Свет
Путин го претстави планот за Крим

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го претстави својот план за Крим.
Тој рече дека голем проблем е водоснабдувањето на таа територија.
„Ништо не е направено со децении за да се реши овој проблем“, рече Путин.
Додаде дека Русија направила нови системи за водоснабдување на Крим и оти треба да се забрзаат сите инфраструктурни проекти.
„Ова е важна работа за развојот на туризмот и економијата, мора да направиме сѐ за да го решиме“, рече тој.
Путин истакна дека и покрај санкциите на кои Русија е изложена поради воената операција, работата на проектите за Крим мора да продолжaт.
„Мораме да работиме на Крим уште повеќе“, посочи тој.
Путин рече дека големите руски компании, вклучително и банките што порано се плашеа од санкции, сега може да почнат да работат на Крим.
Путин нареди државната програма за развој на Крим и Севастопол да биде продолжена до 2027 година, а во иднина – до 2030 година.
„Имаме уште многу да направиме за проширување на сообраќајната, енергетската и другата инфраструктура. Во таа насока предлагам да се прошири државната програма за социо-економски развој на Република Крим и градот Севастопол“, рече Путин.
Обединувањето на Крим и Русија беше правилна и навремена одлука, рече Путин.
Според него, за исправноста на таквата одлука сведочи и она што се случува во Донбас.
„Луѓето на Крим и во Севастопол победија, тие го направија својот слободен, свесен избор да бидат заедно со Русија. Изминатите години убедливо покажаа колку овој избор беше правилен и навремен. Видете само што се случува денес во Донбас“, рече Путин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на бројни цели во Израел, со што започна деветтиот бран ирански напади.
Свет
Русите тврдат дека синоќа уништиле 51 украински дрон

Руските единици за воздушна одбрана уништија 51 украинско беспилотно летало над регионот Белгород, соопшти вчера вечерта руското Министерство за одбрана.
Во последните недели и Русија и Украина користат напади со беспилотни летала на голем број прекугранични цели, па руските сили вчера вечерта извршија таков напад врз Киев и неговата поширока област. Лидерите на Киев досега објавија дека при нападот се повредени најмалку 11 лица, како и дека е уништена инфраструктурата.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека споменатото уништување на украински беспилотни летала се случило вчера, меѓу 20 и 23 часот.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш се осврна на конфликтот меѓу Русија и Украина.
„Убеден сум дека може да се постигне договор со Москва во врска со крајот на конфликтот во Украина. Сè уште чекам да видам дали договорот ќе биде потпишан или не“, изјави американскиот претседател за новинарите.
Фото: илустрација
Свет
(Видео) Голем руски напад врз Киев, најмалку 14 загинати, меѓу нив и Американец

Најмалку четиринаесет лица загинаа, а 40 се повредени по руски ракетен и беспилотен напад врз Киев во текот на ноќта.
Речиси деветчасовниот напад вклучува лансирање на голем број беспилотни летала „камикази“, како и крстаречки и балистички ракети врз главниот град на Украина. „Киев Индепендент“ известуваше за звуци на беспилотни летала, ракети и повеќекратни експлозии во текот на ноќта.
A section of a residential building in Kyiv collapsed following a Russian attack. Fires have broken out in several districts, and at least 16 people have been injured. The massive drone and missile attack is ongoing. Footage shows the aftermath of the strike. pic.twitter.com/Se8jlROxw7
— Daria Matviichuk (@DariaMatviichuk) June 17, 2025
Според последните извештаи, од 40 повредени, 30 се хоспитализирани.
Претходно, според Тимур Ткаченко, шеф на Воената управа на градот Киев, најмалку 18 лица се повредени во областа Соломјански, кога нападот предизвика пожар во петкатница. Шест лица биле хоспитализирани во тоа време, изјави Ткаченко.
Нападот предизвика и структурна штета на уште една висококатница во областа, а службите за итна помош се на терен и се претпоставува дека жртвите може да останат заробени под урнатините.
До 3 часот по локално време, штета од рускиот напад била пријавена на 12 локации низ киевските области Соломјански, Свјатошински, Дарницки, Днипровски, Подилски и Оболонски.
Kyiv this morning ‼️ pic.twitter.com/hg5aXbc2DK
— Kate from Kharkiv (@BohuslavskaKate) June 17, 2025
За време на нападот на главниот град, 62-годишен американски државјанин бил убиен во областа Соломјанск, во зграда спроти местото каде што лекарите од итната помош им помагале на повредените, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.
Оштетена е и градинката во населбата Дарнички, но таму нема жртви. Оштетена е и станбена зграда во областа Свијатошински. Штети претрпеа и горните катови на станбените згради во областите Соломјански и Шевченковски.
🔴 Russian forces conducted a massive attack against Kyiv overnight, targeting residential areas.
Preliminarily, one person was killed 15 others were injured. The killed was a US citizen, Kyiv Mayor's Office reports. pic.twitter.com/l251C0qaeN
— UNITED24 Media (@United24media) June 17, 2025
Беспилотните летала го погодија и студентскиот дом на Киевскиот авијациски институт, погодувајќи го десетиот кат.
Надвор од главниот град, нападите предизвикаа штета и повредени цивили во градовите во Киевската област. Најмалку една жена е повредена, а оштетени се и неколку куќи, информираат од регионалната управа.
Украинските власти ги повикаа жителите да останат во засолништа додека воздушната тревога останува активна во текот на вечерта.