Македонија
Поддршка од Вашинтон за „Отворен Балкан“ и неговото проширување

Делегација на Владата, составена од националните координатори Марјан Забрчанец и Нола Исмајлоска-Старова и советникот на премиерот за надворешна политика, Едмонд Адеми, имаше работна средба во Вашингтон со Габриел Ескобар, заменик-помошник на државниот секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, во рамките на студиската посета во САД на регионалната координативна група на иницијативата „Отворен Балкан“.
На средбата, претставниците на „Отворен Балкан“ од Северна Македонија, Албанија и Србија, со претставниците на Стејт департментот на САД разговараа за важноста на регионалното поврзување и на слободното движење луѓе, капитал, добра и услуги. Тие уште еднаш ја потврдија отвореноста на иницијативата за приклучување на Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово во иднина.
Претставниците на Стејт департментот изразија силна и недвосмислена поддршка за европската интеграција на целиот регион на Западен Балкан и особено за регионалната економска и политичка соработка, како што е „Отворен Балкан“. Иницијативата „Отворен Балкан“ беше оценета како соработка што дава конкретни резултати, која е препознаена од граѓаните, компаниите и од институциите и која е на линија со европските политики и регулативи.
Западен Балкан има недвосмислена европска иднина, земјите од регионот треба да станат членки на Унијата во разумен рок бидејќи со тоа ќе донесат нови можности за Европа, беше истакнато за време на состанокот.
Во рамките на студиската посета, која е во организација на Атлантскиот совет од САД, претставниците на „Отворен Балкан“ од Северна Македонија, Албанија и од Србија имаат средби и со претставници на американскиот Сенат, како и со претставници на меѓународните организации НЕД, НДИ и ИРИ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Борче Стамов и д-р Ирфан Ахмети ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“

Борче Стамов од „Донирај компјутери“ и доц. д-р Ирфан Ахмети од Универзитетската клиника за ендокринологија, денеска во Собранието ќе ја примат државната награда „Мајка Тереза“.
„На 26 август 2025 година (вторник), во Кристалната сала на Собранието на Република Северна Македонија, во 11:00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе ја додели државната награда „Мајка Тереза“ за 2025 година за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на хуманоста и човечката солидарност и за потикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери“, соопштија од Собранието.
Македонија
Без струја делови од Центар и Карпош

Без струја денеска ќе останат делови од Центар и Карпош, извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 26.08.2025 година (вторник), без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците на бул. Партизански Одреди бр. 15, односно стамбените објекти околу објектот – Луна Бизнис Центар. (Општина Центар )
· од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од дел од ул. Козле крак -22. (Општина Карпош)
Македонија
Патот Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за сообраќај

Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје сѐ уште е затворен за секаков вид на возила, информира АМСМ.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини поради летните одмори е зголемен меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.