Свет
И Русија и Украина велат дека се поблиску до компромис
Двете страни потврдија дека Русија и Украина се приближуваат до компромис во преговорите по повеќе од две недели инвазија.
– Во споредба со почетокот на преговарачкиот процес, Москва и Киев постигнаа значителен напредок во постигнувањето резултати – изјави за РТ членот на руската делегација и шеф на Комитетот за меѓународни прашања на Думата, Леонид Слуцки.
– Според моите лични очекувања, овој напредок би можел во следните неколку дена да прерасне во единствен став на двете делегации, во документи за потпишување – рече Слутски, пренесува РИА Новости.
Од друга страна, членот на украинската делегација и советник на претседателот, Михаил Подољак, исто така потврди дека смета оти може да се постигне напредок во преговорите со Русија во наредните денови. Тој посочи дека Москва и Киев се приближуваат кон компромис во преговорите.
– Во принцип нема да попуштиме на ниту една позиција. Русија сега го разбира тоа. Русија веќе почнува да разговара конструктивно. Мислам дека ќе постигнеме некои резултати за неколку дена – изјави Подољак во видеото објавено на интернет, пренесува Ројтерс.
– Во споредба со почетокот на преговарачкиот процес, Москва и Киев постигнаа значителен напредок во постигнувањето резултати – изјави за РТ членот на руската делегација и шеф на Комитетот за меѓународни прашања на Думата, Леонид Слуцки.
– Според моите лични очекувања, овој напредок би можел во следните неколку дена да прерасне во единствен став на двете делегации, во документи за потпишување – рече Слутски, пренесува РИА Новости.
Од друга страна, членот на украинската делегација и советник на претседателот, Михаил Подољак, исто така потврди дека смета оти може да се постигне напредок во преговорите со Русија во наредните денови. Тој посочи дека Москва и Киев се приближуваат кон компромис во преговорите.
– Во принцип нема да попуштиме на ниту една позиција. Русија сега го разбира тоа. Русија веќе почнува да разговара конструктивно. Мислам дека за неколку дена ќе постигнеме некакви резултати – изјави Подољак во видеото објавено на интернет, пренесува Ројтерс.
Според член на украинската преговарачка група, страните во дијалогот почнале да подготвуваат договори чии детали се уште не се откриени, пренесе РИА Новости. Веднаш штом ќе се разработат правните формати, ќе биде закажана средба, односно четврта рунда преговори.
– Може да биде утре, задутре. Разговаравме за сите прашања, сега се обидуваме тие прашања да ги спакуваме во некои правни формати – рече Подољак.
Тој истакна дека во разговорите треба „да се земат предвид безбедносните гаранции што сака да ги добие и Руската Федерација, која има свои стравови во врска со голем број глобални воени сојузи“.
„Украина е подготвена да преговара за крај на војната што Русија ја започна пред повеќе од две недели, но нема да се предаде ниту да прифати какви било ултиматуми“, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи.
Тој нагласи дека денеска избувнале борби во околината на Киев, а цивилите не можеле да бидат евакуирани поради гранатирање во други области на Украина, пренесува Ројтерс.
Говорејќи на виртуелен настан организиран од непартиската, непрофитна Иницијатива за обнова на демократијата, Кулеба рече дека цивилните животи ќе бидат спасени доколку Украина има повеќе борбени и јуришни авиони за уништување на големи воени конвои.
Украинскиот министер за надворешни работи нагласи дека Русија користи слични воени тактики во војната против неговата земја како во Сирија и изрази уверување дека Белорусија не е подготвена да испрати свои сили во Украина, и покрај, како што тврди, притисокот од Москва да го стори тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон: Расте непријателството кон Евреите, сите мораме да се мобилизираме
Францускиот претседател, Емануел Макрон, повика на зајакнати напори во борбата против антисемитизмот во Франција, откако нови владини податоци покажале дека непријателството кон Евреите останува на високо ниво, и покрај падот на регистрираните инциденти во 2025 година.
Франција, која има најголема еврејска заедница во Европа, минатата година евидентирала 1320 антисемитски дела, што претставува 53 отсто од сите инциденти поврзани со религија, според извештајот на Министерството за внатрешни работи објавен денеска.
Иако бројот на инциденти се намалил за 16 проценти во однос на претходната година, Министерството соопшти дека тие остануваат на „историски високо ниво трета година по ред“. Зголемувањето е забележано особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година и последователниот конфликт во Газа.
„Училиштата, правосудниот систем, избраните претставници – сите мора да се мобилизираат“, порача Макрон на церемонија по повод 20 години од смртта на Илан Халими, 23-годишен Евреин кој беше киднапиран и држен во заложништво 24 дена, пред да биде убиен. Водачот на бандата беше осуден на доживотен затвор во 2009 година.
Макрон го осуди, како што го нарече, „отровот на омразата на интернет“, и побара од Европската комисија да ги повика големите онлајн платформи на одговорност.
Свет
Мерц: Русија сè уште не е подготвена за сериозни мировни преговори
Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, изјави дека Русија сè уште не е подготвена за сериозни преговори за мир во Украина, иако западните сојузници се подготвени за дијалог кога ќе има смисла.
Говорејќи за време на Минхенската безбедносна конференција, Мерц го почна излагањето со критика на унгарскиот премиер Виктор Орбан, раскажувајќи за „еден премиер од ЕУ“ кој заминал во Москва без мандат и „не постигнал ништо“. Според него, една недела по таа посета, Украина претрпела некои од најжестоките напади врз цивилната инфраструктура.
„Ако разговорите имаат смисла, ние сме подготвени. Но, како што гледаме и од американска страна – Русија сè уште не е подготвена сериозно да разговара“, рече Мерц.
Тој додаде дека војната ќе заврши дури кога Русија ќе биде барем економски, а можеби и воено, исцрпена:
„Се приближуваме до тој момент, но сè уште не сме таму. Русија мора да се откаже од овој ужасен напад врз Украина, а ние мора да направиме сè што е потребно за да ги доведеме до точка кога повеќе нема да гледаат корист од продолжување на оваа војна“, истакна германскиот канцелар.
Регион
На Мерц му е непријатно оти е закочено членството на Западен Балкан во ЕУ
Германскиот канцелар Мерц во Минхен зборуваше за иднината на проширувањето на Европската унија, откако расправата беше поттикната од прашање на претседателот на Црна Гора.
Тој призна дека чувствува „сè поголема непријатност“ поради тоа што Европската унија не успева да постигне значаен напредок во пристапните процеси со земјите од Западен Балкан и соседството.
„Мораме да осмислиме нова стратегија за да ги доближиме овие земји до ЕУ. Не сакам да ве изгубам“, порача Мерц.
Како главна пречка го наведе принципот на едногласност, со посебен акцент на постојаното блокирање од страна на Унгарија, која ја опиша како „слон во просторијата“. Тој изрази надеж дека ова може да се надмине.
„По изборите што ќе се одржат во април, се надеваме дека ќе можеме да ги отвориме следните поглавја и да ви се приближиме уште повеќе кон Европската унија“, заклучи тој.

