Македонија
(Видео) Илиевска: Власта знаела за војната во Украина, а 5 месеци не преземала ништо за да ги наполни државните резерви

Имавме можност да чуеме изјава од Пендаровски дека тој знаел уште на 8 ноември минатата година дека ќе има војна меѓу Русија и Украина и цели 5 месеци државниот врв не презел ништо во однос на обезбедување резерви и подготовка за кризна ситуација, посочи на денешната прес-конференција Анастасија Илиевска од ВМРО-ДПМНЕ.
Како што нагласи таа, дури на 24 февруари бил свикан Советот за безбедност, на кој, рече таа, очигледно не се донесени мерки за заштита на граѓаните од последиците што ги предизвикува оваа војна.
„Ако стоковите резерви за пченка и пченица се полни, тогаш зошто не се пушти во оптек дел од пченицата, со што ќе се спречеше пораст на цената на брашното и лебот? Или можеби и ова е уште една невистина, па пченицата што ќе ја добиеме од Србија е единствената на која може да сметаме? Владата треба да одговори и што направила во врска со неопходните резерви гориво и дали во земјата има доволно?“, нагласи Илиевска, која зборувајќи за предлог-мерките на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека потребно е да се реагира веднаш зашто ненавременоста ќе ја чини државата стотици милиони денари, понизок стандард, зголемена сиромаштија и глад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.
Македонија
Активни четири пожари во Македонија

До 07:00 часот утрово регистрирани се 23 пожари во Македонија, од кои четири се активни, два се под контрола, а 17 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.
Активни пожари: 4
1. Општина Чашка: над Богомила (мешана шума)
2. Општина Липково: помеѓу с. Ваксинце – с. Слупчане (нискостеблеста шума)
3. Општина Студеничани: с. Дречавица (шумски пожар во планина)
4. Општина Македонски Брод: с. Грешница (деградирана нискостеблеста шума)
Пожари под контрола: 2
1. Општина Долнени: с. Стровија, зад место викано Гајдарец – Клепало (нискостеблеста шума)
2. Општина Желино: с. Церово (мешана шума)
Изгаснати пожари: 17
1. Општина Берово: Планина Готен кон Малешевските планини (бор, бука, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Брвеница: с. Милетино (запалени ниви)
3. Општина Струмица: с. Доброшинци (депонија)
4. Општина Гевгелија: с. Прдејци (ниска вегетација)
5. Општина Куманово: Стара Циглана (ниска вегетација)
6. Општина Крушево: Градски гробишта Игумења (ниска вегетација)
7. Општина Долнени: с. Дебреште (депонија и ниска вегетација)
8. Општина Струга: помеѓу с. Долна Белица – с. Велешта (ниска вегетација)
9. Општина Студеничани: мостот на Маркова Река (ниска вегетација)
10. Општина Сарај: (сува трева и ѓубре)
11. Општина Сарај: с. Рашче (мешана шума)
12. Општина Сарај: с. Буковиќ (нискостеблеста вегетација)
13. Општина Арачиново: до Обиколница (ниска вегетација)
14. Општина Кисела Вода: с. Горно Лисиче (ниска вегетација)
15. Општина Чучер Сандево: Качанички пат (ниска вегетација)
16. Општина Прилеп: с. Алинци (депонија)
17. Општина Прилеп: позади маркет „Стибера“ (ниска вегетација)
18. Општина Студеничани: на стариот пат за с. Батинци (ниска вегетација и ѓубре)
————————