 1.256, Активни 7
Богданци 1.001, Активни 16
Кратово 931, Активни 8
Крушево 902, Активни 8
Демир Хисар 807, Активни 11
Македонски Брод 723, Активни 7
Демир Капија 577, Активни 9
Македонска Каменица 520, Активни 5
Пехчево 482, Активни 0
Дојран 331, Активни 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Осум македонски државјани најдоцна до утре ќе бидат евакуирани од Израел, 28 побарале помош

Заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
Министерот нагласи дека веднаш по добиените информации за ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток, Министерството преку дипломатско-конзуларното претставништво во Израел започнало активности за евакуација на македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на таа земја. Формиран е кризен штаб со примарна надлежност за организација на безбедно извлекување на нашите државјани, а Амбасадата во Тел Авив од самиот почеток на кризата е во редовна и директна комуникација со нив.
„Согласно најновите информации, заклучно со денешниот ден, вкупно 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација. Првата фаза од процесот ќе се реализира преку трета земја – Египет. Очекуваме осум наши државјани (четири возрасни лица и четири деца) до крајот на денешниот ден, или најдоцна утре, да бидат префрлени на безбедна територија, од каде што по воздушен пат ќе се изврши нивно враќање во земјата“, изјави Муцунски.
Тој додаде дека македонската амбасада во Тел Авив активно ги финализира подготовките за првата група – вклучително и обезбедувањето на потребната документација, логистиката и организацијата на безбеден конвој за трансфер кон Египет.
„Како што беше побарано од самите државјани, втората група се очекува да ја напушти територијата на Израел и да замине кон нашата држава веднаш по воспоставувањето на редовен авионски сообраќај од аеродромот во Тел Авив“, додаде министерот.
Со оглед на прекинот на редовниот воздушен сообраќај со Израел, оваа фаза од евакуацијата ќе се реализира со авион во сопственост на Владата, кој ќе обезбеди транспорт за првата група државјани кои изразија подготвеност веднаш да ја напуштат територијата на Израел.
Муцунски посочи дека персоналот на нашата амбасада се наоѓа на безбедна локација и останува постојано на располагање на македонските граѓани. Воедно, потсети дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија упати апел до сите наши државјани да се воздржат од патувања во Израел и Иран, освен во случаи на апсолутна неопходност.
„Повторно нагласуваме дека 24-часовно се достапни дежурните телефонски броеви на Министерството и на нашата амбасада во Тел Авив за сите прашања, поддршка и конзуларна помош“, подвлече министерот.
На крајот на прес-конференцијата, Муцунски упати апел до сите страни да го почитуваат меѓународното право и да покажат воздржаност.
„Внимателно ја следиме состојбата на Блискиот Исток и ја изразуваме нашата најдлабока загриженост за опасната ескалација. Ја повторуваме нашата силна посветеност на регионалната и глобалната безбедност и апелираме до сите страни да го почитуваат меѓународното право, да покажат воздржаност и да се воздржат од понатамошни дејствија кои би можеле да доведат до сериозни последици“, заклучи министерот Муцунски.
Македонија
Првата Национална младинска летна школа за социјална инклузија од денеска е официјално отворена

Министерството за социјална политика, демографија и млади, во соработка со Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), денеска официјално ја отвори првата Национална младинска летна школа за социјална инклузија.
Младинската летна школа ќе се одржува од 16-ти до 20-ти јуни во Маврово, а повикот за учество на истата беше наменет за млади од Северна Македонија кои се на возраст од 16 до 22 години.
Приближно 40 млади луѓе имаат можност да учествуваат во младинската летна школа која што претставува платформа за зајакнување на младите како агенти за промени. Учесниците, преку интерактивни методи на работа ќе имаат можност да се запознаат и дружат со врсници од целата земја и да се стекнат со нови вештини поврзани со личен развој, интерперсонални односи и тимска работа.
Како што беше наведено и во повикот, летната школа ќе се заснова на пристапот „Спорт за развој“, користејќи го спортот како педагошка алатка за промовирање на младинската едукација, инклузија и личен развој на учесниците.
На отворањето на младинската летна школа присуствуваше државниот секретар на министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу кој во своето обраќање нагласи дека социјалната инклузија не е само збор, туку дека тоа е животна мисија.
„Вашата енергија, креативност и желба за правичност се клучот за градење на општество каде секој ќе има еднакви шанси да се развива и да живее достојно. Оваа летна школа е ваш простор да ги развиете тие вештини, да се поврзете со луѓе кои го делат истиот ентузијазам и се надевам дека ќе ви донесе не само знаење, туку и инспирација, храброст и сила да продолжите понатаму, и покрај сите предизвици. Нека оваа енергија и заедништво што ќе ги изградите овде, ве водат низ цел живот,“ порача Сабриу.
Тој на присутните млади им посака многу успешни денови, фер плеј, искрени пријателства и безброј моменти со кои ќе се потврди дека се на вистинското место, со цел да го направат светот подобар!
„На нас останува да продолжиме да ве подржуваме и вложуваме во вас, затоа што само така ќе изградиме здрава, активна и самосвесна генерација – генерација која ќе го гради подоброто утре!“,рече Сабриу.
Македонија
Утре сончево и топло време

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во западните, претежно планински региони ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Во следните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во четврток и во петок.