Свет
(Видео) Денишенко: Украина тргна во контранапад во одбрана на Киев
Украинската армија започна контранапад на руските сили со цел да го одбрани главниот град Киев, објави украинскиот јавен сервис „Сусплајн“, цитирајќи го советникот на министерот за внатрешни работи, Вадим Денишенко.
„Ноќта беше доста тешка, но генерално можеме да кажеме дека украинската армија изврши контранапад во близина на Киев“ – изјави Денишенко.
Тој рече дека украинските сили подредиле пет тенкови.
„Утрото во Киев на западната периферија се слушаа топовски борби. Борбите се водат сега. Засега нема дополнителни детални информации“ – додаде Денишенко, пренесува „Индекс“.
The Ukrn army made a counterattack near Kiev at night. “We knocked out five tanks. In the morning in Kyiv, artillery battles are heard on the western outskirts: ”adviser to the Minister of Internal Affairs Vadim Denisenko
More on our TG channelhttps://t.co/BcdOamAOVj pic.twitter.com/r34wWeHYmC
— OsintTv (@OsintTv) March 10, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

