Свет
Кличко: Киев ќе претрпи иста количина бомби како Мариупол и Харков

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, рече дека очекува главниот град да се справи со истите постојани бомбардирања како во Мариупол и Харков, градови што беа опколени од руските сили.
Mayor of Kyiv Vitali Klitschko says he expects the capital to face the same constant bombardment as Mariupol and Kharkiv – both cities have been encircled by Russian forces.
More here: https://t.co/7ZmzEx3Ku8
? Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/mhDR0URglE
— Sky News (@SkyNews) March 18, 2022
Потсетуваме дека денеска е 23-ти ден од руската инвазија на Украина. Повеќе од 700 цивили, вклучително и 52 деца, се убиени во Украина од почетокот на руската инвазија пред три недели, соопштија претставници на ОН велејќи дека вистинската бројка е веројатно многу поголема.
Во Киев е гранатиран станбен кварт во областа Подил. Сѐ уште не се познати податоци за бројот на жртвите и штетите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Стриптизети ги тешат украинските војници на 20 километри од фронтот

Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, исцрпените војници се главна клиентела на клубот „Flash Dancers“, сместен во центарот на град во североисточна Украина, на само 20 километри од руските позиции, објави „The Sun“.
„За некои клиенти, клубот претставува бегство од војната“, вели 25-годишната Валерија Завацка, дипломирана правничка која го води клубот заедно со својата мајка, поранешна танчерка. „Но, многумина не доаѓаат тука само поради претставата. Тие сакаат да зборуваат за тоа што ги боли“, додава таа.
Наместо да ја гледаат претставата, војниците често седат сами на шанкот и плачат. Танчерките често ја преземаат улогата на доверливи лица, слушајќи ги трауматските искуства на војници скршени ментално и физички од војната што трае веќе повеќе од три години, без крај на повидок.
„Многу често сакаат да зборуваат за своите искуства и чувства“, вели Лиса за агенцијата АФП, во теретана каде што танчерите вежбаат кореографија на електро ремикс од операта „Кармен“ пред вечерниот настап. „Проблемот е што доаѓаат трезни, нормални, изгледаат сосема добро. Но потоа почнуваат да пијат… и тогаш излегува темнината“, додава Жења, 21-годишна танчерка.
Некои војници дури покажуваат и снимки од фронтот – повредени другари или телата на убиени руски војници. „Може да биде многу, многу тешко. Ги молам да не ми ги покажуваат, бидејќи премногу си земам при срце“, признава Лиса. Но Жења, која претходно студирала ветеринарна медицина, вели дека ги гледа снимките обидувајќи се да разбере како еден војник би можел да се спаси.
Некои се враќаат во клубот и со своите сопруги. Кога е време за настап, танчерките облекуваат црвена долна облека, носат чевли со 20-сантиметарска платформа и телото го покриваат со светки – трик кој ги одвраќа оженетите мажи да се приближат премногу, бидејќи светките лесно се лепат за кожата.
Музиката започнува. Една танчерка се врти околу столб, друга внимателно слуша муштерија, трета седи во скутот на маж. „Flash Dancers“ повеќе наликува на Мулен Руж отколку на класичен стриптиз-клуб. Жените инсистираат дека не се занимаваат со секс за пари.
Иако проституцијата – која е нелегална во Украина – не е невообичаена во близина на фронтот, повеќето војници ја почитуваат границата. Понекогаш се развиваат пријателства. Жења се сеќава на еден војник кој ѝ испратил разгледница што ја избрала неговата мајка – „прекрасна жена“ која сега ја следи на социјалните мрежи и повремено ѝ испраќа пораки. „Ги познавам нивните деца, нивните мајки“, вели таа.
Некои војници зборуваат за одмори, за животот пред војната, а некои се враќаат со сопругите. „Како семејно собирање е“, вели Нана, 21-годишна темнокоса танчерка.
Во 2022 година, за време на руски напад, една од танчерките – Људмила – била убиена заедно со нејзиниот сопруг, поранешен вработен во клубот. Таа била бремена и пред породување. За чудо, успеале да ја породат и детето преживеало.
Денес многу од редовните гости се ранети. Танчерките им носат подароци во болниците. „Огромен број мажи кои порано доаѓаа… ги нема. Само овој месец, двајца починаа. И тоа се само тие за кои знаеме“, вели Завацка. Еден од нив оставил зад себе едногодишно дете.
Колумбиски војник кој се бори за Украина, пиел шампањ на црвена клупа откако платил речиси 10 долари за влез во клубот. „Доаѓањето тука ни ги разбиструва мислите. Малку нè забавува. Ни ги трга мислите од војната“, рекол 37-годишниот поранешен полицаец, познат по прекарот Пума.
Клубот се затвора во 22 часот, еден час пред полицискиот час. Но, предупредувањата за воздушен напад понекогаш ги приморуваат танчерките да останат подолго – додека не биде безбедно да се вратат дома. Во Харков, сепак, тоа никогаш не трае долго. Танчерките, како и сите други, често се будат од руски ракети и беспилотни летала.
Дури и по непроспиена ноќ, тие се враќаат – решени да настапат.
„Претставата мора да продолжи. Мораме да се смееме“, заклучува Валерија Завацка.
Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Свет
Со нож избодени најмалку 11 лица во Мичиген

Најмалку 11 лица беа избодени синоќа со нож во Волмарт во Траверс Сити, Мичиген. Полицијата соопшти дека напаѓачот е приведен. Повредените се хоспитализирани. Шестмина од нив се во критична состојба, додека петмина други се во сериозна состојба.
Траверс Сити е околу 410 км северозападно од Детроит. Шерифот на Траверс Сити, Мајкл Шеј, изјави дека оружјето употребено во нападот е нож. Се води истрага за мотивите за нападот.