Свет
Харков, Чернихив, Суми и Мариупол опкружени со руски војници и изложени на силно руско гранатирање
Министерството за одбрана на Велика Британија го даде последниот извештај на одбранбените разузнавачки служби за ситуацијата во Украина за 9 март годинава.
Борбите северозападно од Киев сè уште се во тек, а руските сили не успеваат да направат некој значаен пробив.
Градовите Харков, Чернихив, Суми и Мариупол сè уште се опколени од руските сили и сè уште се изложени на силно руско гранатирање.
Се чини дека воздушната одбрана на Украина постигна значителен успех против руските модерни борбени авиони, веројатно спречувајќи ги да добијат каков било степен на воздушна контрола, велат тие.
Latest Defence Intelligence update on the situation in Ukraine – 09 March 2022
Find out more about the UK government's response: https://t.co/DjAjI4vbCk
?? #StandWithUkraine ?? pic.twitter.com/eAqudcHW05
— Ministry of Defence ?? (@DefenceHQ) March 9, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

