Економија
Златен и сребрен медал за вината на винарија „Венец“ на престижниот вински натпревар во Германија
Сојузот на стопански комори на Македонија соопшти дека винаријата „Венец“, кој е негов истакнат член, е добитник на златен и на сребрен медал на пролетното издание на престижниот натпревар на вино „Мундус Вини“. Виното „Вранец Орле“ берба 2019 година го освои златото, а виното „Темјаника Кориjа“ берба 2021 година е закитено со сребрен метал. Фестивалот се одржа по 30 пат од 22-27 февруари 2022 година во Германија.
„Овие награди значат промоција и афирмација на македонското вино кое според својот квалитет е на исто рамниште со големите светски производители. Виното покрај економските придобивки на земјата во себе носи и симболична вредност поврзана со традицијата и историјата што го прави и најдобар бренд амбасадор на земјата. Препознавајќи го овој потенција потребно е во производство на грозје и на вино во нашата земја многу повеќе да се инвестира и истото да се афирмира на надворешните пазари бидејќи има големо извозно трговско значење. Ако тоа се направи успехот е неминовен“, изјави Кире Ристов, енолог и одговорно лице во винарија „Венец“.
Виното „Вранец Орле“ потекнува од истоимениот микролокалитет Орле каде се наоѓа и лозовиот насад на 600 м.н.в. Лозјето е старо повеќе од 22 години и се одликува со уникатен карактер кој го одликува тероарот на Дисанијата со интензивна темно-црвена боја, овошен арома на зрели капини и сливи. Виното е одлежано 18 месеци во 228 литарски француски дабови буриња.
Виното „Темјаника Корија“ исто така потекнува од истоимениот микролокалитет Корија кој се наоѓа во атарот на селото Долни Дисан на 400 м.н.в. Лозовиот насад е стар повеќе од 17 години кој го изразува унникатниот карактер на самиот тероар во Дисанијата за сортата Темјаника. Се одликува со светло-жолта боја, арома на свеж босилек и бозел и го прави вкусно и возбудливо за пиење .
Винарија „Венец“ произведува вино од 1952 година и користи различни рачно изработени, рафинирани техники и со тоа создава традиција повеќе од 50 години за подготовка на вина, а во процесот на обработка посветува особено внимание. Вината на „Венец“ предизвикуваат пријатно искуство и ги оживуваат сетилата со подобрување на аромите и текстурите, притоа откривајќи го уникатното грозје. Компанијата минатата година доби признание за „Македонски квалитет“, кое го доделува Сојузот на стопански комори и Претседателот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.