Македонија
Регистрирани 340 нови случаи на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.557 тестови, а регистрирани се 340 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 198, Велес – 21, Куманово – 17, Прилеп – 16, Битола – 14, Кавадарци – 13, Тетово – 10, Гостивар и Ресен – по 8, Гевгелија – 7, Кичево и Радовиш – по 5, Кочани – 3, Неготино, Берово и Богданци – по 2, Охрид, Штип, Струга, Крива Паланка, Дебар, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1. Од вкупниот број на позитивни (340), регистрирани се 56 реинфекции.
Регистрирани сe 526 оздравени пациенти од: Скопје – 262, Велес – 29, Куманово – 28, Прилеп – 25, Битола – 24, Кавадарци – 23, Тетово – 22, Гостивар – 21, Ресен – 16, Гевгелија – 12, Кичево – 9 , Радовиш, Кочани и Неготино – по 7, Берово, Богданци и Охрид – по 4, Штип, Струга, Крива Паланка и Дебар – по 3, Валандово, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 2, Струмица и Свети Николе – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 2 починати лица од Скопје (84г) и Кичево (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 9 починати лица од: Скопје (4), Куманово (1), Гостивар (1), Свети Николе (1), Крушево (1) и Гевгелија (1).Починатите лица се на возраст од 63г. до 93г. Лицата за починати се пријавени вопериод од 16.02. до 04.03.2022. Од пријавените 4 лица се починати во
болнички услови, а 5 лица се починати во домашни услови. Од вкупниот број на починати лица, кај 8 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.557 тестови преку: ИЈЗ-351, ЦЈЗ Скопје-48, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-47, ЦЈЗ Тетово-4, ЦЈЗ Куманово-61, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-17, УК Пулмологија со алергологија –3, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-44, Авицена-85, Биотек-142, Систина-57, лабораторија Лаор-46, Синлаб-10, Ремедика-15, Плодност-38, Генеа-4, Никоб Лаб-227, ВФВ Медикал-26, Ели Медика-17, Ројал Медика–5, Спектра-ММ-8, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–13, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.200.
Досега во земјата се направени вкупно 1.910.601 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 300.106, бројот на оздравени пациенти е 288.761, на починати е 9.097 а бројот на активни случаи изнесува 2.248.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)
Скопје 140127, Активни 1291
Куманово 16319, Активни 106
Битола 14366, Активни 113
Прилеп 13689, Активни 122
Тетово 13353, Активни 73
Кавадарци 10215, Активни 85
Велес 9528, Активни 96
Гостивар 9467, Активни 31
Охрид 8542, Активни 33
Штип 7920, Активни 22
Струмица 7915, Активни 14
Кичево 5455, Активни 38
Кочани 4985, Активни 12
Струга 4656, Активни 20
Гевгелија 4288, Активни 33
Неготино 3622, Активни 20
Ресен 2618, Активни 40
Свети Николе 2605, Активни 5
Радовиш 2484, Активни 12
Крива Паланка 2382, Активни 14
Делчево 1900, Активни 0
Дебар 1648, Активни 13
Берово 1630, Активни 6
Валандово 1460, Активни 4
Виница 1350, Активни 5
Пробиштип 1259, Активни 4
Богданци 1004, Активни 5
Кратово 942, Активни 9
Крушево 908, Активни 2
Демир Хисар 815, Активни 9
Македонски Брод 731, Активни 3
Демир Капија 581, Активни 4
Македонска Каменица 521, Активни 3
Пехчево 482, Активни 1
Дојран 339, Активни 0
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
За три дена, 109 повредени од Кочани доставиле барања и предлози на телефонската линија на Владата

109 граѓани за три дена од пуштање на телефонската линија за повредените лица и нивните семејства, која е во директна комуникација со Канцеларијата на Ппретседателот на Владата, ја искористиле можноста и доставиле свои барања и предлози, соопштија од Владата.
Од таму велат дека тоа покажува дека оваа телефонска линија дава резултат и дека Владата е отворена за секаква сугестија и идеја.
„Како Влада преку низа на мерки помагаме за помош на повредените и нивните семејства. Ова е заедничка борба и нема да отстапиме од неа, бидејќи секој граѓанин има право на соодветна здравствена заштита и медицинска нега, токму поради тоа како Влада донесовме одлука за рехабилитација во Пониква на повредените лица кои се во стабилна здравствена состојба, но им е потребна дополнителна медицинска услуга. Тим на лекари од 10 јуни до 20 август во рехабилитацискиот центар Пониква на сите лица ќе им пружат дополнителна медицинска грижа, но и психолошка поддршка“, велат од Владата.
Од таму ги повикуваат и ги охрабруваат сите повредени лица кои се засегнати да се јават на телефонскиот број 070/355-526 и да ги изразат своите барања и потреби.
Македонија
Сончево време, попладне локален дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Од денеска следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена локална облачност. Дневните температури ќе бидат без значителни промени.
Македонија
Мурал од балкански рис исцртан на фасадата на Театар Комедија

Со мурал од балкански рис и мала прослава, Македонското еколошко друштво вчера го прослави Светскиот ден на рисот.
„Конечно најдовме дом за муралот, најдовме и артист кој го нацрта, и најдовме човек кој има визија и кој е отворен за соработка, а тоа е директорот на Театар Комедија – Дарко Спасов. Целта ни е со овој мурал да ја подигнеме јавната свест, не само на рурално туку и на урбано ниво. Кога работите ќе згуснат ни треба секаква поддршка, од секоја популација“, изјави раководителот на Програмата за закрепнување на балканскиот рис, Диме Меловски.
Тој се заблагодари на поддршката од Театар Комедија и директорот Дарко Спасов.
„Велат исти птици во исто јато летаат“, вели директорот Спасов, кој го изрази своето задоволство од соработката со Македонското еколошко друштво.
Освен муралот на фасадата на Театар Комедија, пред објектот поставена е и инфо табла со основните податоци за рисот, како и QR код кој води до новата интернет страница посветена на балканскиот рис: balkanlynx.com.
По поздравните обраќања, присутните членови и соработници на МЕД, се упатија кон Бистро Комедија каде што во неформална атмосфера имаа прилика да поразговараат за досегашните постигнувања, но и да разменат идеи и предлози за идни активности.