Контакт

Свет

Заврши полицискиот час во Киев, кој беше воведен поради нападот на руските сили

Објавено пред

Полицискиот час, кој траеше 36 часа, заврши денеска во Киев поради нападот на руските сили врз неколку цивилни објекти во главниот град на Украина.

dobivaj vesti na viber

На улиците во градот може да се видат барикади и припадници на украинските безбедносни сили, кои запираат автомобили.

Полицискиот час, со одлука на воената команда, почна во вторникот во 20 часот по локално време и траеше до 6 часот во четвртокот.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, во вторникот преку „Телеграм“ објави дека главниот град минува низ тешки времиња бидејќи руските сили се обидуваат да го опколат и ги повика жителите да останат дома два дена или да одат во засолништа кога ќе се слушнат сирените.

На почетокот на неделата руските сили нападнаа неколку цивилни згради и населби во Киев, во кои животот го загубија најмалку седум лица.

Војната меѓу Русија и Украина, која почна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.

Најмалку 726 цивили се убиени, а 1.174 се ранети во Украина од почетокот на војната. Во исто време, повеќе од три милиони луѓе побегнале во соседните земји, проценуваат Обединетите нации.

Европа

Путин имаше долг разговор со човекот на Трамп: можни директни преговори меѓу Москва и Киев?

Објавено пред

Кремљ издаде кратко соопштение во кое се наведува дека денешната средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф, кој беше назначен од претседателот Доналд Трамп, завршила.

dobivaj vesti na viber

Според истиот извор, во разговорите учествувале и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, и раководителот на Рускиот национален фонд за благосостојба, Кирил Дмитриев.

Средбата траеше три часа и беше конструктивна, рече Ушаков.

Според него, за време на разговорот била разгледана и можноста за директни преговори меѓу Русија и Украина. Ушаков додаде дека позициите на Москва и Вашингтон се приближиле не само во врска со Украина, туку и во врска со други теми и најави продолжување на „продуктивниот дијалог“ на различни нивоа.

Русија и Украина не воделе директни преговори од првите недели од војната, која започна во февруари 2022 година.

Пред да замине за Рим на погребот на папата Франциско, американскиот претседател Доналд Трамп кратко разговараше со новинарите и оптимистички коментираше за состојбата на преговорите:

„Мислам дека на крајот ќе склучиме многу добри зделки… Ќе се обидеме да се извлечеме од војните за да спасиме 5.000 луѓе неделно. Тоа е мојата цел. Сакам да спасам 5.000 млади мажи – претежно Украинци и Руси – 5.000 украински и руски мажи, и би ми било голема чест ако можам да го направам тоа“, рече Трамп.

„И мислам дека сме доста блиску“, додаде тој. Трамп не објасни од каде доаѓа проценката за 5.000 спасени луѓе неделно.

Прикажи повеќе...

Свет

Медведев: Русија нема да дозволи историјата да се прекројува

Објавено пред

Заменик-претседателот на Советот за безбедност и лидер на партијата Единствена Русија, Дмитриј Медведев, денес изјави дека Русија нема да дозволи обиди за препишување на историјата од Втората светска војна и изедначување на агресорите со ослободителите.

dobivaj vesti na viber

„Благодарение на нашите херои јасно гледаме како историјата ги казнува оние што не ги научиле лекциите, оние што се обидуваат да ги ревидираат резултатите од Втората светска војна. Нема да дозволиме историјата да се прекројува“, рече Медведев за време на отворањето на меѓународната патриотска кампања „Диктатот на победата“, објави „РИА новости“.

Зборувајќи за современиот контекст, Медведев истакна дека денес Русија повторно се соочува со нацизмот, но под нов плашт.

„Нашата земја е повторно на фронтовската линија против истиот нацизам. Војниците и офицерите на специјалната воена операција, како и сите што работат во заднина и му помагаат на фронтот, ја продолжуваат работата на своите големи претходници“, рече тој.

Кампањата „Диктатот на победата“ се одржува на повеќе од 35.000 локации во Русија и во повеќе од 90 земји од целиот свет.

Учесниците, меѓу кои ученици, студенти, членови на јавни организации и други граѓани, имаат 45 минути да одговорат на прашања за големата патриотска војна и тековните воени настани, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Објавено пред

Од

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.

dobivaj vesti na viber

Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.

„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ треба да почне на почетокот на мај

Испитувањето на оштетените од пожарот во „Пулс“ во Кочани се предвидува да почне од почетокот на мај. Од Обвинителството појаснија...

Топ3 часа

Пукање на Бит-пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Едно лице е повредено во вооружена престрелка што се случи околу 14 часот на улицата Војдан Чернодрински на Бит-пазар, потврдија од...

Македонија4 часа

Крајно време е да престанеме да преговараме за идентитетските прашања со кого било, рече Муцунски

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски рече дека Владата се стреми кон компромис, кој ќе биде рационален за да се...

Економија4 часа

Итно зголемување на платите, во спротивно ќе останеме без кадар, порача Пешевски

Според потпретседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија за приватниот сектор, Иван Пешевски, приватниот сектор во Македонија е главен двигател...

Македонија5 часа

Судот ѝ го одзеде пасошот на претседателката на антикорупциската комисија, која споделувала службени тајни на „Вибер“

На претседателката на антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, одземен ѝ e пасошот откога Кривичниот суд го прифати предлогот за определување мерки за...

Македонија5 часа

Девет лица завршија во притвор поради злоупотреби со инвалидските пензии и за туѓа нега

На деветмина осомничени од уапсените 23 во акцијата за туѓата нега судот им одреди мерка притвор од 30 дена. Едно...

Македонија7 часа

Судот го одобри обвинението за возачот што ја прегази Фросина

Судот го одобри обвинението за возачот Васил Јованов, која ја прегази Фросина Кулакова на пешачки премин на булеварот Партизански одреди....

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Тошковски не скри нешто, не рече дека законот не важи за татко му

Апасиев е фрустриран од работата на Тошковски бидејќи законот важи за сите. Левицата да одговори како, освен сутерен во строгиот...

Македонија9 часа

ДУИ до Мицкоски: Ако целта е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат...

Свет9 часа

Рубио: Ова не е наша војна, ние не ја почнавме

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека „сите треба да му се заблагодарат“ на американскиот претседател Доналд Трамп за мировните...

Македонија9 часа

Левицата: И таткото на Тошковски бил дел од бизнисот со мито за инвалидски пензии

Додека се обидува да изгради слика дека го руши корумпираниот систем, фактите кои се обзнануваат во јавност укажуваат како и...

Свет10 часа

Лавров: Спремни сме да се договориме со САД за Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Кремљ е подготвен да постигне договор со САД за Украина, но...

Свет11 часа

Руте: Русија е долгорочна закана за алијансата

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, вчера, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, изјави дека членовите се согласуваат дека...

Спорт19 часа

(Видео) Ѓоковиќ ги загуби нервите: Да ти е..м тенисот

Новак Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите на официјалниот тренинг во Мадрид. Додека во главниот град на Шпанија се одржуваа натпреварите...

Македонија22 часа

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“: меѓу нив и претседателката на Антикорупциска

Во рамките на постапката што се води за предметот Адитив, како резултат на екстрахираните електронски докази обезбедени во досегашната постапка,...

Македонија23 часа

Образ ѓон, се уште седат и земаат илјадници евра плата: Мицкоски за членовите на Судскиот совет

„Вие пратениците изгласавте недоверба на членовите на Судскиот совет. Но, и покрај тоа што тие ја добија недовербата од страна...

Македонија1 ден

Измами во давањето туѓа нега и инвалидски пензии, под истрага 49 лица, вмешани и лекари

Сузбиени две криминални групи, кои вршеле злоупотреби на постапката за стекнување право за туѓа нега и право на инвалидски пензии,...

Македонија1 ден

Битола, Струга, Чаир се меѓу општините кои не аплицирале за проекти, рокот истекува за помалку од една недела

Седумнаесет општини воопшто не аплицирале за инфраструктурни општински проекти, за што Владата доделува средства од унгарскиот кредит. Во оваа група...

Македонија1 ден

(Видео) Трајчулески до Мицкоски: Дали се разводнува истрагата за Кочани за да се заштитат актуелни функционери?

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицкоски, кое...

Македонија1 ден

Таравари го поддржа апсењето лекари: Директорот на Геријатрија првин го разрешив, а потоа го исклучив од партијата, сите што грешат нека одговараат

Сите што грешеле, вклучително и лекарите, треба да одговараат, смета министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашната полициска акција, која...