Македонија
Маричиќ: Регионалната соработка носи стабилност во време на кризи, иднината ни е заедничка и европска
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денес учествува на експертска тркалезна маса „Регионална соработка за европска интеграција“, организирана во рамките на иницијативата „Балкански дијалози“, на која во својот говор истакна дека регионалната соработка е реалност и сега како никогаш досега мора регионот да се обедини за полесно надминување на предизвиците со кои се соочуваме и ние, а и Европската Унија.
„Добрата соработка и постојаната комуникација на разчни основи се вредности на регионалните иницијативи, но секако не се замена за европската интеграција, туку потпорен столб и катализатор на регионалната соработка, што треба да доведе до подинамичен процес на европска интеграција. Во време на глобални промени подготвени сме да се приспособуваме, но не сме подготвени и не сакаме да ги менуваме нашите стратешки цели, затоа отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е наш најголем приоритет“, рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека нема алтернатива за полноправно членство во Европската Унија и дека треба да ги започнеме преговорите што е можно побргу бидејќи ние го реализиравме нашиот дел и повеќе од што се очекуваше, сега е време ЕУ да го направи својот чекор напред.
„Потребни ни се храбри одлуки за да се врати во фокус најуспешната политика досега, а тоа е политиката за проширување, земајќи го предвид потрошеното време чекајќи да се активира процесот на интеграција на Западен Балкан во Унијата“, заклучи Маричиќ.
Во рамките на панелот „Сонот и реалноста на еден европски регион“, Маричиќ рече дека и Северна Македонија и Албанија избраа страна, и таа е јасна, дека стојат заедно со своите евро-атлантски партнери, како членки на НАТО и аспиранти за полноправно членство во ЕУ – усогласувајќи се целосно со безбедносните и надворешните политики на ЕУ.
„Никој не помислуваше дека денес овде ќе треба да дебатираме за перспективите за интеграција во ЕУ на Западен Балкан во време на кризи бидејќи перспективата обично е неизбежна со мир и просперитет. Денес, за жал, сме сведоци на конфликти на почвата на Европа, со последици и за Европската Унија, но и за нас земјите од регионот. Затоа е важно да се заврши обединувањето на континентот, да се направи посилен и поотпорен на какви било сегашни или идни закани“, рече Маричиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

