Забава
Ед Ширан запеа песна на Нина Симон во судница
Ед Ширан запеа серенада во Високиот суд во Лондон во обид да докаже дека не плагирал, односно не копирал делови од друга песна, за својот хит Shape of You од 2017 година.
Британецот е обвинет дека го копирал делот Oh I, oh I, oh I од сингл на Семи Чокри од 2015 година, Oh Why.
На суд, Ширан запеа елементи од Feeling Good на Нина Симон и No Diggity на „Блекстрит“ за да илустрира како мелодијата е вообичаена во поп музиката.
„Ако ги ставите во ист тоналитет, сите ќе звучат исто“, објасни тој.

Ширан негира дека ја слушнал песната на Чокри и ги отфрли наводите дека пријателите можеби му ја пуштале пред да ја напише Shape of You во октомври 2016 година.
Оваа оптимистичка поп-песна стана најпродаваниот сингл во 2017 година и останува најслушана песна на „Спотифај“ на сите времиња.
Меѓутоа, авторските накнади (хонорари врз база на авторски права) на Ширан – проценети на околу 20 милиони фунти – се замрзнати откако Чокри и неговиот продуцент Рос О’Доног покренаа тужба за наводно кршење на нивните авторските права во 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Следниот чекор на вештачката интелигенција: интерфејси што читаат мозочни сигнали
OpenAI предводи инвестиција од 252 милиони долари во Merge Labs, нова лабораторија за развој на интерфејси мозок–компјутер (BCI – Brain-Computer Interface), чиј коосновач е Сем Алтман. Покрај OpenAI, во финансирањето учествуваат и Bain Capital, како и Гејб Њуел од компанијата Valve.
Целта на лабораторијата е во текот на следната деценија да ги поврзе биолошката и вештачката интелигенција, со почетен фокус на медицински примени, а подоцна и на интерфејси за масовна употреба, пишува Hypebeast.
За разлика од Neuralink, кој се потпира на хируршки импланти, Merge Labs развива поинаков пристап. Нивниот тим работи на нови BCI архитектури кои користат молекули наместо електроди за интеракција со невроните, додека податоците се пренесуваат со помош на длабок ултразвук. На тој начин се избегнува вградување импланти во мозочното ткиво. Долгорочната цел на компанијата е да развие неинвазивни неурални интерфејси со висока пропусност.
Инвестицијата на OpenAI оди подалеку од финансиска поддршка. Компанијата ја смета BCI технологијата за клучен следен чекор во развојот на интерфејси што можат да ја направат вештачката интелигенција поприродна и повеќе насочена кон човекот.
OpenAI планира да му обезбедува на Merge Labs прилагодени основни модели и оперативни системи за вештачка интелигенција, оптимизирани за толкување на мозочни сигнали. Во пракса, тоа значи дека софтверските планови на OpenAI и хардверските амбиции на Merge Labs се тесно поврзани со целта за овозможување интеракција со вештачка интелигенција на ниво на мисла.
Овој потег дополнително го нагласува ривалството меѓу Сем Алтман и Илон Маск, чија компанија Neuralink дејствува во истата област. Merge Labs се позиционира како компанија поблиска до хардвер базиран на вештачка интелигенција отколку до традиционалната медицинска технологија, што е во согласност со пошироката стратегија на OpenAI насочена кон чипови, уреди и унапредување на човечките способности. Во исто време, фактот што OpenAI инвестира во компанија чиј коосновач е Алтман покрена прашања за управувањето, можниот судир на интереси и сопственоста над идните неурални технологии.
Забава
(Фото) Најпознатиот хрватски бизнисмен има нова девојка: која е 28-годишната убавица
Мате Римац, познатиот претприемач и основач на „Римац Автомобили“, ја претстави својата нова девојка на јавноста во среда, додека беа заедно на музички настан во Загреб, а фотографите ги фатија како се држат за раце.
Римац се разведе од Катарина Ловриќ кон крајот на 2024 година и оттогаш го чуваше приватниот живот подалеку од јавноста, но со овој потег стави до знаење дека е во нова љубовна врска, па многумина се прашуваат која е новата избраничка на Римац?
Станува збор за 28-годишната Барбара Котарски од Самобор, десет години помлада од него, која е многу активна на социјалните мрежи, каде што има околу 15.000 следбеници. Таа ја сака хуманитарната работа и волонтирањето, па затоа често промовира вакви објави, а учествувала и во бројни волонтерски проекти, пишува 24sata.hr.
Дипломирала бизнис економија во Риека, работела во манекенство, а поради природата на нејзината работа, кога имала 21 година, се преселила во Истанбул на шест месеци.
„Не заработив многу во тие шест месеци, но искуството што го стекнав е многу повредно за мене. Стекнав самодоверба, запознав прекрасни луѓе со кои сè уште сум во контакт“, изјави таа за Diva.hr пред неколку години.
Некои се шегуваа дека убавицата Барбара е „новата Невера“ на Римац.
Забава
„Толку се слатки, како тинејџери“: Мерил Стрип наскоро се мажи?
Холивудската актерка Мерил Стрип (76) и Мартин Шорт, кој е две години помлад од неа, минатата година предизвикаа гласини за врска, а потоа беа видени заедно кај Том Хенкс. Сето тоа беше доволно за гласините да бидат незапирливи, а според изворите, двојката дури размислува и за брак.
Можеби уште поинтригантно е што Мерил се држи до доброто старо правило и со децении не открива ништо за својот приватен живот.
Meryl Streep ‘couldn’t help but fall’ for Martin Short: Inside their ‘completely unexpected’ romance https://t.co/NNmZOGnHXf pic.twitter.com/WZo8X7axr4
— Page Six (@PageSix) March 13, 2025
Според RadarOnline, новопечениот пар е пред брак.
„Пријателите шепотат дека следниот чекор ќе биде бракот. Очигледно е дека Мерил е лудо заљубена. Мартин е брз, интелигентен и, секако, забавен. Прави да се смее. Смислата за хумор може да биде многу привлечна“, рече изворот.
Како што понатаму велат, ниту еден од нив немал поим дека ќе ја најдат љубовта во овој дел од нивниот живот.
„Тие се многу слатки, изгледаат како тинејџери во средно училиште“, додаде изворот.
Иако Шорт претходно ги негираше гласините за нивната врска, никој не им веруваше, па медиумските наслови продолжија да се појавуваат.

