Свет
З како Зеленски: Карикатура на британскиот „Тајмс“

Британскиот „Тајмс“ направи интересна карикатура на која се гледа како украинскиот претседател Володимир Зеленски храбро стои пред тенкот предводен од рускиот лидер Владимир Путин, а потоа го свиткува својот топ за да ја формира буквата „З“.
Долго време се шпекулира што значи буквата З на руските борбени возила. Подоцна беше откриено дека „З“ во Русија брзо се гледа како на постојан провоен симбол на инвазијата на претседателот Путин на Украина.
Политичарите го посочија тоа, го видовме на автомобили, комбиња и реклами – како на автобуски постојки. Србите дури го користеа и на проруските демонстрации во Белград. Фотографиите на големо се споделуваат на социјалните мрежи.
Британски „Тајмс“ напиша дека Зеленски во говорот во британскиот парламент завчера (вторник) ги повикал Черчил (Винстон Черчил) и Шекспир (Вилијам Шекспир) во говорот во Долниот дом, кога ги повикал пратениците да направат повеќе да ѝ помогне на Украина да се одбрани од руската инвазија
Тој ја спореди борбата со борбата на Велика Британија во Втората светска војна, велејќи дека неговата земја не сака „да го изгуби она што го имаме, исто како што вие не сакавте да ја изгубите вашата земја кога нацистите почнаа да се борат“.
Зборувајќи преку видеоврска од Киев, Зеленски вети дека ќе се бори против руските сили во шумите, на полињата, на бреговите и на улиците.
„Ќе се бориме до крај. На морето. Во воздухот. Ќе продолжиме да се бориме за нашата земја по секоја цена“ – рече Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Нападот во Катар не беше мудар потег, му рекол Трамп на Нетанјаху

Американскиот претседател Доналд Трамп му рекол на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека неговата одлука да изврши воздушни напади врз припадници на палестинската милитантна група Хамас во Катар не била мудра.
Детали од разговорот објави Волстрит журнал, повикувајќи се на високи претставници на администрацијата.
Весникот наведува дека Трамп тоа го изјавил за време на жешкиот телефонски разговор со Нетанјаху во вторникот, по нападот врз припадници на Хамас во Доха, пренесува Ројтерс.
Според весникот, Нетанјаху одговорил дека имал краток временски простор за покренување на нападот и дека ја искористил можноста.
Вториот разговор меѓу двајцата лидери, кој се одржал подоцна истиот ден, според извор од претседателската администрација, бил срдачен, а Трамп го прашал Нетанјаху дали нападот бил успешен.
Свет
Ученик пукаше во средно училиште во Колорадо – двајца тинејџери повредени, напаѓачот почина

Ученик отвори оган во средно училиштево предградие на Денвер, Колорадо, при што бea повредени двајца тинејџери, а потоа напаѓачот го насочил оружјето кон себе. Подоцна властите потврдија дека починал.
Истрелите биле испукани и во внатрешноста и надвор од училиштето. Полицијата пристигнала на местото во рок од пет минути и го пронашла напаѓачот, соопшти портпаролката на шерифската канцеларија на округот Џеферсон, Џеки Кели. Таа истакна дека ниту еден полицаец не отворил оган.
Повеќе од 100 припадници на безбедносните сили од околината биле испратени да помогнат.
Повредените ученици биле пренесени во болница и првично биле во критична состојба. До вечерта, еден од нив бил стабилизиран.
Средното училиште „Евергрин“ брои повеќе од 900 ученици.
Округот Џеферсон е местото каде во 1999 година во пукањето во училиштето „Колумбајн“ беа убиени 14 лица.
Свет
Белорусија ја предупредила Полска за беспилотни летала во нејзин правец

Началникот на Генералштабот на полските вооружени сили, генерал Вислав Кукула, потврди дека Полска добила информации од Белорусија за беспилотни летала кои се движеле во нејзин правец, пренесува ТВN24.
Кукула ја потврди изјавата на Белорусија дека испратила предупредување до Полска во врска со леталата.
„Белорусите нè известија дека беспилотни летала го прелетуваат нивниот воздушен простор кон Полска“, изјави тој.
На прашањето за моментот на предупредувањето, рече дека тоа му било корисно, додавајќи дека е изненаден што Белорусија, и покрај напнатите односи на копнената граница, се одлучила за соработка од ваков вид.
Во меѓувреме, Полската армија соопшти дека соборила беспилотни летала кои го нарушиле нејзиниот воздушен простор за време на рускиот напад врз Украина.
„Распоредено е оружје, а службите работат на лоцирање на соборените објекти. Се работи за сериозно нарушување на воздушниот простор“, соопшти Полската оперативна команда.
Премиерот Доналд Туск изјави дека најмалку 19 беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор. Досега се пронајдени остатоци од 15 беспилотни летала и ракети со неидентификувано потекло.