Свет
Советникот на Зеленски: Во Мариупол загинаа 2.500 луѓе

Бројот на загинатите во Мариупол се искачи на 2.500 лица, изјави Алексеј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Се проценува дека најмалку 2.500 луѓе загинале во јужниот пристаништен град Мариупол од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари“, рече Арестовиќ додавајќи дека бројката ја пријавила градската управа на Мариупол.
Арестович ја обвини Русија дека уште еднаш спречила хуманитарната помош да пристигне во опколениот град во неделата.
Се стравува дека резервите на храна се при крај, а Црвениот крст неодамна објави дека истекува времето за спасување на затечените во Мариупол.
„Скај њуз“ потсетува дека многуте обиди за евакуација на цивили од градот пропаднале, а денеска треба повторно да се воспостави коридор за хуманитарна евакуација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Мерц: Иранскиот режим е ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила

Израелските напади го ослабнаа Иран, а иранскиот режим е малку веројатно да се врати на своето поранешно ниво на моќ, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Овој режим е многу ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила, што ја прави иднината на земјата неизвесна. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Мерц за германската телевизија Велт на самитот на Г7 во Канада денес.
Тој додаде дека доколку се појави нова тешка политичка ситуација, Германија, Франција и Велика Британија повторно ќе бидат подготвени да понудат дипломатска помош, како што правеа до минатата недела.
Свет
Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони

Чешка и Словачка евакуираа 139 лица од Израел со владини авиони поради конфликтот со Иран, кој започна во петокот, објавија денес властите на двете земји.
Авион на чешката влада со 66 лица слета утрово во Прага. Ден претходно, словачки авион евакуираше 73 лица од Аман до Братислава.
Чешката министерка за одбрана Јана Чернохова изјави дека повеќето од 66-те евакуирани лица се чешки државјани.
Според чешките медиуми, конвој евакуирани лица тргнал од Тел Авив вчера утро и се упатил кон Шарм ел Шеик во Египет, каде што се качиле на авион. Тие биле транспортирани со автобус и ја преминале границата пеш.
Словачки владин авион со 73 патници, повеќето од нив Словаци, слета во Братислава во понеделник пред 19 часот, изјави министерот за надворешни работи Јурај Бланар.
Меѓу евакуираните имало Полјаци, Чеси, Австријци, Словенци и други.
Словачка денес испраќа втор авион, а и за утре е планирана евакуација на словачки и странски државјани.
Свет
Израелски министер: Нападот нема за цел соборување на иранскиот режим, но тоа може да се случи

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, изјави дека целта на воените акции на израелската армија (ИДФ) не е да се промени режимот во Иран, дури и ако тоа е последица.
„Тоа не е целта, иако би можело да биде исход“, изјави Саар пред новинарите во Ришон Лезион, град во централен Израел кој неодамна беше цел на ирански напади.
Саар наведе три главни израелски цели во конфликтот.
„Прво, да се предизвика голема штета на иранската нуклеарна програма, а со тоа сè уште не сме завршиле“, рече тој.
Втората цел ја наведе како сериозно оштетување на програмата за балистички ракети на иранскиот режим, а третата како спречување на планот за уништување на државата Израел.