Забава
(Видео) Нова историска серија најгледана на „Нетфликс“
Историска серија на „Нетфликс“, „Викинзи: Валхала“ за кратко време стана најгледана серија на оваа стриминг-платформа.
Тоа е спин-оф на популарната серија „Викинзи“, сместена на почетокот на 11 век и ги следи авантурите на некои од најпознатите Викинзи, како што се легендарниот истражувач Леиф Ериксон, неговата сестра Фрејдис Ериксдотер и амбициозниот нордиски принц Харалд Сигурдсон.
Оваа историска серија ги воодушеви гледачите и е на врвот на глобалната листа на најгледани серии на стримерот.
За две недели, гледачите поминале повеќе од 113 милиони часови со Vikings: Valhalla, додека второпласираната серија Inventing Anna собра 77,5 милиони часови гледање на глобално ниво.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Нутриционист го разби митот- дали овошјето за вечера дебелее: една работа е клучна
Овошјето за вечера станува сè попопуларно, а многу луѓе го користат како дел од стратегија за детоксикација или диета, но ефикасноста на овој метод сега е доведена во прашање. Оваа алтернатива е идеален избор кога се чувствувате „тешко“, надуено или после обилен оброк, а не би требало да има спротивен ефект и да доведе до дебелеење, доколку се консумира правилно. Сепак, секогаш треба да имате на ум дека овој оброк не е комплетен или богат со хранливи материи.
Што се однесува до тоа дали оваа практика може да доведе до зголемување на телесната тежина, објаснувањето на Сандра Лорден Алварез, спортски нутриционист, е јасно:
„Јадењето само овошје за вечера може да доведе до недостаток на други есенцијални хранливи материи, како протеини и здрави масти“, кои се важни за чувството на ситост и за правилното функционирање на телото. Недостатокот на овие хранливи материи може да предизвика желба за храна следниот ден, што ќе започне циклус на прејадување кога ќе се разбудиме со желба за јадење“, вели Сандра.
Воедно, таа не потсетува на придобивките што ги нуди овошјето, наведувајќи дека е богато со витамини, минерали и влакна, но истакнува дека содржи и природни шеќери кои можат да влијаат на нивото на шеќер во крвта.
„Кога овошјето е единствената храна за вечера, особено во големи количини, може да има значително зголемување на нивото на шеќер во крвта (особено ако избраното овошје е високо со гликемиски индекс). Наглото зголемување на гликозата може да предизвика инсулински одговор кој на долг рок, може да придонесе за развој на инсулинска резистенција и други метаболички проблеми“, предупредува таа.
Нутриционистот Чарлс Орико додава: „Овошјето е здраво, но природно содржи шеќер. Самото јадење на овошје за вечера ќе предизвика скок на инсулин, а ако таа енергија не се искористи, ќе се претвори во маснотии“.
Дури и ако сакате да вклучите овошје во вечерниот оброк, нутриционистите советуваат секогаш да го комбинирате со други макронутриенти, како протеини и здрави масти. „Иако овошната вечера може да биде здрава, препорачливо е да се комбинира со друга храна која обезбедува протеини и здрави масти, како овошна салата со јогурт и јаткасти плодови. Ова ќе помогне да се одржи нивото на шеќер во крвта и да се овозможи поцелосен оброк. Исто така, ако изберете овошје со низок гликемиски индекс (како бобинки, јагоди, боровинки или јаболка), ќе го намалите порастот на нивото на шеќер во крвта“, објаснува Сандра.
Меѓутоа, ако сакате да изгубите неколку килограми, вечерите на база на протеини обично се подобра алтернатива, бидејќи, како што додава д-р Лео Серуд, „со оглед на тоа што овошјето содржи многу шеќер, може да се вклучи во исхраната, но е подобро е да го консумирате на крајот од оброкот. За да се избегне зголемување на телесната тежина, овошјето треба да биде богато со вода, влакна и што е можно помалку шеќер“.
Кога е идеално време за последниот оброк?
Прескокнувањето на вечерата исто така не е добра опција (ниту е опција за слабеење). Од друга страна, како што објаснува нутриционистката Ботикарија Гарсија во својата книга Tu cerebro tiene hambre („Вашиот мозок е гладен“), „досегашните достапни податоци сугерираат дека е препорачливо да го концентрирате најголемиот дел од внесот на храна во текот на денот и да избегнувате големи оброци доцна во денот“. Иако, како што нагласува таа, хрононутрицијата е сè уште нова област на истражување, студиите сугерираат дека доцните оброци, блиску до времето кога се ослободува мелатонин, може да го зголемат ослободувањето на холестерол и да ја намалат потрошувачката на енергија во мирување, како и толеранцијата на гликоза. Затоа, секогаш е подобро да се вечера порано.
Забава
Протекоа детали за разводот на Пеп Гвардиола и Кристина: „Тој го стави фудбалот пред бракот“
Откако неодамна беше објавена веста дека Пеп Гвардиола (53) и Кристина Сера (52) се разделиле по повеќе од 30 години, во странските медиуми почнаа да излегуваат детали од нивниот развод. Дејли Мејл пишува дека тренерот на Манчестер Сити „го ставил фудбалот пред брак“.
Кристина, која се врати во Барселона од Манчестер во 2019 година за да се фокусира на своите деловни интереси, наводно решила да го прекине бракот откако дознала дека Пеп не планира да ја напушти Британија и дека ќе остане на сегашната работа. Имено, Пеп на крајот на ноември минатата година потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити. Потоа рече дека не може да го напушти клубот.
Кристина редовно го посетувала сопругот во Британија, но минатата година наводно престанала да доаѓа толку често.
„Минатиот септември, професионалниот круг на Пеп во Манчестер беше изненаден што не ја виде Кристина во градот по летните одмори и почна да се прашува зошто таа не е со него. Дотогаш беше нормално да ја гледаме во Манчестер од време на време и покрај фактот што престана да живее таму во 2019 година“, рече Лорена Васкез, една од водителките на подкаст, која првично ја објави веста за разводот.
„Една од работите за кои Кристина го обвини Пеп е тоа што тој беше премногу фокусиран на неговиот професионален живот. Можеби таа почувствува потреба да го пресели својот живот на друго место“, додала Лорена.
Нејзината колешка Лаура Фа тврди дека Кристина решила да раскине „Сите луѓе со кои разговаравме велат дека Пеп е опседнат со фудбалот и дека тоа е пред се и тоа го чинеше“. „Разговаравме не само со пријателите, туку и со професионалниот круг на Пеп и она што тие сакаат да го разјаснат е дека се работи за пријателска разделба, дека е внимателно разгледана без аргументи и дека нема трети лица“, додаде таа.
Забава
Камерон Дијаз по пет години се појави на црвениот тепих
Камерон Дијаз ги привлече погледите на премиерата на Back in Action на Нетфликс во Берлин.
Тоа беше прво појавување на црвениот тепих на 52-годишната актерка во последните пет години.
Таа за оваа пригода облекла црни фармерки со висок струк, црна блуза и црн капут. Камерон носеше впечатлив црвен кармин со нејзиниот црн аутфит.
Таа позираше на црвениот тепих со нејзиниот колега Џејми Фокс.
Странските медиуми пишуваат дека актерката за прв пат се прошета на црвениот тепих по пет години, а повеќе од 10 години откако присуствуваше на премиера на нејзин филм.