Македонија
Диковски: Граѓаните да бидат спокојни, има доволно пченица и месо
Пченица има повеќе од времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немаше криза, граѓаните да бидат спокојни, порача на прес-конференција, Трајан Диковски – член на Комисија за земјоделие на СДСМ,
„Пченица има доволно и снабдувањето е во најдобар ред, а што е можеби и поважно домашното производство е зголемено. Тоа се должи на успешните земјоделски политики на СДСМ во изминатите години. Сите лажни вести и дезинформации на ВМРО-ДПМНЕ, преку кои се обидуваат да ја вознемируваат јавноста паднаа во вода. Во последните години не само што производството на пченица не е намалено, тоа е и значително зголемено во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога немало криза“, рече Диковски.
Како што додаде, ако пред пет години, во 2017 година, домашното прозиводство на пченица било 195.888 тони, тоа во 2021 година изнесувало 253.674 тони.
Диковски смирува дека има доволно и месо, а Владата и надлежните институции предводени од СДСМ преземаат мерки за унапредување на домашното производство на месо. Во таа насока е и вчерашниот договор со претставници на здруженијата за дополнителна финансиска помош за одгледувачите на свињи, како и поддршка за сточарите, со што ќе се спречи поскапување на цената на месото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска посебен режим на сообраќај во Скопје
Денеска од страна на Сојузот на синдикати на Македонија ќе биде одржан протест пред Собрание на Македонија на улицата „11-ти Октомври“ и улицата „Даме Груев“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од (село Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот, извести АМСМ.
Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п.Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30 метри, Ѓавато до 100 метри и планинскиот превој Крушево до 40 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект ф-100мм на крстосницата Његошева/Софиска, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, Његошева, Бриселска, Копенхагенска, Стокхломска, Петар Драганов и Гаврил Лесновски, општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

