Свет
Украински омбудсман: Најмалку 78 деца убиени во Украина
Најмалку 78 деца се убиени во Украина од почетокот на специјалната операција на руската армија во Украина, изјави денеска украинскиот омбудсман Људмила Денисова.
Денисова рече и дека поради тековните борби околу јужниот град Мариупол, градот Волноваха и градот Ирпин во Киевската област, властите не можат да утврдат колку луѓе се убиени или ранети на тие места, пренесува „Ројтерс“.
Според денешните тврдења на украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников, руските сили кои ја започнаа операцијата во Украина, убиле повеќе украински цивили отколку војници.
„Сакам ова да се слушне не само во Киев, туку и низ целиот свет“, рече Резников, пренесе „Ројтерс“.
Специјалната операција на руската армија во Украина влезе во третата недела, а според вицепремиерот на Украина Ирина Верешчук, само во пристанишниот град Мариупол за време на опсадата биле убиени околу 1.300 цивили, додека Москва ги негира тврдењата дека цели цивили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Од музејот Лувр украдени над 8.000 дијаманти и 200 бисери: Откриени нови детали за грабежот на векот
Над 8.000 дијаманти и повеќе од 200 бисери, со вкупна вредност од околу 88 милиони евра, биле украдени за време на пљачката на музејот Лувр во октомври, откриваат нови детали од истрагата до кои дошла француската телевизија БФМТВ.
Според наводите од истрагата, двајца осомничени, означени како XH1 и XH2, на 19 октомври во 9:24 часот наутро упаднале во Галеријата Аполон, откако со брусилица го скршиле прозорецот. Целата акција траела помалку од четири минути.
За време на пљачката биле украдени драгоцени камења од осум изложени парчиња накит – вкупно 8.482 дијаманти, 35 смарагди, 34 сафири и 212 бисери.
XH1 носел црна фантомка, темна јакна и црни ракавици, додека XH2 бил со сив шлем. Двајцата крадци го зграбиле накитот и го ставиле во торба и во џебовите.
По пљачката, XH1 и XH2 се спуштиле, додека уште две лица ги чекале на Кејот Франсоа Митеран, кој се наоѓа покрај десниот брег на реката Сена, непосредно до музејот Лувр.
Потоа сите четворица побегнале со скутери.
Двата скутери се упатиле јужно од Париз кон локација каде што наводно ги чекало мистериозно бело комби, кое никогаш не било пронајдено и за кое се сомнева дека било користено за транспорт на накитот. Четворицата осомничени потоа се поделиле во две групи – две лица на скутерите и две во комбито; едната група се упатила кон западниот, а другата кон источниот дел на Париз.
Француската полиција, врз основа на ДНК траги пронајдени на местото на злосторството и на напуштената опрема, идентификувала и уапсила четворица осомничени, на возраст меѓу 30 и 40 години.
Сите се обвинети и се наоѓаат во притвор, а според законот се сметаат за невини додека не се докаже нивната вина.
Украдениот накит сè уште не е пронајден.
Регион
Рама објави укинување на забраната за ТикТок во Албанија
Албанскиот премиер, Еди Рама, објави дека социјалната мрежа ТикТок повторно ќе биде достапна во Албанија.
Во интервју за „Политико“, Рама истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека наскоро ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во таа земја.
„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.
Албанската влада го забрани ТикТок пред една година, кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.
Свет
Данска: Именувањето на американскиот претставник го одразува континуираниот интерес на Трамп за Гренланд
Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го назначи гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за свој специјален пратеник за Гренланд, сигнализира континуиран интерес на САД за арктичкиот остров, изјави во понеделник данскиот министер за надворешни работи Ларс Локе Расмусен.
„Назначувањето го потврдува континуираниот интерес на САД за Гренланд. Сепак, инсистираме дека сите, вклучително и САД, мора да покажат почитување на територијалниот интегритет на Кралството Данска“, рече Расмусен во изјава испратена по е-пошта.
Трамп во неделата објави дека го назначува гувернерот на Луизијана, Џеф Ландри, за свој специјален пратеник за Гренланд.
Трамп: Гренланд е клучен за безбедноста на САД
„Џеф разбира колку е важен Гренланд за нашата национална безбедност и силно ќе ги промовира интересите на нашата земја за безбедноста, сигурноста и опстанокот на нашите сојузници и светот“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Лендри, кој ја презема функцијата гувернер на Луизијана во јануари 2024 година, му се заблагодари на Трамп на X, велејќи: „Чест ми е што служам… на оваа волонтерска позиција за да го направам Гренланд дел од Соединетите Американски Држави. Ова во никој случај не влијае на мојата позиција како гувернер на Луизијана!“

