Свет
Непријателот не знае што да очекува од нас – Зеленски не открива детали за новата американска воена помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека му е благодарен на американскиот претседател Џо Бајден за дополнителната воена помош, но не сакаше да прецизира што точно вклучува новиот пакет бидејќи не сака да ѝ открива информации на Русија.
„Ова е наша одбрана, кога непријателот не знае што да очекува од нас. „Затоа што не ни знаеја што ги чека по 24 февруари, денот кога Русија изврши инвазија“, рече Зеленски, а пренесува агенцијата АП.
„Не знаеја што треба да браниме, ниту како сме подготвени да го примиме ударот“, додаде Зеленски.
Тој наведе и дека Русија очекува да ја најде Украина во иста состојба како во 2014 година кога, како што тврди, без борба го окупирала Крим и ги поддржувала сепаратистите додека тие ја преземале контролата врз источниот регион Донбас.
„Но, Украина сега е друга земја, со многу посилна одбрана“, рече Зеленски.
Тој исто така рече дека не е време да се открие тактиката на Украина во тековните преговори со Русија.
„Работете повеќе во тишина отколку на телевизија, радио или на ‘Фејсбук’. Мислам дека тоа е вистинскиот пат“, нагласи Зеленски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Напад во кривичниот суд во Њујорк, има повредени

Тројца судски службеници денес биле нападнати со нож и повредени во зградата на Кривичниот суд на Менхетен, потврдија два извори од њујоршката полиција кои се запознаени со нападот.
„Осомничениот напаѓач е приведен по нападот врз службениците во зградата на судот на Централната улица во Њујорк. Нападот се случил близу фоајето“, изјавил неименуван полициски извор за NBC.
Еден судски службеник се здобил со посекотини на лицето, друг на вратот, а третиот бил повреден кога осомничениот го фрлил на подот обидувајќи се да побегне, се наведува во извештајот на американската телевизиска мрежа.
Сите тројца повредени се медицински згрижени и се чувствуваат добро, а истрагата е во тек, иако засега не е јасно што бил мотивот за нападот.
Свет
„Ерусалим пост“: Трамп ќе му даде на Иран последна шанса

Американскиот претседател, Доналд Трамп, планира да му упати на Иран последна шанса за договор, објави „Ерусалим пост“, повикувајќи се на американски и европски претставници.
Според неофицијални информации, новата понуда би можела да биде уште поповолна од онаа од пред недела и половина, но сепак би се базирала на американското барање за нулта толеранција за збогатување ураниум.
Според истиот извор, Иран се обидел да посредува со американската администрација преку Оман и Катар со цел да ги запре израелските напади и да ги обнови преговорите за нуклеарната програма. Саудиска Арабија наводно дејствува преку посебен канал со иста цел – постигнување прекин на огнот.
Свет
Претседателот на Иран: Не сакаме ширење на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Иран не сака да ја прошири војната со Израел, но ќе одговори пропорционално на секој напад, пренесува државната иранска новинска агенција.
Пезешкијан ова го рекол за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Иранските научни, воени и цивилни објекти беа под израелска агресија, при што беа убиени цивили, научници и воени водачи“, рече Пезешкијан.
„Иран не ја започна оваа војна, но ќе одговори според нивото на напад“, изјави.
Тој додаде дека учеството на Иран во нуклеарните преговори со САД зависи исклучиво од прекинот на нападите на ционистичкиот режим врз земјите во регионот.
Турскиот претседател Ердоган, според турската државна агенција, му рекол на Пезешкијан дека Турција е подготвена да игра улога на посредник за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да го поддржи враќањето на преговорите за нуклеарната програма.