Свет
Советник на претседателот на Украина: Третата рунда разговори најавена за викенд

Советникот на шефот на кабинетот на украинскиот претседател Михаил Подољак денеска изјави дека третата рунда преговори меѓу Украина и Русија би можела да се одржи на 5 или 6 март.
Подољак објасни дека во Белорусија се водат преговори, бидејќи руската страна отфрла која било друга земја како посредник.
„Можеби подоцна тоа ќе биде друга земја, Турција или Унгарија, или Полска, на пример, бидејќи Белорусија се користи како отскочна штица за напад на нашите градови“, посочи тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Унгарија забранува јавни активности на ЛГБТ заедницата во земјата

Унгарскиот парламент усвои уставен амандман што ѝ дозволува на владата да забрани јавни активности на ЛГБТК+ заедницата, објави денес АП.
Адвокатите и критичарите ја оценија одлуката на унгарскиот парламент како уште еден чекор кон авторитаризам, наведувајќи дека популистичката влада продолжува да ги ограничува правата на ЛГБТК+ заедницата
Амандманот беше предложен од владејачката коалиција Фидес-КДНП, предводена од премиерот Виктор Орбан, а пред гласањето, опозициските политичари и демонстрантите се обидоа да го блокираат влезот во паркинг-гаражата на парламентот за да ги спречат пратениците на владејачката партија да влезат, а полицијата ги отстрани.
Амандманот предвидува забрана за јавни ЛГБТК+ настани, вклучително и Парадата на гордоста, која привлекува илјадници посетители годишно во унгарскиот главен град, Будимпешта.
Новиот амандман им овозможува на Унгарците кои имаат двојно државјанство во земја надвор од Европската економска зона да им биде суспендирано државјанството доколку се сметаат за закана за јавниот ред, јавната или националната безбедност.
Ова е 15-тиот последователно усвоен амандман на Унгарскиот Устав, кој партијата на Орбан го изготви и одобри во 2011 година.
Свет
Педофилска група сексуално злоупотребувала деца во Глазгов седум години

Педофилска банда од седум мажи и жени од Глазгов дејствувала непречено седум години и покрај очигледните предупредувачки знаци. Неколку деца, вклучувајќи некои сè уште во пелени, биле подложени на организирани „ноќи на силување“. Сторителите се зависници кои им давале на децата и алкохол и кокаин.
Никој од присутните не се обиде да им помогне на децата, сите помлади од 13 години. Наместо тоа, тие аплаудираа, снимаа и платија за да продолжи злоупотребата, пишува Скај њуз.
Едно момче се сеќава на звукот на тајмерот што означувал кога едно силување завршило, а друго започнало. Овој ужас се одвивал зад вратите на една валкана зависничка дупка, стан на приземје во предградие на Глазгов исполнето со инсекти, познато како „куќата на ѕверот“.
Бандата дури и ги принудувала децата од основно училиште да јадат храна за кучиња и да се злоставуваат меѓусебно додека тие гледале. Ги туркале во микробранови печки и ги заклучувале во замрзнувачи. Едно девојче било обесено за облеката на шајка во кујната.
За време на судењето во 2023 година, на кое седум насилници беа осудени на години затвор, судијата Лорд Бекет рече дека скандалот ги достигнал „длабочините на човечката изопаченост“.
Педофилската банда се состоела од: Иан Овенс (46), Елејн Ланери (40), Лесли Вилијамс (43), Пол Бранан (42), Скот Форбс (51), Бери Вотсон (48) и Џон Кларк (48). Тие беа осудени на вкупно речиси 100 години затвор.
Сепак, се поставува прашањето како воопшто можело да се случи ова. Децата биле посетени од социјални работници, тие дури биле регистрирани во регистарот на заштитени деца во 2018 година пред полицијата да го реши случајот во 2020 година.
Како е можно децата да биле силувани редовно и организирано, а во исто време да биле во регистар дизајниран да го спречи тоа? Полицијата обработи речиси 1000 докази.
„Скај њуз“ го посети споменатото предградие на Глазгов, но никој не сакаше да разговара.
„Скај њуз“ дознава дека хуманитарните организации, исто така, изразиле загриженост. Дејствијата на социјалните работници, полицијата и службите за заштита на децата сега се истражуваат во независна ревизија. Овие прегледи се вообичаени низ цела Велика Британија кога дете е сериозно повредено или убиено. Но, колку се ефикасни ревизиите ако трагедиите продолжуваат да се случуваат?
Поранешниот комесар за деца во Шкотска и водечки експерт за заштита на децата, Там Бејли, изјави за „Скај њуз“ дека целиот процес се преиспитува.
Свет
(Видео) Се спушти густа портокалова магла во Ирак, луѓето се задушуваат, нема струја, летовите откажани

Повеќе од илјада луѓе се пожалиле на респираторни проблеми кога песочна бура ги погоди централните и јужните делови на Ирак, соопштија здравствените власти.
Официјален претставник од покраината Мутана изјави дека се регистрирани најмалку 700 случаи на задушување, според АФП.
Неверојатни снимки кружат на социјалните мрежи, на кои се гледаат области покриени со густа портокалова магла, а локалните медиуми известуваат за прекини на електричната енергија и откажувања летови во неколку региони.
Ive never seen a sandstorm like this before pic.twitter.com/dBGNb7MiML
— Ali (@IraqMarxist) April 14, 2025
Песочните бури се честа појава во Ирак, но некои експерти веруваат дека тие стануваат сè почести поради климатските промени. Пешаците и полицијата носеа маски за да се заштитат од прашината, а медицинските екипи беа на терен за да им помогнат на луѓето што имаа тешкотии со дишењето.
Повеќе од 250 лица побарале медицинска помош во покраината Наџаф, најмалку 322 пациенти, вклучувајќи деца, биле примени во болници во покраината Диванија, а најмалку 500 други пријавиле проблеми со дишењето во покраините Ди Кар и Басра. Песочната бура ги покри јужните провинции на Ирак со портокалов облак, што ја намали видливоста на помалку од еден километар, пишува Би-би-си.
Властите беа принудени да ги затворат аеродромите во провинциите Наџаф и Басра. Според податоците на ОН, Ирак е меѓу петте земји најранливи на климатските промени, со чести песочни бури, екстремна топлина и недостиг на вода.